В
Вори
Гостин
Toлчи ги гнидите ливерпулски.Све да им ебам!
Се сложувам комплетно со твоето мислење, особено со болдираниот дел...Аман,аман,аман.Зошто мора секоја утакмица да примиме гол?Сакав гнидиве да ги тепаме поубедливо без да ни дадат гол.А што е најтрагично тој гнасниот грк ни го збрца,за да се изнервирам уште повеќе.
Ама ајде да гледаме на позитивната страна.
Ејј луѓе,ги победивме Евертон.Не ми се верува Требало Вилас Боас да ни биде тренер,за да го скршиме малерот против овие.Уште Тотенхем на тоа нивата да ги тепаме и полна капа.
Прво сакам да кажам дека задоволство е да се има играч како Мата во тимот.Човекот ми станува еден од поомилените играчи во Челзи и воопшто.Ѕвер
Напред-назад-средина.Лев бек,десен бек,задњи везни,напаѓач,крило.Све игра човекот.Душа остава на терен.И тоа ме нервира што Боас не го игра на природна позиција,туку го шета од едно на друго место.
Да имавме уште еден играч како Мата во среден ред,ќе бевме непобедливи.
Стариџ=машина.Уште пред да дојде од Сити го посакував кај нас.Викав дека ќе биде добар играч,баш ќе пробарам по старите постови од пред две и пол години,да се уверите дека не лажам Го обожавам,стварно.Брз,опасен дриблер,осет за гол.Мило ми е што ги седна Анелка и Калу на клупа,конечно да не ги гледаме во прв состав дрвата.
И овој како Мата ми е еден од омилените играчи.И се надевам дека Капело што побрзо ќе го повика за репрезентација,зошто стварно заслужува да игра.
Иначе игравме добро,во прво полувреме на некој начин ја завршивме работата.Има некои работи што не ми се допаѓаат како тоа што кружиме околу шеснаесетник цело време,без да направиме ништо..Не правиме конкретни шанси,сакаме со све топка да влеземе во гол.
Треба малку да шутираат од далеку и да бидат поубедливи.Ја нема Челзи сега на почеток толку таа убиственост,ама гледам дека играта и формата од утакмица на утакмица е све подобра,така да очекувам уште повеќе да меле машината.
Втор полувреме Рамирес повторно беше на вистинското место и постигна гол.Сега Рамирес станува главна алка во средниот ред,а кога дојде од Бенфика,не ни можевме да помислиме на такво нешто.
И криво ми е што се повреди,дај Боже да не е нешто сериозно.Зошто ние сме баксузи со повредите.
Тоа е,битно победивме,освовиме нови три бода.И тоа не против кој било,туку против гнасите ливерпулски,кои ни се заебан противник последниве сезони.
Задоволен сум,уште нешто да се подобри и ќе бидам презадоволен.
п.с. Зошто не му ги разбирам замените на Боас?До мене е е,или човекот си има нешто друго на памет?