Фан клуб: Лос Анџелес Лејкерс!

Член од
30 октомври 2010
Мислења
919
Поени од реакции
907
Екипава е ревијално шоу кое ќе го пензионира Коби уште 65 утакмици и сите ќе бидат копија на оваа.
Франшизата му се оддолжи со една сезона поклонета само нему, без апсолутно никаква друга полза од неа. (ќе видиме дали ќе иаме среќа на драфтот)

Жал ми е да го глеам Коби волку немоќен и во ваква ситуација (јебали нас баскетбол ризнс), така да поздрав до последните неколку утакмица од сезонава на Коби.

 
Член од
10 мај 2009
Мислења
1.879
Поени од реакции
1.970
Анонимен фан на Бостон со писмо до Коби:

Драг Коби.
Те мразам.
Но, можеш ли да ме обвиниш за тоа? Како фан на Селтикс, одев против тебе скоро 20тина години. Уживав во твојот пораз кога моите Селтикси те победија во финалето од 2008. година. Пол Пирс заслужуваше повеќе од тебе. Ти веќе имаше три прстени во тоа време.
Но, тие три не беа доволни за тебе. Се одмазди во 2010. година освојувајќи го својот 5. прстен со огромна болка во моето срце. Се надевам дека сеуште знаеш колку бевте среќни што Кендрик Перкинс го пропушти 7. натпревар.

Го прочитав твоето писмо во “Players' Tribunе“ денес и бев шокиран. Не затоа што објави дека ке се пензионираш - веќе го знаевме тоа. Бев шокиран затоа што твоето писмо ме направи да се чувствувам така.
Во мојата глава, секогаш ве групирав тебе и Дерек Јетер заедно. Вие сте играчите кои ние како фанови на Бостон ги мразиме, но имаме и огромна почит. Ти ја играше играта на вистинскиот начин, со посветеност, гордост и професионализам.

Ти беше вистински студент кој ја следеше големината на кошарката работејќи понапорно од било кој друг. Ти стана генерациска икона на НБА лигата. Ти го надмина секој предизвик. Ти го даде она што најмногу го имаше за оваа игра. Ти знаеше како да победиш. Ти го почитуваше овој спорт, овој занает и твоето ривалство со Бостон. 30. декември е датумот на кој ти последен пат ќе играш во Бостон. Ова исто така ќе биде последна можност за фановите на Селтикс да го бодрат својот тим до победа против можеби најдобриот играч во историјата на ривалството помеѓу Селтикс и Лејкерс.

Како што заминуваш ти, така заминува и ривалството кое доминираше во НБА. Можеби некој ден ќе се обнови. А можеби и не.
Па, кога ќе дојдеш во Гарденот следниот месец, се надевам дека ќе поминеш низ вистински пeкол. Се надевам дека фановите ќе те исвиркуваат уште полошо отколку за време на финалињата. Се надевам дека ќе ги промашиш сите слободни фрлања. Се надевам дека никогаш нема да заборавиш како е да си опкружен со 17.000 фанови кои животот го даваат за Селтикси.

Се надевам дека ќе ги победиме Лејкерси повторно. А кога ќе бидеш седнат на клупа на средина од четвртата четвртина кога Селтикси ќе водат 20 разлика, мислам дека нешто навистина убаво ќе се случи.
Сите присутни во салата ќе запрат со свиркaње. Ќе станат и ќе ја покажат својата почит и тоа ќе биде најгласната и најпосветената овација на која ќе бидеш ти сведок. Ќе го извикуваме твоето име. Ќе кажеме збогум. Па, пред да заминеш, сакам да ти кажам БЛАГОДАРАМ за тоа што беше повеќе од одличен играч. За цела генерација на НБА фановите: ТИ СИ КОШАРКАТА.

Не ми се верува дека го кажувам ова... Но навистина ќе ми недостасуваш. Љубов (и омраза) до тебе засекогаш.“
 

Nino Manchester

Oŋce α RED, αlwαys α RED
Член од
4 јуни 2009
Мислења
14.530
Поени од реакции
17.887
А тек коа ќе го гризнеше дресот,мајки ебаваше.
 

Vanlok

deus ex machina
Член од
30 мај 2009
Мислења
22.347
Поени од реакции
29.818
Намерно не пишував ништо до сега. Се надевав дека ќе ми се смири немирот, ама попусто. Сеуште не ми е јасно зошто да не остане во некоја епизодна улога, како Реџи Милер во последните пар години, или како Пол Пирс и Реј Ален сега? Зошто мора да игра по 35-40мин по утакмица, и да шутира по 20+ пати?

Што ќе му фали ако игра во втора постава, по 15тина до 20минути по натревар? Вторите постави на другите тимови ќе ги растура... :cautious:
Најпосле, сметам дека тоа му го должи на клубот. Да поигра уште пар сезони во епизодна улога, и за мали пари да им помогне на Лејкерси.
 
Член од
23 август 2010
Мислења
38.170
Поени од реакции
107.681
Намерно не пишував ништо до сега. Се надевав дека ќе ми се смири немирот, ама попусто. Сеуште не ми е јасно зошто да не остане во некоја епизодна улога, како Реџи Милер во последните пар години, или како Пол Пирс и Реј Ален сега? Зошто мора да игра по 35-40мин по утакмица, и да шутира по 20+ пати?

Што ќе му фали ако игра во втора постава, по 15тина до 20минути по натревар? Вторите постави на другите тимови ќе ги растура... :cautious:
Најпосле, сметам дека тоа му го должи на клубот. Да поигра уште пар сезони во епизодна улога, и за мали пари да им помогне на Лејкерси.
Ego :)
 
Член од
16 јануари 2009
Мислења
2.731
Поени од реакции
1.063
Му ја намалима минутажата во последниве утакмици, и многу поефикасен е. Очигледно е дека работата на Скот сезонава ќе му биде да го обезбеди пикот, фала му што се потруди последниве неколку утакмици да се малце полесни за гледање. Расел мислам ќе биде одличен играч во иднина, ако продолжи со ова темпо. Рендл ако сака да стане сериозна 4ка МОРА да подобри шут од дистанца и шут со десна рака. Буквално секој напад на кош му е ролинг и завршување со лева рака. Се мачи кога има некој повисок од него што треба да го чува. Мислам ќе ги среди недостатоците, не делува на некој кој не сака да напредува. Лери Ненс исто може да стане солиден играч, многу се труди, моментално игра претерано претпазливо во напад, некогаш пропушта чисти шутеви барајќи некој од подобрите шутери од него. Ако стане сигурен во својот шут може сосема солиден играч да стане, атлета е, скока како луд и ептен се труди во одбрана. Криво ми е што Браун ич не добива шанса, кога го гледав пред драфтот ми изгледаше на солиден проект за 3&D играч.
П.С. Апшо многу слабо игра во Д-лига, мислам не е ни стартер. Засега не се развива во посакувана насока.
 

DoYouEvenPitchBro

How you doin'?
Член од
10 август 2015
Мислења
444
Поени од реакции
273
Имаме добра основа во Расел,Кларксон и Рендл ако го потпишиме Дурант летово и еден центар и тоа како ќе бидеме озбилна екипа во годините што престојат,плус олеснителна работа ќе е ако успееме да го задржиме пикот така ќе може полесно да направиме некој добар трејд бидејќи мислам премногу ќе е уште млад играч во екипата кој ќе треба допрва да се развива не е тоа типично за Лејкерс
 

stormspeaker

Бекрија
Член од
4 октомври 2008
Мислења
1.858
Поени од реакции
1.343
Имаме добра основа во Расел,Кларксон и Рендл ако го потпишиме Дурант летово и еден центар и тоа како ќе бидеме озбилна екипа во годините што престојат,плус олеснителна работа ќе е ако успееме да го задржиме пикот така ќе може полесно да направиме некој добар трејд бидејќи мислам премногу ќе е уште млад играч во екипата кој ќе треба допрва да се развива не е тоа типично за Лејкерс
Двајт :icon_lol:

Шала на страна, мене лично Дурант ми е на прво место у посакувани играчи, ама некако неверојатно ми делува да успеат да го привлечат у ЛА, мислам дека ќе сака да оди у тим каде што уште првата година ќе биде во игра за прстен, плус неговата приврзаност за Вашингтон ја прави таа дестинација поверојатна за него.
 

Vanlok

deus ex machina
Член од
30 мај 2009
Мислења
22.347
Поени од реакции
29.818
Ухууу... Какво повлекување бе, зошто кога има уште сила за играње??
Се што треба е да се соочи со епизодна улога, и ако не иде шутот паметно да игра. Како ова на пример:

:) :D :vozbud:[DOUBLEPOST=1450523055][/DOUBLEPOST]Во меѓувреме:

Kobe Bryant and Kevin Durant enjoy a nice dinner together
By Harrison Faigen @hmfaigen on Dec 18, 2015, 8:36p 13


#KDtoLA confirmed?


http://www.silverscreenandroll.com/2015/12/18/10625460/la-lakers-kevin-durant-free-agent-2016-kobe-bryant
 

DoYouEvenPitchBro

How you doin'?
Член од
10 август 2015
Мислења
444
Поени од реакции
273
Што му е филмов на Скотон што драстично им ги намали минутажите на Расел и Рендл а баш почнаа да играат и да имаат добри бројки:cautious:
 

Nino Manchester

Oŋce α RED, αlwαys α RED
Член од
4 јуни 2009
Мислења
14.530
Поени од реакции
17.887
Може од сите да губиме,али бостон си ги шамараме ко на времето:pos:.Бонус далас и Клиперс,тоа се тие тимој што увек треба да бидат газени до даска.
 

Vanlok

deus ex machina
Член од
30 мај 2009
Мислења
22.347
Поени од реакции
29.818
https://vine.co/v/ibjVKWO6vzJ
:D

Шала на страна, који им је пенис - 3 победи по ред!
Гледам јас дека Филаделфија ќе ни го лапне пикот ова лето... :cautious:
 

Vanlok

deus ex machina
Член од
30 мај 2009
Мислења
22.347
Поени од реакции
29.818

Kajgana Shop

На врв Bottom