Значи во пл нема лесно гостување. Без разлика дали тимот со кој се игра е прв или последен треба да се има пристап како кога се игра дерби.
Очекував лесна победа, ама се испостави дека Сандерленд се поопасни од што изгледаа.
Од играта сум задоволен (севкупно со Шотон) 2 натпревари 7 гола. Ете им одговор на добро познатите критичари дека Мурињо играл антифудбал.
Во секој голем тим си треба играч што може да направи разлика на терен, вчера тоа беше Хазард. Според мене имаше перфектен настап, да не и беше толку расположен кој знае што ќе се случеше.
Најдобра партија до сега од како е во Челзи, само така нека продолжи.
Мата е тимски играч, не е од типот на Хазард кој ќе може да земе топка од сопственото поле, да помине се живо и да постигне гол.
Мата ги разигрува соиграчите, им дава поголема слобода и употребливи топки. Тоа не изгледа толку доминантно како играта на Хазард, но е итекако продуктивно.
Гледате и сами од како е во тимот дека Челзи игра потечен, побрз и поубав фудбал. За тоа говори и бројката на постигнати голови.
Лампард е убедливо најдобриот и најинтелегнтинот фудбалер што има заиграно за Челзи и еден од 5-те најдобри играчи во пл на сите времиња.
Доста фалење...
Позитивно беше се освен одбранта. Срамота е да се прими 4 гола од екипа која после 13-кола има дадено 8 гола. И тоа сите голови паднаа на бизарни грешки.
Првиот заради евтин и глуп фаул на Аспи. Основно правило во фудбал е да не се прават безпотребни фалули во зона на шут.
Другите 2 беа каранбол -флипер голови, а и двете топки беа лесни за исфрлање само требаше некој повисок да ја брани првата статива.
А па уште потрагично ќе беше доколку Џонсон ја искористеше таа шанса за 4-4.
Шансата што ја промаши Торес, можеше да не чини титула.
Не ми е јасно како само успеа да промаши, па тоа беше полесно да се погоди од што промаши. Сигурен сум да имаше таква шанса некој напаѓач од 4 Анг. дивизија дека ќе погодеше.
Стварно се трудни покрива во дефанзива трча многу, но негова работа е да дава голови, тоа му е работно место.
Незнам некао ми е жал за него гледам дека постојано се обидува не престанува да се бори, но во тим што има амбиции за сите трофеи мора да покаже квалитет за да може да игра во него.
Толку следна Стоук и пак победа.
