Конечно победа против Евертон.
Тешко се пробиваше нивната одбрана, цело време се бранеа но реализацијата беше добра, па уште во прво полувреме се заврши работата со два гола. После тоа се знаеше дека нема Евертон многу да направат во второ полувреме.
Многу ми е мило што Калу многу ретко добива шанса сезонава, и се надевам дека ќе ја одбие понудата за нов договор (ако воопшто има преговори за нов договор). Ептен ми стана одбивен и посакувам што поскоро да го напушти клубот. И Анелка и Малуда на клупа, што е добро. Сепак можат да помогнат од клупа доколку е потребно. Лани се случи тоа што се случи поради тенката клупа. Немаше доволно играчи за ротација и отиде сезоната. Сега на клупа ги имавме Анелка, Малуда, Меирелеш, Алекс што е одлично.
Играта беше добра, секако може и подобро но задоволен сум од тоа како се развива играта од првиот натпревар па до сега.
Стариџ ми е еден од најомилените играчи во Челзи, и го чекав овој момент уште од кога дојде. Си обезбеди место во првиот тим, покажува одлична игра, дава голови и станува битен играч за Челзи. Сеуште е млад и може уште да се развива и да гази во иднина.
Мата ѕвер. Сегде го има на терен, трча, создава шанси, асистира, знае и да постигне гол. Перфектен трансфер, тоа е играчот кој фалеше во Челзи. Дрогба не е во форма. Според мене, не изигра добро денес. Не е истиот Дрогба. Тешко се изборува за топка, и не е баш активен во играта како што знае да биде. Босингва мора да се пофали. Одличен е сезонава, сите натпревари ги одигра супер. И напред нафрлува топки, и назад се враќа во одбрана на време. Рамирес исто, се подобар. Му требаше подолго време за да се адаптира но сезонава е доста подобрен. Каква брзина има, никој неможе да го стигне. Да ја подобри техниката и реализацијата и ќе биде ѕвер. Другите горе-долу добро изиграа.
За измените се сложувам. На почетокот правеше точни измени, во точно време. Сега има некои несфатливи, но добро. Си ја знае Боас работата. Ќе беше подобро место Анелка да влезе Лукаку. Мислам дека ќе одат на позајмица во јануари и он и МекЕкран.
Тоа е тоа, важни 3 бода со кои ја намалуваме разликата со Јунајтед на 1 бод. Следува ЛШ со Генк во среда. Мислам дека нема да има проблеми, па може и да се даде шанса на помладите. А следно коло против КПР мора победа. Мора да се искористи тоа што играат Јунајтед - Сити.
--- надополнето: Oct 15, 2011 7:22 PM ---
Октомври
Прегледај го приврзокот 35024
Очекувам 3 победи од нардниве 4 меча.
Генк,Квинс и Арсенал.
Зошто да не ги тепаме Евертон пак?