Уффф, последните 10 минути ми трепереше срцето. Како прво нека ни е честито победата и 3 бода у џеб. Второ, мора да го пофалам Азар, 2 гола и 1 асистенција и неколку одлични дриблинзи, според мене Мен оф д меч. Трето, би ја критикувал многу одбраната. Кога дојде ред од Сандерленд да примаме 3 гола, што останува за појаките екипи!? Мора да се консолидира одбраната и да не примаме толку погодоци. Прво постигнаа гол, потоа ни израмнија, да не си даде авто-гол можеби ќе завршевме нерешено. И у вакви жустри заврашетоци, мора сите да се враќат и да помагат у одбраната. Микел мора да стартува на наредната утакмица, многу постабилни сме со него. Него ај, барем у напад подобро игравме од претходните утакмици.
KTBFFH <3