Фан клуб: ЖРК Вардар

Cannon

Doctor
Член од
22 март 2009
Мислења
5.101
Поени од реакции
5.841
Ма ако сакаат и од Марс нека купат играчи додека играат под македонско знаме и за македонски клуб тие се мој клуб!

У Будучност од Црна Гора да не се да им ебам мамето ќораво ме оболеа начисто. Кометал со македонки да не беше? Те молам...


Незнам дали ние сме криви или ова печуркиве малерозни од будучност, али сум на мислење дека ова е проколнат клуб за нас. Неможе никогаш да не ги победиме, неможе!!![DOUBLEPOST=1431188297][/DOUBLEPOST]
Шо ти бе тебе шо Индира ти е крива? Теткава нели диригираше шо Индира?
не се прави шампионски тим за месец два (колку што е он тука)
и се даде шанса на Индира (и тоа повеќе заради името и минатиот труд) и тоа повеќе годишна шанса.
Време е некој со искуство на тренерска позиција да седне и да го направи последниот исчекор кон шампионски триумф.
 

leandra

Модератор
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.641
Поени од реакции
38.562
Демек со ладна глава да пишам нешто, али уште сум под емоции + моменталната ситуација = само ќе пцујам.
Од она што сакам да пофалам е тоталната блокираност на Цвијиќ од Ања. Се разбира додека на 10 мин пред крај не доби наредба да батали да се чуваат за денес за 3 место кое е прашање дали ќе го добиеме. Ања честитки за играта. И другите имаа жар али прегореа во желбата, кој од неискуство кој од глупоќа -Портјанко. Жал ми е што не и тргна на бабата на гол. Уште повеќе ми е жал што не ја извадоа на 15та минута од натпреварот. Али ете купивме плус еден стратег за да се мериме со најсилната одбрана досега пласирана во женски ракомет. Тотално умртвување на нерви, затворени приоди, подвижност, пресек на акција. Врвна одбрана од страна на Будучност.
Кој сака нека си оди и нека дојде во тимот. Само Будучност да ги победиме.
 

Tomasino

За својот народ и за тебе, морав јас да робувам.
Член од
19 март 2009
Мислења
9.248
Поени од реакции
19.478
Реално за класа се појјаки од вас...
Таа е моменталната состојба...
Сепак екипа со Неагу,Кача Булатовиќ,луда голманка како Волтеринг+Цвијиќ,Мехмедовиќ,Радмила Петровиќ,Кнежевиќ и цела сурија тепачи во тимот не е мала работа...
Реално Будучност според тимот и одбраната која ја играат можеби е и пред Ларвик и очекувам денес да тепаат...
А вас ви останува да си ја скоцкате подобро екипата,овај ростер шо го имате не е доволен...
Посебно не без салам десен бек,а и некој класа пикер ви фали,и ротација на бековска линија...
 
Член од
4 октомври 2014
Мислења
265
Поени од реакции
152
Се што кажувава на почетокот на сезоната исплива на површина прво не можи секоја година да „Бркаш“ по шест играчи и по толку да носиш и да се надеваш дека само преку мак лига ќе ги воиграш за дуели против екипа како Будуќност и бев рстргант по формув не е така.
2. Кога зборував за неконстантноста на одредени играчи дека 10 до 15 мин од натпреварот се на наиво а остантиот дел ги нема никаде пак ме растргнавте по форумов не е така а сега на натпреварот се виде дека е така.
3. Голманите беа единствените играчи кои цела сезона беа на ниво и покрај чорба одбраната што ја имавме цела сезона ако небеа тие немаше ни довде да стигниме.
4. Од овај тим кажав и пак ќе кажам дека единстев успех понатаму е титула во ЛШ се друго е пропадната сезона што ќе правиме ќе се задовоуваме секоја година со 3 - место.
5. Се плукаше по индира се крстеше во питлик па таа иста индира стигна лани до Ф4 и по бројни перипетии загуби само 2 разлика а сега 10, работата не дали индира и питлик туку лани составот беше далеку поизбалансиран од годинешниов.
Заклучок:
Треба тимот да се остави 1-2 или три години да игра во ист состав максимално со едно прекусила 2 засилувања за да се има континуитет, повеќе силни натпревари во текот на сезона а не само мак лига, и сигурен сум за следна сезона дека пак ќе дојдат 3- 4 нови ракометарки сигурно и пак ќе ги слушаме разговорите од типот треба да се воиграме ќе напредуваме во тек на сезона итн а бре луѓе сакаме титула во ЛШ се гази од почеток до крај тоа го прават Будуќност,Ларвик и Ѓер газат од старт на сеона па до крај и после кога ќе не победат кукаме и плачиме, работат систематки ние не.
И за крај со среќа во натпреварот за трето место и наредната сезона со памет во глава и памет на терен до титула во ЛШ.
 
Член од
23 август 2010
Мислења
38.419
Поени од реакции
109.181
Никако у финале да стасаме. Господе што ти згрешивме бе?
Како да стасаме кога немаме тим за тоа? Будуќност е 3 класи над Вардар во моментов. Од првата минута се виде дека Вардар нема што да бара во дуелот. Не можевме до позиција да шут да дојдеме, а камоли гол да дадеме. Не прегазија во секоја смисла, дури мислам и дека 10 разлика е малце за она што се дешаваше на теренот.
 

leandra

Модератор
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.641
Поени од реакции
38.562
Како да стасаме кога немаме тим за тоа? Будуќност е 3 класи над Вардар во моментов. Од првата минута се виде дека Вардар нема што да бара во дуелот. Не можевме до позиција да шут да дојдеме, а камоли гол да дадеме. Не прегазија во секоја смисла, дури мислам и дека 10 разлика е малце за она што се дешаваше на теренот.
Си лечам комплекси ич не ми објаснувај знам видов свесна сум кој е Будучност и кај сме ние.
 
Член од
19 август 2010
Мислења
3.656
Поени од реакции
8.472
Да бидеме реални, со овој кадар Вардар нема капацитет да брка европска титула. Цела сезона сме сведоци на една просечна, топло-ладно игра и само благодарение на слабиот квалитет на женскава ЛШ, и тоа што ни се падна катастрофален Ѓер со практично втора постава се пласиравме на фајнл-фор. Се лажеме дека имаме ѕвезди во тимот, ја праиме Лекиќ женски Карабатиќ а реалноста е дека е катастрофална цела сезона. За Барбара Лазовиќ воопшто не треба да трошам зборови (исто како да немаме десен бек), реално онаа Дмитровиќ вршеше поголема работа. Остануваме само на Пенезиќ на лев бек која е класа, меѓутоа кога сама треба да се бориш за позиција а твоите соиграчки не одработуваат за тебе тоагаш потешко оди. Алтхаус може да се пофали само во дефанзива, во офанзива одигра ок само на последните 2-3 натпревари. Дембеле беше ок низ цела сезона, Радичевик просек, и кога ќе собереме се на кантар, треба да се направи еден голем рез во екипава. Треба да остане голманското дуо,Суслина-Лејно, Пенезиќ, Дембеле и евентуално Ихнева како млада ракометарка која има потенцијал. Останатово по мое мислење треба да се ногира од Вардар и да се склопи екипа која буквално ќе има капацитет да стигне до финале, а пред се да функционира како екипа што е најважно. Се сомневам дека Самс ќе мења премногу со оглед на тоа колку е точак и други му водат политика. Останува да видиме како ќе се одвиваат работите, доколку остане вака само ќе се залажуваме дека сме врвот во ракометот.
 

Ilumious

Патник, педер, поет, администратор, масон
Член од
29 јануари 2007
Мислења
84.962
Поени од реакции
195.495
Се што кажувава на почетокот на сезоната исплива на површина прво не можи секоја година да „Бркаш“ по шест играчи и по толку да носиш и да се надеваш дека само преку мак лига ќе ги воиграш за дуели против екипа како Будуќност и бев рстргант по формув не е така.
.
Сем Рокица лани, жити мене која требаше да остане? Три се пензионираа, другите 3 беа дрво. Еве и годинава Бегоња и Портјанко пензија, што да им прават, да им ги вратат годините наназад со штрафцигер? Не заебавај.
 

leandra

Модератор
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.641
Поени од реакции
38.562
Ви отвара на лаола или само кај мене заебава?[DOUBLEPOST=1431261775][/DOUBLEPOST]Оскаров сега го стружам после ќе ви го доделам.
 
Последно уредено:
Член од
19 март 2011
Мислења
18.984
Поени од реакции
40.195
Реално, квалитетот со кој располага Вардар беше за да се стигне до фајнал фоур. Да имавме среќа во жребот и да ни паднеше Динамо, веројатно ќе играа и финале, но повторно таму ќе изгубеа, од Ларвик или Будучност, седно.

Доста работи фалат во тимот за еврпоска титула. Прво, Лекич, која треба да биде носител на играта во тимот. Добра е Лекич, ама е преценета ракометарка која е склона кон киксеви и големи осцилации. За неа мора да има алтернатива на среден бек. Убаво ќе беше таа данкињата да дојде, но ништо од тоа. Второ, најголемиот проблем, десен бек. Лазович одигра два добри натпревари цела сезона, Кликовац не е за игра во напад. Трето, Радичевич живее на стара слава. И за неа мора да има квалитетна алтернатива. КЛАСА играчи во тимот, кој држат ниво цела сезона се голманките, Дембеле и Пенезич. Алтхаус е многу корисна во одбраната, но во нападот знае комплетно да потфрли.

Вчера повторно изгуби Вардар поради Цвијич. Иако комплетно ја стопираа дебелата, таквата одбрана им дозволи на бековите на Будучност да шутираат кога сакаат и од каде сакаат.
 
Последно уредено:
Џ

Џонтра Волта

Гостин
Дај бе нека не играат со десно крило, нека го извадат надвор и нека убацат дупли пикер шо кур, и така неаме ќар од овие двеве мртвила, Јованка у гз да ти го набијам.
 
Член од
14 март 2010
Мислења
16.838
Поени од реакции
15.988
Лекиќ, голманите и цела одбрана ги оставиле во Скопје изгледа.
 

leandra

Модератор
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.641
Поени од реакции
38.562
Игра на мускули, цел терористички тим во прв состав ни е ставен. Лошо за очи, но играме за бронза. Динамо исти како нас.
 

C R E S

Chelsea Fan!
Член од
30 јуни 2006
Мислења
3.515
Поени од реакции
1.266
Вчера какви грешки мајко мило :tapp: 5 пати ја испуштија топката од раце на додавање,и ти сакаш финале да играш ма дај молимте..Успех е и до тука што стигнаа.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom