Фан Клуб: Челзи

W

wicked_1

Гостин
Можеби. Мислам дека да.

Сеедно, константно бегаш од мојата поента. Мурињо дефинитивно има проблеми со задржување на атмосфера во клубот, задржување на добри односи со играчите. Таков пад на форма кај сите до еден (освен Вилиан) се нема видено никаде, нема ни да се види. Тоа беше намерно и само намерно неиграње.
Значи сметаш дека потребни се играчи?

Нели Мурињо беше крив и ги кочел, неможеле да си го остварат потенцијалот? Зашо не експлодира составот коа си отиде овој? Која е новата причина? Духот на Мурињо ги гњави? Ти немаш јасен аргумент у моментов, не јас..

Тие другите муабети не ми се јасни, незнам кој со кого се карал у соблекувалната, кој кого оговарал, тоа ќе го оставам на медиумите нека го пишат.
Јас само знам дека под Мурињо играа лошо, и од коа си отиде овој уште се исти., според тоа играчите се/беа проблемот, не тренерот.
 
closertb

Пластичен
Член од
23 октомври 2011
Мислења
893
Поени од реакции
1.049

Па и не баш, немаat изгубено од кога си отиде Мурињо. Факт.

Друга работа е што играчите веќе немаат никаква мотивација да играат во лига, знаат дека веќе се е изгубено, не можат ни ЛЕ да фатат. А и не ми е јасно на кој начин сакаш тимот да експлодира кога оваа сезона Мурињо остави хаос... И факт е дека Мурињо секој тим го кочи кога е во прашање течна игра, така да од дефанзивно поставен тим до вчера, без никаква игра, очекуваш денеска да експлодира? :)
 
Душевно се измачени, разбирам. :pos:
 
Член од
16 јули 2010
Мислења
2.952
Поени од реакции
1.923
Го имаш Мурињо кој ги „кочи“ играчите и освојува титули и го имаш Венгер и Пелегрини кои не ги кочат и не освојуваат трофеи.
За 10 години што се памти?

Шурле, Брујн, Мата, Салах, Гвадрадо добија шанса, ама перформансите им беа како на Оскар моментало.
Може Оскар во Јувентус ќе биде нов Де Брујн... ама Челзи не е Тотенхем или Евертон па да трпи просечни резултати за сметка на напредување на играчи.
За тоа сега трубам дека треба да им се даде поголема минутажа на Баба, Кенеди и Лофтус, бидејќи сезонава е завршена за нас.

Лукаку не доби шанса доволно, но ја секогаш би го играл Коста пред Лукаку.

За појачувањата Мурињо стави на знаење дека ги сака Стоунс и Погба.
Играчи кои 100% ќе се уклопат у тимот.
И баш тие играчи ќе ја вбризгаа свежината која ни фалеше на почеток на сезоната.
Тери, Иванович и Матич беа главните кочници.
Стоунс може да ги покрива тие две позиции а Погба да донесеше нешто ново во креативноста, затоа што играта на Челзи е прочитана.

А Еманело што му донесе просечен Педро и Џилобоџи.

Требаше да одат со алин по тие двајца, слично како сега по Гвардиола. Маствин ситуација.
 
H

HoT IcE

Гостин
OK. Гледам му се нафрливте на @closertb а не го сфаќате ни двајцата. На него пример ете не му се свиѓа стилот на фудбалот на Мурињо, негова филозофија на игра и начин на справување со работи, не значи дека е лош тренер исто како што Хазард не изигра ништо цела сезона и го прави одма лош фудбалер.
Играчите се криви, да. Се согласувам.
Се согласувам и дека е грешка што го избркаа Мурињо, ама немојте товарот на играчите или Мурињо само да го префрлате. Сите заедно со глупава Управа се криви затоа што не работеа плански, не работеа организирано и мислеа дека со трансфери како Педро Спиди Гонзалес што се дрибла самиот себе ќе го појачат тимот или вечното исчеквуање на Годо овај де Фалкао да заигра.
Не се правите слепи пред очигледни факти, еве време одминува како што гледаме немаме никаква „експлозија“ во игра и резултати, пак се мачиме што значи дека не било само до Мурињо. Ама немојте ни него да ми го правдате затоа што како пичка уште у ноември почна да се правда и да забегува после мечеви со 10 минутно излагање каде сите се против него. Самиот си е крив што немал доволно авторитет и контрола над соблеквуална, самиот е крив што имаа промашен трансфер период и што мислеше дека со истите играчи ќе постигне исти резултати, ако самиот не приметил како игравме втората полусезона ондак ми е мило што го избркаа и е апсолутно заслужено затоа што ако очекуваше самиот Мурињо исти игри и резултати од играчи што на терен изгледаа како без душа ондак е у голема дупка на луцидност изгубен, нереален е.
Да не зборам исто дека самиот реши да им даде две недели повеќе одмор на играчите затоа што освоиле ПЛ и почнаа доцна со подготовки на кои не знам што правеа освен што се шетаа ама играчите дури и кога почна ПЛ беа физички и кондиционо неспремни, така да, никакво оправдување за Мурињо.
Исто да не зборам дека тактички, формациски или било какво не бележивме никаква разлика или прогрес во игра, од декември 2014 навака играме на ист начин под Мурињо, го научија како исцепен буквар. Почнаа да ги умртвуваат Фабрегас на средина и Коста у напад и целата опасност и острина у напад ни се изгуби.

Сакам да кажам дека ве сваќам и двете страни, едните против Мурињо, другиве го бранат. Ама факт е дека не е за бранење, самиот си ја ископа дупката у која пропадна и престанете веќе со лелекање како во тој момент Челзи да престанал да постои. Покажавме погрешни одлуки, лоша политика и раководење на клуб од страна на Управа, ама и самите играчи и Мурињо не покажаа нешто со кое би останале во Челзи. Правдата за мене ќе биде задоволена кога после Мурињо, голем дел од играчиве на чело со Еменало ќе фатат Свирипичино од клубов, тогаш веќе нема да се викам Калимеро и ќе престанам да барам правда.
Засега уживајте у мизеријава од играчи и игра и да се надеваме на некое чудо, се читаме секоја викенд на редовно хејтање овде and no hard feelings. Не се карајте за Мурињо и курци палци.
 
W

wicked_1

Гостин
@HoT IcE не сум јас у никаков Мурињо-камп.

А ако после овој очаен пост-Мурињо период од настапи на клубот под друг тренер уште не согледавме кај е проблемот, џабе пишеме.
 
Член од
16 јули 2010
Мислења
2.952
Поени од реакции
1.923
Грешка на Мурињо му беше што продаваше за да може да купува и бараше бесtбај играчи како
Фабрегас, Коста, Зума, Луис.Евтина варијанта за 2 напаѓач.
Целта му беше со трансфери да биде во плус.

Неговите колеги Гал и Пелегрини платија 120 мил за два играчи, овој ќе градел династија со Ето и Фалкао.

Кеширај бе 150 мил за Погба и Стоунс и си бркај работа... Хејтери имало и ќе има.[DOUBLEPOST=1453061860][/DOUBLEPOST]За тоа сакам да дојде Гвардиола и да потроши 300 мил у 2 месеци па тогаш јас да си го вртам муабетот како на мене ми одговара.
 
H

HoT IcE

Гостин
@HoT IcE не сум јас у никаков Мурињо-камп.

А ако после овој очаен пост-Мурињо период од настапи на клубот под друг тренер уште не согледавме кај е проблемот, џабе пишеме.
Како не си?
Овој пост период само покажува дека Мурињо беше дел од фијасково, не дека е само он крив. Проблемот р што ти и други фанови го користите овој пост период за да го обелиме образот на Моу, разбирливо е ама погрешно.
 
Тоа што јас ја лоцирам вината кај играчите ме групира според тебе у некој мурињо камп?:icon_lol:

Хазард, Матич, Фабрегас, Коста и Иванович играат слабо и за репрезентациите. Кој е крив што се влечат по терен и таму?
 
Да, затоа што кога те читам добивам чувство дека не ја делиш вината како што следува, на сите. Ја те сфаќам, пошто и мене ми Мурињо беше симпа ради претходни години и што има направено за Челзи ама дека е еден од главни виновници заедно со Управа, е, и тој факт не се менува. Ја уште не знам со кој памет ја почнавме сезоната како што ја почнавме, сега се нервирам кога ќе ми текне на онаа изјава на Моу кога ги пецкаше Јунајтед и Арсенал дека ќе иде на одбрана на титула без да троши, како да ја избаксузира сезоната со курназење по новини. Колку и да ми е симпа, отказов си го заслужи и воопшто нема да ми фали, особено со трансферите се посра максимално. На Шурле и Мата искеширавме and it is totally worth it ама за КДБ и Лукаку никад нема да му простам што не им даде шанса да се докажат. За трансфериве му највеќе замерувам. Не остави да се колнеме на нигериски Зидан што вика @RATM :D Али добро затоа Педро, Реми и Фалкао кинат немаме гајле.[DOUBLEPOST=1453070322][/DOUBLEPOST]И да се надполнам комплетно..
Еве како ја делам вината:
Мурињо
Управа
Играчи
Зошто?
Мурињо имаше комплетна слобода со трансфери и планирање и менаџирање на тим, секој што верува у спротивно е морон затоа што во неколку наврати видовме дека он имаше главен збор за све и покрај неговото ламотење по новини дека ја почитува секоја одлука на клубот. Се испосра максимално.
Управа, затоа што пред се го поставија она гомното Еменално на чело. Направи каша попара со млади играчи и позајмици и нема никаков придонес фудбалски, логистички било какво у водење на клуб. Фигурира само и прави некои планови за иднина што освен Лофтус нема со никаков плод да вложи. Не се поставува човек што кур разбира од фудбал на таква битна позиција.
На крај ми се играчиве. Гомна се, факт е. Ама нив ги бира некој, некој треба да ги селектира и менаџира, да знае кој му у форма кој не, и се знае тој што не игра добро кај треба да е, на клупа. Кај нас се обратно беше и покрај лоши игри и незалагање си играа констатно и си го ладеа, секој играч би го направил истото.
 
Член од
29 јануари 2015
Мислења
7.278
Поени од реакции
20.260
Управата е таа што не остави да се колнеме во нигерискиот Зидан, а не Мурињо. Нефер е да му се залепи и тоа.
 
H

HoT IcE

Гостин
Управата е таа што не остави да се колнеме во нигерискиот Зидан, а не Мурињо. Нефер е да му се залепи и тоа.
Како не, Микел сакаше трансфер у Трабзонспор или кај и да беше да фати шукурац, Мурињо му го блокираше трансферот, исто и на Рамирес. Вредни работници на терен биле. Истиот Мурињо викаше дека ќе брани титула со истиот тим и дека Фалкао ќе се врати у стара форма. Управата е таа на која и одговара вакво теле од менаџер.
 
Член од
29 јануари 2015
Мислења
7.278
Поени од реакции
20.260
Како не, Микел сакаше трансфер у Трабзонспор или кај и да беше да фати шукурац, Мурињо му го блокираше трансферот, исто и на Рамирес. Вредни работници на терен биле. Истиот Мурињо викаше дека ќе брани титула со истиот тим и дека Фалкао ќе се врати у стара форма. Управата е таа на која и одговара вакво теле од менаџер.
Ако се донесеше на пример Погба, или некој сличен на него, Микел ќе беше во комбинација само во куповите. Па тогаш немаше ниту да го гледаме, ниту да се нервираме со него.

Да се разбереме, Мурињо е тренер, а не менаџер. Што значи дека нема целосна слобода во трансферите и останатите работи. Описот и пописот на неговото работно место налагаат тој да: одржува тренинзи, присуствува на натпревари, селектира играчи и подготвува тактики.

И како таков, летово доставил список до управата со играчи за кои сметал дека му се потребни на Челзи. Управата одговори со Џилобоџи и Хектор, наместо Стоунс и Погба.
Прашувам сега, како тоа Мурињо е виновен за фијаското во трансфер периодот?
 
Последно уредено:

Kajgana Shop

На врв Bottom