За вакви мометни се живее. Ова задоволство не се опишува со зборови.
Отпишувањето на Челзи започна уште со Валенсија, па потоа со Наполи после првата утакмица според повеќето беше и тотален аутсајдер. А додека со Барса според повеќето Челзи немаше ни потреба да игра. Минатата недела муабетиве беа ќе примите 3, 4, 5 гола пред утакмица, додека после утакмицата - среќа имавте. Денеска не поминаа покусо истиве муабети. Па згора на се врв ми беше и убеденоста на Гвардиола како тие лесно ќе не поминат. А исто и е***иот 1.25 коеф. од кладилниците за победа на Барса. Значи еден куп хејтери и потценувачи сите овие денови. А сепак овој тим покажа како се игра тимски и со срце.
Е сеа ептен ме разочара потегот на Тери, не очекував вакво нешто уопште, не дека беше којзнае колку силно удрен Санчес, но треба да се има во предвид со кого се игра. Сам си ја пукна главата и финалето ќе го гледа од трибини. Жално ама тоа е.
Чех и Рамирес
. Не дека другите беа лоши, ама не беа подобри од нив.
Шала на страна сите изиграа на ниво. Ама сеуште се чудам како Рамирес постигна ваков гол.
Оваа генерација со Тери, Лампард, Дрогба, Ешли и Чех заслужува трофеј во ЛШ и мислам дека оваа шанса не смеат да ја пропуштат. Не верувам дека пак би им се пружела истата шанса. И голема штета е што Иванович, Тери, Рамирес и Миралеш. Но тука е ТОРЕС
. Но навистина незнам и не видов кога и зошто Иванович доби жолт.
И да...моментот кога Торес постигнува гол во 90+ на Камп Ноу за пласман во финале во ЛШ - непроценлив.
И имам едно прашање до фановите, критичарите, хејтерите и т.н. кои играта на Челзи ја нарекуваа анти-фудбал. Дали израмнувањето на резултатот после 2 гола негатива, црвен картон и плус пенал за Барса е анти-фудбал?
И друго шо сакав да кажам. Колку и да не го сакам Калу на теренот изгледа среќа ни носи дечкото.