Фан Клуб: Челзи

Член од
7 септември 2014
Мислења
3.430
Поени од реакции
2.113
Рамирес се најдва од време на време, има други отпадоци шо мора да се ослободат во најбрз рок, Микел, Реми, Фалкао све то треба на клоци да се избрка.
Гледам Мурињо се криви за трансферите, Мурињо е крив за играчите кои си заминаа ( некој од нив ) ама сигурно Мурињо не ги побарал Џилобоџи, Бара Рахман и остало срање.
Екипа шо сака да брани титула во Англија, има милиони на располагање тие земват ѓубрињата од Барса ги купват, е тука Мурињо и компанија не можам да ги сфатам, се откажват од Де Брујн младо талентирано дете, го сака цела Европа а го купват некојси Педро кој му е поминат мандатот ебате и управа и се.
 
The xx

Russia state-affiliated bot. ☑️
Член од
8 април 2013
Мислења
6.024
Поени од реакции
11.220
Мурињо фино лепо имаше доставено рапорт за трансфер засилувања за летниот период уште во Мај месец.
Е сега што и како било нема да дознаеме ние, така да мислам глупаво е да му се суди на Мурињо во поглед на трансферите.
Доколку беше задоволен немаше да се брка Стоунс со астрономски цени, или да има трансфер афери со Погба за на крај завршиме со паник бај на Хектор, Џилибоџи и Педро.

Дури и изјавите како тоа дека е задоволен од тимот што го има беа од поглед на протекционизам на професоциналците што ги има во клубот.
Погрешно ќе беше да излезе со изјава дека не е задоволен од составот што го има со кои осовои лига претходно.
Прво ќе биде непрофесинално и демотивирачки за екипата, второ ќе влезеше во отворен конфликт со управата и Роман.
 
H

HoT IcE

Гостин
Ако се донесеше на пример Погба, или некој сличен на него, Микел ќе беше во комбинација само во куповите. Па тогаш немаше ниту да го гледаме, ниту да се нервираме со него.

Да се разбереме, Мурињо е тренер, а не менаџер. Што значи дека нема целосна слобода во трансферите и останатите работи. Описот и пописот на неговото работно место налагаат тој да: одржува тренинзи, присуствува на натпревари, селектира играчи и подготвува тактики.

И како таков, летово доставил список до управата со играчи за кои сметал дека му се потребни на Челзи. Управата одговори со Џилобоџи и Хектор, наместо Стоунс и Погба.
Прашувам сега, како тоа Мурињо е виновен за фијаското во трансфер периодот?
Мурињо е менаџер, Анчелоти беше тренер. Имаш колку сакаш изјави од Мурињо дека работи со Управата за засилувања, а за тоа дека го имал главниот збор за трансфери го имавме како потврда во заминувањата на Мата, КДБ и Лукаку за кој клубот се тепаше да ги потпише ама Мурињо ги сите отпиша затоа што не се негов тип на играчи.
Има милион ситуации во кои се покажало дека Мурињо е тој што ги бира играчите, заради него потпиша Фабрегас кој лично Мурињо го договорил, Педро, Ето, Фалкао и не ми текнува кој друг. Филмови дека Мурињо немал слобода при селекција на играчи за трансфери прај му на некој што не ја прател ситуацијата и Челзи последниве години откако се врати, мене не. А знаев дека ќе го користиш тој фамозен список кој он го доставил до Управата. Сериозно веруваш во такво нешто? Од менаџер кој користеше секаква прилика последните месеци да се правда како сите се против него? Од менаџер кој се заврте против свите? Ах бе брат, очигледно е колку си фан бој на Мурињо што си заборавил за какво его се работи. Си ископа он дупка сам со изјавите дека ќе ја брани титулата со исти играчи дека Челзи не е Јунајтед да фрла 150 милиони за два играчи. Сам си копаше дупки со мали јајца од играчи, коњчиња и слично. Не го прави невин кога е работен како 40 годишна вдовица.
Џилобоџи, Хектор не знам како воошто ги рачунаш за играчи, камоли трансфери, пополнеа ростер само, да ги има сите овци на број за евентуална ротација. Panic buy. Баба ми е енигма.
 
Член од
29 јануари 2015
Мислења
7.278
Поени од реакции
20.260

Секако дека Мурињо има влијание врз трансфери, но тој го нема ниту претпоследниот, ниту последниот збор. Во вториот мандат во Челзи беше само тренер и ништо повеќе.
Зошто да не верувам во фамозниот список? Мурињо после крајот на минатата сезона, во секое интервју помалку или повеќе алудираше дека на тимот му се потребни засилувања. Тоа и беше фактичката состојба. На крајот на краиштата, барем го чувме ставот на Мурињо околу трансферите. Управата не излезе со демант или пак со своја верзија. Затоа и полесно ми е да верувам во она што тој го кажува.

Мата, КДБ, Лукаку? Сериозно, сериозно играчи кои се продадени пред неколку сезони, имаат директен негативен импакт врз сегашната ситуација?
Ете и лани истите тие играчи ги немавме, па освоивме титула. Сега кога на клубот очајно му оди, веднаш ,,ама Мурињо да не ги продадеше Лукаку, КДБ и Мата".

