Брајант засекогаш останува во Лејкерс Најдобриот играч на Лејкерс Коби Брајант, кој со тимот од Лос Анџелес освои четири шампионски НБА прстени, изјави дека сака кариерата да ја заврши во својот актуелен клуб.
„
Ќе настапувам за Лејкерси до крајот на својата кариера. Неможам ни да замислам да играм за некој друг клуб.“ - изјави 30-годишниот Брајант, кој со клубот се наоѓа на турнеја по шест азиски градови.
Тој ја отфрли можноста по играчката кариера да го преземе водењето на клубот: „
Сигурно нема да бидам менаџер.“ - истакна Брајант, кој во неодамна завршената сезона го доведе Лејкерс до титулата.
Брајант, кој е прогласен за најкорисен играч во финалето на НБА, идната сезона ќе заработува 23 милиони долари. Тоа ќе биде неговата 14-та сезона во најсилната лига на светот, во која играше само за Лејкерси.