Ajde
@Xsago nesto refresh napravi
Еве веднаш
После катастрофалниот старт 0-17, играта значително е подобрена и тоа резултира со респекатбилни 11-22 оттогаш наваму. Тоа е резултат од уигрување на дел од играчите но и замена на некои кои беа бескорисни и не се покажаа во почетокот на сезоната со кадарни играчи (особено Ковингтон). Плус не смее да се заборави дека се една од најборбените екипи во лигата, стварно гинат на теренот дечките.
Одбраната во глобала е добра. Отприлика се движи меѓу 10то и 12то во лигата, што за толку млада екипа е одличен резултат. Нападот е катастрофа (историски лош), пред се заради огромниот број на изгубени топки и само 2 играчи кои се колку толку доверливи шутери за 3ка. Ама во последно време има натпревари кога им тргнува шутот и тогаш се многу опасни и можат да победат и изненадат многу појаки екипи бидејќи одбраната стандардно ги одржува во живот. Во секој случај се забавни за гледање, далеку позабавни во однос на минатите 2 сезони, особено со оглед дека ова е можеби најатлетската екипа во цела лига.
Еве во кратки црти за поважните играчи:
MCW - Игра послабо оваа година од минатата. Повремено се труди премногу сам да ја носи екипата наместо да игра во склоп на системот. Кога повеќе подава и им верува на соиграчите е подобар.
Tony Wroten - Подобрен во однос на минатата сезона во секој аспект, но сеуште не е ѕвезда. За жал од пред неколку дена е аут до крајот на сезоната заради парцијално скината предни вксрстени лигаменти.
Nerlens Noel - Типична руки up and down сезона. На моменти блеска во одбрана тотално неутрализирајќи ги целите напади на противникот, но во други моменти не може да фати ни едноставни додавања и топката му бега од раце. Генерално по многу наликува на Anthony Davis во одбрана (блокади и украдени топки на сите страни), ама во напад е целосно неспоредлив и има навистина големи проблеми (дел затоа што засега има тежина на бек а не на центар, дел затоа што има големи проблеми со фаќање на топките - знам звучи смешно). Интересно е дека е доста солиден додавач за висок играч. Потенцијалот е очигледен, ама ќе видиме како ќе се развива. Во напад не би очекувал многу, доволно е да не е негативен за екипата, ама во одбрана има потенцијал да биде најдобар дефанзивец во лигата за неколку години.
Hollis Thompson - Шутот му е послаб од минатата сезона и сеуште се пронаоѓа себеси. Има потенцијал за ротациски шутер.
Robert Covington - Можеби најголемото откровение во лигата после Hassan Whiteside. Уште сега е еден од подобрите шутери во лигата и има одличен процент на реализација за 3 иако шутира многу и го чуваат како да е Корвер со оглед дека Филаделфија нема ниту еден друг опасен шутер во цела екипа. А не е неупотреблив ни во другите аспекти од играта (дури и во одбрана, каде што требаше да е слаб, не е до толку лош). Одличен потег на Хинки, пронајде ваков играч сред сезона од Д-лигата и го потпиша на 4 години за минималец. Пола од кандидати за титула имаат потреба од баш ваков играч, а им стоеше на располагање со месеци а тие го игнорираа и наместо тоа бркаа старци...
KJ McDaniels - Одличен пик во втората рунда од драфтот. Фантастичен блокер што е неверојатно со оглед дека се работи за бек. Атлет од рангот на Wiggins. Шутот за 3 треба уште да го подобрува, ама има основа не е дека не може да погоди тројка. Добар дефанзивец. Генерално солидни шанси да биде добар т.н. 3&Д играч во иднина.
Jerami Grant - Исто така одличен пик од втората рунда. Доста интересен играч кој се подобрува со секој одигран натпревар. Повторно одличен атлет и блокер. Отприлика според стилот на игра е некаде меѓу Thaddeus Young и Kawhi Leonard. Ќе биде доста интересн да се види на каде ќе му се движи кариерата. Го пропушти почетокот на сезоната заради повреда, и потоа постепено добиваше минутажа заради што не е многу извикан моментално ама никако не е за потценување.
Luc Richard Mbah a Moute - ветеранот во екипата. Специјалист дефанзивец кој е од немајкаде и меѓу поважните офанзивни играчи заради одредената стабилност која ја носи на екипата.
Henry Sims,
Furkan Aldemir - употребливи ротациски центри, ама ништо посебно.
П.С. Игнорирајте ги сите потсмевачки коментари. Премногу е млада екипата и се прават еден куп грешки од неискуство, ама далеку е од она што е претставено во медиумите. Далеку се подобри отколку што многумина мислат само затоа што не им ги знаат играчите.