Фан Клуб: Челзи

Член од
24 февруари 2012
Мислења
19
Поени од реакции
4
Поз дечки спортски поздрав по Милан Челси ми е 2 омилен тим
За отказот на Боаш мислам дека Абрамович го направи најлошиот избор по тоа со Мурино можеби резултати не се сјајни но тоа што го бараше Боаш не го доби од Фалкао Хулк Моутино па се до Модрич јас верував во Боаш и сигурен сум дека ке зажалиме за него сека кој ке дојде Бенитез ?? не знам што има тој што нема Боаш !!
 

GTFO

Pushing the button
Член од
3 април 2009
Мислења
5.654
Поени од реакции
4.579
Исто ни се фаќа отпуштањево и така и така немаме веќе реални шанси за влез во топ 4..
 
L

Löwe

Гостин
Јас мислам дека најдобро за Челзи ќе биде ако Абрамович го продаде клубот на некој богат шеик. Многу непромислени одлуки прави, на трансфер период спија, со младите слабо работи, слабо инвестира.. Се гледа дека многу многу не му до Челзи..
 
H

HoT IcE

Гостин
Уште една огромна грешка после отпуштање на Мурињо. Ако со некој имавме шанси за било каков трофеј во иднина, или газење тоа беше Боаш, но пак победи глупоќата на Роман, и егото на играчите, тоа е тоа, криво ми е за Боаш, човекот беше голем потенцијал и јак тренер, се надевам дека каде и да отиде ќе прави растур.
Доколку глупиов ко кур Русин, го ангажира Рафа, или било кој друг дебил освен Мурињо, тогаш и официјално дигам раце од клубов.
 
Член од
31 мај 2011
Мислења
211
Поени од реакции
75
Ако го земе Рафа има голема шанса да се разигра Торес, 1 сезона во Атлетико му беше менаџер, растураше, 1 и пол во Ливерпул, растураше...Под секој друг менаџер - тапа.
Се вртат муабети дека му нудат договор само до крајот на сезоната, но тој барал договор од година и пол...Сепак мислам дека Мурињо ќе се врати на лето :D
 

D_T

Чорбаџи Димко
Член од
8 март 2009
Мислења
2.119
Поени од реакции
1.571
Требаше други да летаат пред Боаш, ама тоа е ЈБГ... не давам јас пари па да кажувам !!! Газда Роман се додека вложува во клубот ќе прави што сака со него! Лично не оправдувам вакви одлуки (освен ако не се заслужени), посебно за скорашно избрани луѓе т.е. сеуште недокажани.....
Фала му за се` досега на АВБ и му посакувам се најдобро во иднина и со среќа да си ги троши парите од оштетата :oops:

Единствени потенцијални кандидати според мене кои "можат" нешто да сменат во клубот, да воспостават свој диктаторски режим и да ги стават по контрола разузданите платеници се Капело, Хидинк и Мурињо. Инстант успех не е можен со било кој друг - ниту со некој од овие што ги набројав

Институцијата Челзи комплетно го смени правецот на управање и општо менаџирање со клубот - од највисоките инстанци па се до младите категории. Често се оди со глава со ѕид, со непромислени и избрзани одлуки со купување преценети и истрошени 'отпад' фудбалери, со неможност за брзо завршување на добар и пред се исплатлив трансфер, со Aкадемија која продуцира квалитетен млад фудбалски кадар кој отпосле се продава во други клубови...Тоа не се решенија за успеси на долг временски период... затоа се влегува вака од грешка во грешка.
До некаде е и логична одлуката да се остави Ди Матео до крајот на сезоната па после да се реши што како.. земање на Дефитез :facepalm: у сред целава збрка нема да донесе ништо ново....

Едно е сигурно... Челзи одамна има истрошен и лимитиран играчки кадар - од авион е очигледно тоа. Морални се драстичи промени најбрзо што е можно. Грев е што во претходните 2-3 сезони не се ни помисли да се смени дел од првотимците и да се игради нов и надежен костур.Додека се случи тоа ни останува само да се надеваме дека може да изгураме на крај до ОДЛИЧНОТО 4 место па после ќе ја мислиме за понатаму :rolleyes:

И да... мора, мора, мора победа со два разлика во вторник/среда против Наполи !!! Последната шанса за залекување на раните :sneaky:

КТБФФХ
 
F

fantomX

Гостин
Да да, АВБ проектот на подмладување на тимот кој го имаше за наредните 2 години супер изгледаше, со ставање на Малуда и остала багра на трансфер листа, а први на трансфер списокот Хазард, Мутињо, Хулк итн.. Сега со Ди Матео не знам што ќе излези.
А да го купевме цел Порто, вклучувајќи го и стадионот, ќе беше задоволен АВБ? За миљарда до две евра ќе се договоревме. Пошто со Мата, Ромеу, Мерелеш како негови имиња беа малку, Алекс и Анелка проблем биле, Ешли Кол, Лампард и Есиен не го слушале а не исфрла ни еден од нив од составот.
Во последно време единствено шо следев поврзано со Челзи беше cfcnet форумот, каде видов дека АВБ во интервју изјавил дека Порто е негов клуб, Челзи е привремена работа. Дали тоа се кажува така јавно? Стемфорд Бриџ никогаш и не бил условно кажано тврдина за противниците, такво нешто биле само Олд Трафорд и ЕНФИЛД?!?! во Англија.
И Жозе Мурињо го има споредено Челзи со Портсмут, но не за време додека тој работи за Челзи и во време кога Челзи е очаен под негово водство; и секако, паралелно да зборува за некаков си „проект“ од неколку години иако ништо не прави за да го спроведува.

