Нормално е новодојдено дете да има таква плата ко Оскар па ако покаже дека е првотимец со игрите ќе добие нов договор (плата). Ивановиќ ви е првотимец 2 сезони најмалце, треба да добие нов договор, ко што викаш не може со Фереира иста плата. Ок, може он не бара ама еден од овие што ги спомна посекако ќе побара
)))
Иначе, интересното е што Оскар и Азар имаат по 21 година, а вториов има 4 пати поголема плата.
Ок, јасно е дека мораше да му се даде колку што сакаше затоа што и други тимови беа во борба за него + и претходно се имаше истакнато во Европа, иако тоа беше во француското првенство. А за Оскар немаше никаков медиски хајп, јас не знаев ни кој е тој играч Бразилец што доаѓа (сите ги знаеме оние Нејмар, Гансо, Паулињо, Касемеиро и кој ти уште знам). Но, пријатно ме изненади. Нека продолжи така и да почне со голчиња и во Премиер лига.
А за Иванович и јас сум изненаден. Он мислам дека лани потпиша нов договор и му важи до 2016та. Сигурни сте дека се точни информацииве?
Па јас мислам дека се точни, а и да не се, горе-доле се тука негде. Инаку, Бане треба да има плата ко Гери Кејхил, најмалку!