Преформансот од тимот во прво беше еднаков на оној со Лечестер по кој Мурињо доби отказ.
Не може некој да ме убеди дека е сменето нешто во клубот, добивме само 3 гола кои беа со огромна доза на среќа друго ништо. Тапкаме во место.
Фановите плаќаат по 50 фунти за што? Што да гледаат, влечење по терен и безидејно пимплање на топка?
Од ваква криза не се излегува со тактика или физичка подготовка. Се излегува со желба за фудбал и игра игра со срце на терен.
Во прво полувреме, грешка до примениот 2 гол не видов желба за победа кај никој.
Настрана шпринтовите на Педро кои беа без никаков ефект.
Преодна оценка можам да му дадам само на Зума, никој друг.
Од како веќе бевме понижени, Коста доби напад на нервоза и тргна да гризе по голот.
Го нема лидерството на Тери или Иванович ниту пак ќе има кај Фабрегас, Матич, Хазард.
Фергусон освојуваше трофеи бидејќи купуваше победници и фудбалери со срце, а не примабалерини и плачковци по Реал или Барса.
Пред некој ден напишав сега ќе се повторам, за кризава не е крив Мурињо ниту пак ќе не извади Хидинг.
Криви се играчите, некои не можат веќе да го дадат максимумот, некои несакаат, на некои толку им се можностите.
На лето мора да има чистка пред се на оние кои несакаат да го дадат максимумот за овој клуб.
А ќе оставам простор за оние кои не можат тука спаѓаат Тери и Иванович, пред се вториов кој од вселената се гледа дека не е спремен за пл, дали ќе остане да си ја цица платата или ќе биде „голем“ како неговиот колега од репрезентација и ќе си побара нова средина.
Клубот направи огромна грешка, се надевам дека нема да ја повтори со новиот менаџер кој ќе биде изберен со „голема анализа“ и ќе служи долго.
RATM Одговорно тврдам дека за реномето на клубот повеќе покажа дека се грижи Кенеди со тие мизерни 60 мин што ги доби последните 2 натпревари од што половина претплатени ѕвезди во тимот за цела сезона. Поздрав.