Фан Клуб: Philadelphia 76ers

Член од
5 април 2013
Мислења
3.311
Поени од реакции
6.533
Старо е ова уште од зимата кога почнуваше да го засилува темпото на тренинзи. Ќе го видиме првпат летово во летната лига. Според најавите Филадалфија за разлика од другите екипи ќе пријави екипи и во летната лига во Лас Вегас и во летната лига во Орландо. Вообичаено тимовите ја бираат или едната или другата, ама управата на Сиксерси се чини ќе се реши за еден според мене многу паметен потег со оглед дека целата екипа е толку млада и неискусна што на скоро сите играчи ќе им треба учество во летна лига. Особено што многу веројатно е дека ќе има еден куп драфтувани играчи во тимот (имаме дури 7 пикови засега).

П.С. Инаку наводно за 3 инчи си го зо зголемил скокот после рехабилитацијата од претходно. Страшен атлет, веројатн најдобар атлет на центарската позиција во цела лига ќе биде.[DOUBLEPOST=1399209530][/DOUBLEPOST]Инаку ќе заборавев, неофицијално Мајкл Картер Вилијамс ќе биде прогласен за руки на годината. Сосема очекувано и заслужено.
 
Последно уредено:
Член од
5 април 2013
Мислења
3.311
Поени од реакции
6.533
Доаѓаат нови рукиа ама да не го заборавиме и Ноел. Добар текст за него.
 
Член од
5 април 2013
Мислења
3.311
Поени од реакции
6.533
Xsago, едно прашање.

Може ли Exum да биде стандардна 2ка во Филаделфија?
Мене ако ме прашаш, да. Мене додуша Exum ми е можеби и омилен играч на драфтот. Во секој случај ќе видиме...
 
Член од
5 април 2013
Мислења
3.311
Поени од реакции
6.533
Епа дечки помина и драфтот. Доста хаотично и лудо, некој ќе биде среќен некој не ама се на се мислам дека се е за долгорочно добро. Уште 2-3 сезони и Филаделфија ако се оди според планот, ќе може да почне дол период на длабоки плејоф настапи.

Нови играчи се:

Joel Embiid - Најголемиот талент во драфтот кој се повреди на една недела пред самиот драфт и не се знае дали и колку ќе игра идната сезона. Ќе беше пик бр.1 ако не беше повредата.
Dario Saric - Топ 10 талент. Кој следи АБА го знае. Мене искрено многу ми се допаѓа. Ама прво ќе игра некое време во Анадолу Ефес пред да оди за НБА.
KJ McDaniels - Меѓу најдобрите атлети, треба да работи на шутот, добар дефанзивец, солиден талент едно време се зборуваше за него и во топ 15 ме чуди што успеаа да го добијат на 32.
Jerami Grant - Исто така меѓу најдобрите атлети на драфтот, добар дефанзивец, нула шут засега. Исто талент за прва рунда кој го грабнаа во втората рунда.
Pierre Jackson - овој го добија преку трејд, инаку беше лански пик од втората рунда, изминатата сезона беше MVP на Д-лигата. Низок брз плеј.
Vasilije Micic - Исто го знаете од АБА. За 52 пик, подобро здравје.
Jordan McRea - Бек кој искрено не ми е познат. Најверојатно ќе го убедуваат прво да оди во Европа па за потаму ако го биди ќе го вратат во НБА.

Линковите се до страни на DraftExpress каде можите да погледнете посебни одлични скаутинг видеа за секој играч посебно - и предности и слабости.

Притоа во трејдот на 10тиот пик за 12тиот покрај Шариќ, го вратија и пикот од првата рунда во 2017та кој му го должеа на Орландо од трејдот за Бајнам и пик од втора рунда од 2015та. Фантастичен трејд за Филаделфија особено ако се земи во предвив дека Шариќ и онака беше најдобар преостанат играч и на 10 и Филаделфија ќе го земеше и таму ако не ги измамеа Орландо.

Инаку се на се лошо е што двата главни играчи е прашање дали ќе ги видиме идната сезона во тимот воопшто, а добро е што целокупно земено ги зедоа најголемите таленти што можеа па така шансата некој од сите овие млади таленти да испадни ѕвезда е голема.
 
