Најпродаван дресот на Брајант
Коби Брајант ја предводи листата на НБА кошаркари со најмногу продадени дресови во Европа, објавија од НБА. Податоците се однесуваат на натпреварувачкиот период од минатата сезона 2008/2009 и на дресови продадени во овластените спортски продавници. Бројките не се познати.
На првите четири месеци останаа истите кошаркари како и во претходната година. Брајант го следат Кевин Гарнет, , По Гасол и Леброн Џејмс. Двејн Вејд од осмо се проби на петтото место.
Меѓу 15-мината најпопуларни, осум дресови се од европските кошаркари.
Топ 15 НБА играчи со најмногу продадени дресови во Европа:
1. Коби Брајант, ЛА Лејкерс
2. Кевин Гарнет, Бостон Селтикс
3 По Гасол, ЛА Лејкерс
4. Леброн Џејмс, Кливленд Кавалирс
5. Двејн Вејд, Мајами Хит
6. Тони Паркер, Сан Антонио Спарс
7. Двајт Хауард, Орландо Меџик
8. Андреа Барњани, Торонто Рапторс
9. Хозе калдерон, Торонто Рапторс
10. Пол Пирс, Бостон Селтикс
11. Дирк Новицки, Далас Маверикс
12. Руди Фернандез, Портланд Трејлблејзерс
13. Марко Белинели, Голден Стејт Вариорс
14. Јоаким Ноа, Чикаго Булс
15. Гилберт Аренас, Вашингтон Визардс
Келати го засилува ЛА Лејкерс
Новото засилување на актуелниот НБА шампион, ЛА Лејкерс е 196 сантиметри високиот бек шутер од Еритреја, Томас Келати.
Вчера беше потврден трансферот на 27-годишниот кошаркар, кој никогаш не заврши на НБА драфтот. Келати порано играше за универзитетот Вашингтон, но потоа почна да гради европска кариера.
Во текот на 2005 година дојде во белгискиот тим Дексија, а потоа две сезони го носеше дресот на полски Туров. Добрите игри го одведоа во посилни клубови, а минатата сезона одигра одлично во дресот на Уникаха Малага, каде имаше просек од 12 поени и два скока на натпревар.