Кога сме кај нив. Мата ми е болка, да. Сметам дека не требаше да се продаде, особено не без да се купи соодветна квалитетна замена за него. Ама Лукаку? Дечкото на 19 години бараше да игра во ПРВ ТИМ. Мурињо објасни дека ако е доволно добар на тренинзите, впрочем како што е и праксата, ќе добива солидна минутажа. На новиот Дрогба тоа не му се допадна и замина во Евертон. Таму му гарантираа првотимски статус. Челзи не е Евертон, такви услови можат да се поставуваат на мид тејбл екипици. Ако мислиш дека Челзи е таква, тогаш ти го разбирам гневот создаден од неговата продажба.

КДБ? Џинџерот сам кажува дека не бил во тој момент психички спремен да игра во голем тим и на големи натпревари. Тоа најдобро се виде на мечот со Јунајтед на Олд Трафорд. Што да зборуваме понатаму?

Патем, не сум ничиј фанбој. Навивам за колектив, така што...
 
Последно уредено:
H

HoT IcE

Гостин
Секако дека Мурињо има влијание врз трансфери, но тој го нема ниту претпоследниот, ниту последниот збор. Во вториот мандат во Челзи беше само тренер и ништо повеќе.
Зошто да не верувам во фамозниот список? Мурињо после крајот на минатата сезона, во секое интервју помалку или повеќе алудираше дека на тимот му се потребни засилувања. Тоа и беше фактичката состојба.

Мата, КДБ, Лукаку? Сериозно, сериозно играчи кои се продадени пред неколку сезони, имаат директен негативен импакт врз сегашната ситуација?
Ете и лани истите тие играчи ги немавме, па освоивме титула. Сега кога на клубот очајно му оди, веднаш ,,ама Мурињо да не ги продадеше Лукаку, КДБ и Мата".

Кога сме кај нив. Мата ми е болка, да. Сметам дека не требаше да се продаде, особено не без да се купи соодветна квалитетна замена за него. Ама Лукаку? Дечкото на 19 години бараше да игра во ПРВ ТИМ. Мурињо објасни дека ако е доволно добар на тренинзите, впрочем како што е и праксата, ќе добива шанси да игра. На новиот Дрогба тоа не му се допадна и замина во Евертон. Таму му гарантираа првотимски статус. Челзи не е Евертон, такви услови можат да се поставуваат на мид тејбл екипици. Ако мислиш дека Челзи е таков, тогаш ти го разбирам гневот создаден по неговата продажба.

КДБ? Џинџерот сам кажува дека не бил во тој момент психички спремен да игра во голем тим и на големи натпревари. Тоа најдобро се виде на мечот со Јунајтед на Олд Трафорд. Што да зборуваме понатаму?
Јас никаде не пишав дека ради тие трансфери сме во криза или имаат било каков импакт. Ти ги наведов како примери во кои Мурињо го имал главниот збор, и самиот знаеш дека е тоа точно и дека сум во право, зошто упорно го правдаш?
Мата ни е на сите болка, ја изгубивме најдобрата десетка во тимот заради каприци на еден менаџер. Не покривал дефанзивно, не се залагал доволно, искрено би жртвувал било какво покривање, би играл и со двајца деструктивци во средина како Манчини само да имам десетка како што беше Мата, сегаш опасен, секогаш прецизен посебно во битни утакмици, бисер од играч. Ама не, Оскар ќе го прави играч, теле неинтелигентно, ќе се крстиме во него сега заради тоа што Мата не покрива како Оскар дефанзивно, не влегува со клизачи и не брка играчи на средина од терен.
Лукаку бараше да игра, нормално дека играч што е фан на Челзи и што еден од потенцијално најталентирани млади играчи дека ќе бара да игра. И самиот има изјава во која му се заблагодарува на Мурињо што го пуштил да си оди за да добие минутажа? Која поука е тоа? Ултиматум од Лукаку или дека Мурињо не планирал да се замара со Лукаку да добива минути наспрема очајниот Торес или Ето или кој и да бил. Реми е сигурно подобар Лукаку како втора опција, не ме јеби. Не доби никаква шанса да се докаже.
КДБ е друга приказна.
Мурињо како менаџер, тренер или космонаут во вториот период во Челзи ги имаше едни од своите бисери од трансфери како Буларуж и слични, не знам зошто се правда ова, искрено.
 
Член од
29 јануари 2015
Мислења
7.278
Поени од реакции
20.260
Во ред, истото си стои за тие тројца. Освен оној на Мата, другите два трансфери си беа сосема оправдани.

Ајде да не шетаме сега низ времето. Зборувавме за влијанието на Мурињо во целата трансфер фарса во 2015 година. А тоа беше идентично како и моето влијание во внатрешната политика на Иран.
 