И покрај се тоа, требаше да го остават овој рицар-витез да продолжи да се бори со ветерници како и досега, за Челзи секако и вака и така нема подолго време бел ден да има, а овај нарцисов никаков во Ла Балет лигата можно е да процвета. Челзи му го даде тоа шо сака, и јас сум бесен заради тоа.


Со Ди Матео нема да излези ништо поинакво.
 
Член од
22 јули 2010
Мислења
32.528
Поени од реакции
81.967
Криво ми е, мислев и сакав вие да идете како 4ти, пред Арсенал....ама со овој потег мислам дека малку подзакочивте како тим сезонава. Поздрав.
 

Плавиот^

London is blue!
Член од
3 октомври 2011
Мислења
930
Поени од реакции
1.462
90% капело сум сигурен дека капело ќе дојде, што не е лоша опција. А ако доаѓа бенитез, ќе платам чеченци да дојдат кај Романчо.

П.С. И мене ми е жал за боаш ама реално да гледаме си го заслужи отказот. Цело време форсираше ист состав, а гледа не иде. Меирелеш упорно и упорно го игра. Го вади есиен од игра, веднаш примаме гол, кој знае колку пати така.
Ај еднаш, ама исти грешки правеше човекот повеќе пати.

Единствен човек што може да ни помогне сега е Мурињо, ама.. :(
 
H

HoT IcE

Гостин
Јас лично освен Мурињо никој друг нејќам, и се надевам дека Мурињо ќе дојде.
Но ако не дојде Мурињо, со оглед на тоа дека Хидинк ни го тури курот, најдобра опција е Капело, но пак ќе има проблеми со карактерот на Роман, кој мисли дека ако има пари, знае се за фудбал и Челзи, е тоа е проблемот, што Роман упорно ќе се меша, а Капело е против тоа, го докажа и со Англиската репрезентација.
Но Капело е добар, искусен, и пред се авторитетен тренер, кој би требало овие смрдливи играчи да го почитуваат, но ќе играме далеку затворено, и ќе чекаме грешка, да не речам досадно, иако под АВБ не бевме нешто посебно сезонава.
 

AL.

Член од
22 јануари 2009
Мислења
12.610
Поени од реакции
5.016
Цццццццццц,излезен бев цел ден појма немав шо се дешава.......шокиран сум..не знам што да речам повеќе...срамота...па до толку нема трпение проклетиот Аврам ? упм да фати...

Во ред се,слаби бевме ова сезона,мизерни,ни игра ни ништо, ама сепак не требаше да биде отпуштен..вака уште полошо ќе биди....

Господ нека ни е на помош,само тоа можам да го речам. И секако на лето го очекувам МУРИЊО и никој друг.
 

8_88

888
Член од
7 мај 2009
Мислења
1.078
Поени од реакции
1.610
Билокој да дојде за тренер, а да не се исфрлат истрошените ирачи џабе е...
Мурињо ги искористи скоро максимум исто како што ги искористи играчите во Интер. Откако замина од Челзи може да се каже дека нешто плус искористи само Хидинк, додека пак откако замина од Интер ниеден тренер неможеше и нема да може да искористи ако не се променат играчите...

Анчелоти пак го искористи фактот што другите конкуренти „правеа“ замена на одредени играчи (смена на генерации), како и тоа што Сити како така ги уигруваше играчите, скоро сите се мачеа со повреди (најмногу Јунајтед и Арсенал)...

Кога дојде Боаш тоа се види најмногу, исто така се види дека Лампард, Дрогба, Кол, Малуда... според Абрамович вредат повеќе од тренерот...
Друга работа околу младите играчи јас мислам дека Боаш сигурно ќе ги користеше доколку не му „наредуваа горните“ кој треба да игра, тој сепак бараше да се купат и се купија млади играчи Куртоа, Мата, Лукаку, Кејхил, Давила, Кевин Де Брјун...

Го исфрли Малуда го стави Мата, Стариџ доби исто така првотимски статус, исто и Давид Луиз...
Сигурен сум дека ќе ги пушташе оваа сезона и Бертранд и МекЕхран, да не се бунеше никој (посебно Лампард и Кол)

Мораше да остане овој тренер и наредната сезона, да му се дадеше комплетна слобода да бира играчи кои ќе бидат стартери кои пак ќе седат на клупа.

И за на крај ова е голема многу голема грешка направена од Абрамович којшто очигледно откако го отпушти Мурињо се виде дека нема поима од тоа што е фудбал (ако сака игра како на Барселона нека си ја гледа Барселона и нека :drk: на нивната игра, во Англија не се бара таква игра се бара брзина, пресинг, борба... а не само да се кружи околу шеснаесетник).
Толку.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom