Не е работата дали јас ќе пуштам срце или не. Работата е во тоа шо ситуациите како вчерашната кога Рибери бараше пенал затоа шо еден играч на Реал го држеше нецела секунда за дрес, секогаш ќе бидат свирени во корист на Барселона, иако таквото нешто можи да е фаул само во кошарка, а можеби ни таму.
То ќе се види и вечер, и шо е побитно, по една недела.
Лично, скоро никогаш судии не етикетирам како главни виновници за "евентуален" наш пораз (можеби за победа
), затоа што по натпревар - ОТКАКО ЌЕ РАЗМИСЛАМ ДВАПАТИ без набој на еуфорија, адреналин, бес или нервоза - единствени виновници скоро секогаш ДОСЕГА за ситуациите од кои знаеме да направиме од готово вересија сме биле самите ние.
Најпресен пример 2та 'непотребни' пенали против Манчестер и
неискористени мал милион зицери на последниот дуел со Барса во ситуации во кои и двата гореспоменати противници беа како изгубени германци на теренот и требаше да бидат столчени по брза постапка !!!
За момент видов оптимизам во твојот пост, особено околу делот за "интересниот развој на сезонава" па затоа ти го искоментирав тоа - но ете уште 'кај нас' владее страв од евентуално такво судење.
Можеби и не е до судиите... Барса како тим на исклучитено способни фудбалски и актерски потковани поединци, и сама по себе носи тежина за правилно расудување во дадена ситуација.
Верувам дека тоа добро го знае и судијата исто како што ја знае и репутацијата на балетаните(во шеснаесетник) фудбалери на Барса - и нема така лесно да подлегне на притисокот кој Овребо за жал не го издржа.
А ти никогаш неможеш да бидеш сигурен на која карта ќе игра судија во таква ситуација... не верувам во теории на заговор, масони или што ти знам....
верувам само во фудбалска среќа и несреќа.... доволно си патевме од глаата и од второто...
равојот на сезоната will make the difference
...........................................................................................................................................................................................................................
П.С. НЕ САКАМ и не очекувам/оправдувам судиско помагање ниту одмагање - најмалку против една ваква Барса....
Сакам да им одржиме лекција по фудбал - не по модерен балет
Да им докажеме дека иако се можеби најмоќниот состав на денешницата - не се симнати од марс па да се непобедливи
Пред се - да си докажеме самите на себе дека
конечно ја научивме лекцијата
- ДА ДОТОЛЧУВАМЕ ПРОТИВНИК ДОКОЛКУ НИ СЕ ПРУЖА ШАНСА ЗА ТОА!!!
Друго не ме интересира...