Последно уредено:

closertb

Пластичен
Член од
23 октомври 2011
Мислења
893
Поени од реакции
1.049
Нoрмaлнo декa тие игрaчи имaa импaкт. Лaни бaрем имaвме квaлитетнa клупa. Небaре квaлитетнaтa клупa, немaвме ниту пoвредени игрaчи плус имaше среќa Мурињo штo клучните игрaчи се пoсрaa oд гoлoви и aсистенции дo пoлусезoнa. Пoгледнете сегa кoи 7 игрaчи седaт дo Хидинк, a кoи седеa лaни. Сегa ми влегувa Кенеди кoј сеуште се немa зaпoзнaенo сo еврoпскиoт фудбaл... Oн ќе ми бил вo улoгa нa game changer...

Јa мислaм декa егoтo гo ебе Мурињo. Ниеден игрaч вo ниеден клубoт не сaкa дa види кaкo нaјдoбaриoт игрaч дo пред негoвиoт мaндaт е шитнaт зaрaди нечии си кaприци. Истo сo легендaрниoт Кaсиљaс вo Реaл. Сaм си имa ствoрени тaквa aтмoсферa кaде и дa имa иденo.

Сaмo мoе мислење, нaстрaнa штo никoгaш не ми се дoпaѓaлa негoвaтa филoзoфијa.

Sent from my LG-D855 using Tapatalk
 
Донев

★★
Член од
9 мај 2008
Мислења
35.559
Поени од реакции
52.351
Мурињо си беше виновен за други ствари, ама за лошиот трансфер период летово, никако. Да му ги донесеа играчите кои што требаше, скрГо бараше Погба, не му донесоа никој. Бараше еден од Варан/Маркињос/Стоунс, му го донесоа Џилобоџи.
 
W

wicked_1

Гостин
whatever, циганите мора да се тепаат наредно коло, ако не друго сигурен сум дека ќе бидат дупло мотивирани играчите[DOUBLEPOST=1453133802][/DOUBLEPOST]
 
Член од
16 јули 2010
Мислења
2.952
Поени од реакции
1.923
Да бидеме реални овој тим требаше да напредува и да биде подобар од минатата сезона.
Прогрес покажаа само Вилиан и Зума, останатите се у дебел минус.
За Тери оправдано, ама Хазард нели ветуваше дека ќе проба сезонава да стигне до 25 гола.
Оскар мораше да фати континуитет у форма, статистички исто да се подобри.
Минатата сезона ако не се лажам имавме 7 играчи во најдобрите 11 во Англија, сега тие не би ги купил но во чемпионшип екипа.

Плус Педро и Фалкао не донесоа никаква свежина во составот, на едниот не му ја видовме фацата, другиот пак само фацата му ја гледаме фудбал 0.

Со методот на работа и тренинзите тие играчи со Мурињо лани стигнаа до насловот.
Сега дами и господо Хазард има 0 голови.
Мурињо е крив што овој не може да постигне гол цели 6 месеци?

За тоа целата кривица треба да си ја понесат играчите, тие се директни кривци за 14-место.

Ајде нека ми објасни зошто наследникот на Мурињо во Реал, Анчелоти го играше Лопез пред Касиљас?
Сигурно поради егото на Мурињо![DOUBLEPOST=1453136429][/DOUBLEPOST]Ќе ги скинеме да биде интересно до крајот, а и малце ремет да падне. :icon_mrgr:
 
Член од
7 септември 2014
Мислења
3.430
Поени од реакции
2.113
Ќе пишам тука да не пишам во ПЛ темата ќе ми го сфатат постот како провокација кој ќе се тегни после со некој членој таму, ќе треба мајче шајче да му караме :D
За недела сакам сличен гол како против Евертон да дајме, гол од офсајд две метра, судиско продолжение по можност Тери да е пак стрелецот :rolleyes:
( или Фабре да биди уште поболно ) :P
 
Член од
16 јули 2010
Мислења
2.952
Поени од реакции
1.923
Ќе го купиме Пато изгледа... ај да не серам пред време ама...
 
Член од
19 септември 2009
Мислења
5.081
Поени од реакции
4.932
Гледам тука дискутирате за одговорноста на Мурињо за тимот, јас сум негов фан но моменталната форма на Челси и играта која е далеку од ланската е единствена кривица на него, неможе лани кога освои ПЛ за играта да ги зема Мурињо заслугите, додека за оваа мизерија да не е он крив, јас сваќам да не си доминантен како лансата сезона да имаш некој пад во форма, но шампиони да се борат за опстанок тоа е не опростиво, така да повеќе од заслужен отказ си доби.
 
На мене вака ми текнува после 2010та коа освоија со Анчелоти, наредната имаше послаби резултати и масовно почнаа вакви мелодрами(тогаш уште несвесни) и се пишеше како Анчелоти ја изгубил контролата над играчите, изгубил авторитет, играчите играле сами без тренер и слично. За после да се промајуваме како неозбилна екипа у наредни 3/4 години со глупи неквалитетни тренери.
Вака ретроспективно ако гледаме, дури сега на некој им проработува кликерот за тоа каков тренер беше Анчелоти, заради тоа и 80% од фановите останаа зад Мурињо и не го оправдаа поразот, научија од претходни ситуации.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom