Фан Клуб: Philadelphia 76ers

Член од
7 јуни 2011
Мислења
4.187
Поени од реакции
3.164
Vecerva so Houston igrame ,vo ubava serija se oni pa daj boze da gi dopreme nekako :)
 
Член од
5 април 2013
Мислења
3.311
Поени од реакции
6.533
Vecerva so Houston igrame ,vo ubava serija se oni pa daj boze da gi dopreme nekako :)
Има шанси да не им играат Howard и Beverly. Ако е така може да биде интересен натпреварот :) Хјустон некои 5 години нема победено во Филаделфија иако секогаш бил фаворит... Лани Џејмс Андерсон 40 им збрца :)
 
Член од
5 април 2013
Мислења
3.311
Поени од реакции
6.533
http://www.rojadirecta.me/goto/azulyblanco.co/stream3.html
еве ви линкче , се надевам на добра игра на младиов тим на Фила :D[DOUBLEPOST=1415060012][/DOUBLEPOST]Иначе игра Хауард :D
4ти пораз. Слично како и на минатите натпревари се држеа солидно 3 четвртини и во последните 5-10 минути паднаа.

Рукиата Ноел и МкДаниелс имаа одлични настапи.
 
Член од
5 април 2013
Мислења
3.311
Поени од реакции
6.533
Ajde @Xsago nesto refresh napravi :D
Еве веднаш :)

После катастрофалниот старт 0-17, играта значително е подобрена и тоа резултира со респекатбилни 11-22 оттогаш наваму. Тоа е резултат од уигрување на дел од играчите но и замена на некои кои беа бескорисни и не се покажаа во почетокот на сезоната со кадарни играчи (особено Ковингтон). Плус не смее да се заборави дека се една од најборбените екипи во лигата, стварно гинат на теренот дечките.

Одбраната во глобала е добра. Отприлика се движи меѓу 10то и 12то во лигата, што за толку млада екипа е одличен резултат. Нападот е катастрофа (историски лош), пред се заради огромниот број на изгубени топки и само 2 играчи кои се колку толку доверливи шутери за 3ка. Ама во последно време има натпревари кога им тргнува шутот и тогаш се многу опасни и можат да победат и изненадат многу појаки екипи бидејќи одбраната стандардно ги одржува во живот. Во секој случај се забавни за гледање, далеку позабавни во однос на минатите 2 сезони, особено со оглед дека ова е можеби најатлетската екипа во цела лига.

Еве во кратки црти за поважните играчи:

MCW - Игра послабо оваа година од минатата. Повремено се труди премногу сам да ја носи екипата наместо да игра во склоп на системот. Кога повеќе подава и им верува на соиграчите е подобар.

Tony Wroten - Подобрен во однос на минатата сезона во секој аспект, но сеуште не е ѕвезда. За жал од пред неколку дена е аут до крајот на сезоната заради парцијално скината предни вксрстени лигаменти.

Nerlens Noel - Типична руки up and down сезона. На моменти блеска во одбрана тотално неутрализирајќи ги целите напади на противникот, но во други моменти не може да фати ни едноставни додавања и топката му бега од раце. Генерално по многу наликува на Anthony Davis во одбрана (блокади и украдени топки на сите страни), ама во напад е целосно неспоредлив и има навистина големи проблеми (дел затоа што засега има тежина на бек а не на центар, дел затоа што има големи проблеми со фаќање на топките - знам звучи смешно). Интересно е дека е доста солиден додавач за висок играч. Потенцијалот е очигледен, ама ќе видиме како ќе се развива. Во напад не би очекувал многу, доволно е да не е негативен за екипата, ама во одбрана има потенцијал да биде најдобар дефанзивец во лигата за неколку години.

Hollis Thompson - Шутот му е послаб од минатата сезона и сеуште се пронаоѓа себеси. Има потенцијал за ротациски шутер.

Robert Covington - Можеби најголемото откровение во лигата после Hassan Whiteside. Уште сега е еден од подобрите шутери во лигата и има одличен процент на реализација за 3 иако шутира многу и го чуваат како да е Корвер со оглед дека Филаделфија нема ниту еден друг опасен шутер во цела екипа. А не е неупотреблив ни во другите аспекти од играта (дури и во одбрана, каде што требаше да е слаб, не е до толку лош). Одличен потег на Хинки, пронајде ваков играч сред сезона од Д-лигата и го потпиша на 4 години за минималец. Пола од кандидати за титула имаат потреба од баш ваков играч, а им стоеше на располагање со месеци а тие го игнорираа и наместо тоа бркаа старци...

KJ McDaniels - Одличен пик во втората рунда од драфтот. Фантастичен блокер што е неверојатно со оглед дека се работи за бек. Атлет од рангот на Wiggins. Шутот за 3 треба уште да го подобрува, ама има основа не е дека не може да погоди тројка. Добар дефанзивец. Генерално солидни шанси да биде добар т.н. 3&Д играч во иднина.

Jerami Grant - Исто така одличен пик од втората рунда. Доста интересен играч кој се подобрува со секој одигран натпревар. Повторно одличен атлет и блокер. Отприлика според стилот на игра е некаде меѓу Thaddeus Young и Kawhi Leonard. Ќе биде доста интересн да се види на каде ќе му се движи кариерата. Го пропушти почетокот на сезоната заради повреда, и потоа постепено добиваше минутажа заради што не е многу извикан моментално ама никако не е за потценување.

Luc Richard Mbah a Moute - ветеранот во екипата. Специјалист дефанзивец кој е од немајкаде и меѓу поважните офанзивни играчи заради одредената стабилност која ја носи на екипата.

Henry Sims, Furkan Aldemir - употребливи ротациски центри, ама ништо посебно.

П.С. Игнорирајте ги сите потсмевачки коментари. Премногу е млада екипата и се прават еден куп грешки од неискуство, ама далеку е од она што е претставено во медиумите. Далеку се подобри отколку што многумина мислат само затоа што не им ги знаат играчите.
 
Последно уредено:

ADP

Член од
5 јули 2012
Мислења
3.495
Поени од реакции
2.304
Uste malku i ke pocne uste edna dolga sezona, moe prashanje e dali ke bideme poslabi od lani ? :D
 
Член од
13 октомври 2014
Мислења
1.094
Поени од реакции
367

Срдечен поздрав Фила фанови пред почетокот на сезоната, од Ендру Бајнам за време коа играше во Фила
 
Член од
5 април 2013
Мислења
3.311
Поени од реакции
6.533
Очекувањата се да бидат малку подобри од лани а во меѓувреме да го интегрираат Окафор во екипата.

Мислам дека ќе има голем напредок во нападот и одредено назадување во одбраната во однос на минатата сезона.
 
Член од
23 февруари 2015
Мислења
1.119
Поени од реакции
2.020
Kako ide povredata na embiid? Pojak e tri klasi i od okafor i od noel zaedno, steta so nema sreka
 
Член од
5 април 2013
Мислења
3.311
Поени од реакции
6.533
Kako ide povredata na embiid? Pojak e tri klasi i od okafor i od noel zaedno, steta so nema sreka
Е појак е ама засега ништо од него. Тешко веројатно дека ќе игра сезонава. Ќе бидат максимално претпазливи со него се со цел да пробаат да го направат најздрав можно на долг рок. Во меѓувреме околу 5 центиментри порасна и физички многу е појачан. Работи и на подобрување и на шутот - има капацитет да шутира и тројки.

Како и да е се ќе зависи од здравјето. Најдобро за него е веројатно да го остават на мира годинава и онака има со кого да се занимава екипата под кошевите помеѓу Ноел и Окафор.
 
Член од
13 октомври 2014
Мислења
1.094
Поени од реакции
367
Е појак е ама засега ништо од него. Тешко веројатно дека ќе игра сезонава. Ќе бидат максимално претпазливи со него се со цел да пробаат да го направат најздрав можно на долг рок. Во меѓувреме околу 5 центиментри порасна и физички многу е појачан. Работи и на подобрување и на шутот - има капацитет да шутира и тројки.

Како и да е се ќе зависи од здравјето. Најдобро за него е веројатно да го остават на мира годинава и онака има со кого да се занимава екипата под кошевите помеѓу Ноел и Окафор.
Како бе тоа преку ноќ растат 5цм не ми е јасно...да не се генетски модифицирани :vozbud::gjavol:
 

Kajgana Shop

На врв Bottom