  • Ми се допаѓа
Reactions: ADP
Член од
17 ноември 2012
Мислења
4.547
Поени од реакции
5.305
Многу ме интересира да видам како ќе функционираат Ембид и Ноел во иста петорка. Од една страна и двајцата(посебно Ноел) се страшни атлети и многу подвижни за нивната позиција, па ќе им одговара брзата игра што ја практикува Браун.

А од друга страна, МКВ, Јанг, Ноел, Ембид, се се ова лоши шутери, па незнам и тоа колку ќе функционира.

Во секој случај, интересно лето претстои, пред се за да се видат младите играчи. Веќе кога го ебаа цел тим, добро е што барем почнуваат од почеток.
 
Член од
5 април 2013
Мислења
3.311
Поени од реакции
6.533
Многу ме интересира да видам како ќе функционираат Ембид и Ноел во иста петорка. Од една страна и двајцата(посебно Ноел) се страшни атлети и многу подвижни за нивната позиција, па ќе им одговара брзата игра што ја практикува Браун.

А од друга страна, МКВ, Јанг, Ноел, Ембид, се се ова лоши шутери, па незнам и тоа колку ќе функционира.

Во секој случај, интересно лето претстои, пред се за да се видат младите играчи. Веќе кога го ебаа цел тим, добро е што барем почнуваат од почеток.
Точно е дека се лоши шутери, ама па шутери можат и подоцна да се набават. Прво треба јадро на тимот да се создаде и ако се здрави и се е како што треба Ноел и Ембиид имаат потенцијал да бидат следните Данкан/Робинсон.

Ќе видиме долгорочен план е, ама барем имаат легитимен план како за 3-4 години да бидат легитимен кандидат за титула. Повеќе тимови веќе се заглавени и немаат таков план.
 
Член од
5 април 2013
Мислења
3.311
Поени од реакции
6.533
Како и секогаш вчера започна НБА сезоната со денот за медиумите. Од денес почнува тренинг кампот и подготовките. Филаделфија конечно го објави составот кој ќе биде на располагање за време на тренинг кампот (до последен момент се чекаше бидејќи имаше и трејд и waiver claim пред 2 дена). Максимум 20 играчи може да се има за време на тренинг кампот и таа бројка мора да се намали на 15 на денот кога почнува регуларниот дел од сезоната (така што 5 од овие ќе отпаднат).

Болдирани се оние кои се практично сигурни, со италик оние кои се многу веројатни да останат.

Составот е:

Michael Carter-Williams G
Casper Ware G
Tony Wroten G
Alexey Shved G
Jason Richardson W
Keith Bogans W
Elliot Williams W
Chris Johnson W
Hollis Thompson W
KJ McDaniels W
Jakarr Sampson F
Jerami Grant F
Luc Richard Mbah a Moute F
Nerlens Noel C
Joel Embiid C
Henry Sims C
Ronald Roberts Jr C
Jarvis Varnado C
Brandon Davies C
Arnett Moultrie C

Еден од отпуштените скоро сигурно ќе биде Keith Bogans кој пред некој ден беше доведен преку трејд со цел да се добие уште еден иден драфт пик од 2ра рунда. Тој сигурно не е во плановите на Хинки. Прашање е едино дали му одговара да го чува договорот за иден трејд ама тоа е малку веројатно.

забелешка: Очигледно не е земен за тренинг кампот Pierre Jackson (кој го добија преку трејд од драфтот). Jackson ја скина ахиловата тетива за време на летната лига, па веројатно иако имаше договор спогодбено го отпуштија за да не држи место бидејќи и онака шансите да се опорави до крајот на сезоната се мали. Нема да ме чуди на пролет или на лето пак да го потпишат. Исто така еден од играчите кои беа драфтувани во втората рунда Jordan McRae не е во составот бидејќи потпиша за Австралиски тим. Во договорот има клаузула Филаделфија во секој момент да може да го повика и да потпише договор со него. Таму е спогодбено пратен практично да се доразвива бидејќи ќе добива огромна минутажа. Голема е веорјатноста во Јануари-Февруари да дојде на местото на некој од досегашните играчи. Едноставно Хинки сака на што повеќе играчи да им даде шанса да покажат што имаат и дали вредат да се задржат. Вака на некој начин се заобиколува максимумот од 15 играчи. Целта на сезоната секако е развој на играчи. И минатата ако не грешам 25 различни играчи заиграа во текот на сезоната.

за очекување е стартната постава да биде:

Michael Carter-Williams
?
Hollis Thompson
Nerlens Noel
Henry Sims

На позиција бек шутер ништо не се знае се е можно. Едно едно 5-6 кандидати. Инаку на MCW сеуште не му е целосно одобрено враќање на терените (прави одредени тренинзи ама не му е дозволено се) така што можно е да ги пропушти првите неколку натпревари и Wroten да биде стартер место него.

легенда:
G - guard (PG/SG)
W - wing (SG/SF)
F - forward (SF/PF)
C - big man (PF/C)
 
  • Ми се допаѓа
Reactions: ADP
Член од
17 ноември 2012
Мислења
4.547
Поени од реакции
5.305
Што се дешава со J Rich? Неможат некакао да го waive-нат?

Швед некако ич не ми се вклопува во системов што го тера Браун, слаба атлета, слаб во одбрана, нема некој којзнае каков шут, премногу е спор за да игра кец...

Сезонава најмногу очекувам од Wroten. Ако му се дадат минути, а се надевам дека ќе биде така, може да експлодира и да биде еден од најнапреднатите играчи сезонава, одличен 6ти играч за од клупа. Уште малку да го поправи шутот и ќе биде скоро комплетен.
 
Член од
5 април 2013
Мислења
3.311
Поени од реакции
6.533
MCW најверојатно ќе го пропушти стартот на сезоната, така што Wroten дефинитивно ќе има голема минутажа. За Shved ќе видиме, еден од ретките во екипата кој може да креира акции е и може да биде корисен. А за J-Rich ништо не се знае. 2 години скоро ја влечи повредата изгледа ништо не бидува од него. Сигурно ќе го waive-нат, прашање е само кога, дали сега или во Февруари. Нема никакво инфо за тоа засега.

Инаку генерално ги гледав пресезонаските. Noel е стварно голем потенцијал, особено во дефанзива. И McDaniels покажува интересен потенцијал во одбрана. А и шутот со малку работа може да му биде добар. Неверојатен блокер за позицијата која ја игра (2/3), лепи банани на центри редовно. Thompson i Williams се напреднати во однос на минатата сезона. И Wroten е делумно напреднат, ама ќе видиме, не ме импресионираше засега многу грешки сеуште прави.

Генерално во одбрана, ќе има добри натпревари екипата, иако нема да бидат константни, ама во напад ќе се мачат. Особено додека не се врати MCW.
 
Член од
4 ноември 2008
Мислења
1.330
Поени од реакции
80
Кога се враќа MCW? А Шариќ ќе го земаат наредно лето и по 2?
 
Член од
5 април 2013
Мислења
3.311
Поени од реакции
6.533
Кога се враќа MCW? А Шариќ ќе го земаат наредно лето и по 2?
MCW на 6ти почнува со целносни тренинзи, а има некои шпекулации дека на 13ти со Далас веќе ќе биде и во составот за настап. Значи за десетина дена.

За Шариќ е тешко да се прогнозира. Можеби идното, можеби за 2 години, можеби за 3 ако ептен стани ѕверка во Европа во меѓувреме и се полакоми за пари. Најверојатно е за 2 години, ама нема да бидам изненаден и идното лето ако се најди некој заеднички јазик со Ефес, со оглед дека и сега не го играат онолку колку треба и вече има нездоволство и кај него и кај татко му.

Инаку сезоната почна со 3 порази. Не се воопшто изненадување, без MCW чудо е и 1 натпревар ако победат. Генерално сосема солидно се држеа 3 четвртини (2 пати и водеа на полевреме), ама доживуваа комплетен распад во 4та четвртина. Тоа е премногу млади и неискусни се ќе треба време. Ама мислам дека на прав пат е екипата.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom