Анонимен фан на Бостон со писмо до Коби:
Драг Коби.
Те мразам.
Но, можеш ли да ме обвиниш за тоа? Како фан на Селтикс, одев против тебе скоро 20тина години. Уживав во твојот пораз кога моите Селтикси те победија во финалето од 2008. година. Пол Пирс заслужуваше повеќе од тебе. Ти веќе имаше три прстени во тоа време.
Но, тие три не беа доволни за тебе. Се одмазди во 2010. година освојувајќи го својот 5. прстен со огромна болка во моето срце. Се надевам дека сеуште знаеш колку бевте среќни што Кендрик Перкинс го пропушти 7. натпревар.
Го прочитав твоето писмо во “Players' Tribunе“ денес и бев шокиран. Не затоа што објави дека ке се пензионираш - веќе го знаевме тоа. Бев шокиран затоа што твоето писмо ме направи да се чувствувам така.
Во мојата глава, секогаш ве групирав тебе и Дерек Јетер заедно. Вие сте играчите кои ние како фанови на Бостон ги мразиме, но имаме и огромна почит. Ти ја играше играта на вистинскиот начин, со посветеност, гордост и професионализам.
Ти беше вистински студент кој ја следеше големината на кошарката работејќи понапорно од било кој друг. Ти стана генерациска икона на НБА лигата. Ти го надмина секој предизвик. Ти го даде она што најмногу го имаше за оваа игра. Ти знаеше како да победиш. Ти го почитуваше овој спорт, овој занает и твоето ривалство со Бостон. 30. декември е датумот на кој ти последен пат ќе играш во Бостон. Ова исто така ќе биде последна можност за фановите на Селтикс да го бодрат својот тим до победа против можеби најдобриот играч во историјата на ривалството помеѓу Селтикс и Лејкерс.
Како што заминуваш ти, така заминува и ривалството кое доминираше во НБА. Можеби некој ден ќе се обнови. А можеби и не.
Па, кога ќе дојдеш во Гарденот следниот месец, се надевам дека ќе поминеш низ вистински пeкол. Се надевам дека фановите ќе те исвиркуваат уште полошо отколку за време на финалињата. Се надевам дека ќе ги промашиш сите слободни фрлања. Се надевам дека никогаш нема да заборавиш како е да си опкружен со 17.000 фанови кои животот го даваат за Селтикси.
Се надевам дека ќе ги победиме Лејкерси повторно. А кога ќе бидеш седнат на клупа на средина од четвртата четвртина кога Селтикси ќе водат 20 разлика, мислам дека нешто навистина убаво ќе се случи.
Сите присутни во салата ќе запрат со свиркaње. Ќе станат и ќе ја покажат својата почит и тоа ќе биде најгласната и најпосветената овација на која ќе бидеш ти сведок. Ќе го извикуваме твоето име. Ќе кажеме збогум. Па, пред да заминеш, сакам да ти кажам БЛАГОДАРАМ за тоа што беше повеќе од одличен играч. За цела генерација на НБА фановите: ТИ СИ КОШАРКАТА.
Не ми се верува дека го кажувам ова... Но навистина ќе ми недостасуваш. Љубов (и омраза) до тебе засекогаш.“