Фан Клуб: Челзи

Член од
14 август 2022
Мислења
1.461
Поени од реакции
1.821
Добро ќе биде да се продаде Чалоба, да им се ували на Гејчестер за 25м. фунти ќе е пун погодок. Се рачуна и како Homegrown така да боље он да иде курбан место Галагер, мада мислам и двајцата ќе ги шитнат.
 

dragonsky

Hate leads to suffering
Член од
25 декември 2010
Мислења
43.400
Поени од реакции
85.351
Со среќа нека му е, се надевам ќе има успех (по Клирлејк стандарди - борба за топ 4)
Ок опција сама по себе.

Надвор од себе...имаше бољи опции, ама тоа мање више колку што е ретардирано да плаќаш пари на Лестер при други опции, и притоа да му даде 5+1 договор(?!??!?!) после се што се случи овие години.
Ќе бидам шокиран 5 години ако издржи, буквално тимов е воден катастрофално, а тој ќе биде на мета без разлика на се.

Очекувања:
-Да се бори за место во ЛЕ и да освои КЛ првата сезона (куповите се бонус)
-Да биде топ 5 и да стигне минимум до 1/2 финале во ЛЕ (и ок настап во куповите)
-Да биде Топ 4 или ако сме во ЛШ да се стигне до 1/4 финале во ЛШ, ако не, да се освои ЛЕ
-Да се биде топ 4 и да се стигне во 1/4 финале во ЛШ (не се прифаќа тука пласман во ЛЕ и слично)
-Да биде подобрена екипата во целина, да се освои било каков трофеј или да се стигне до 1/2 финале во ЛШ

Тоа се моите очекувања за сите 5 сезони

ПРЕД СЕ:
Да се создаде идентитет на екипата и да се врати атмосферата и се останато неопипливо

И да добие пар Ел Ќелавико утакмици :roker:
 
E

enzo8

Гостин
Ако стварне сме заинтересирани за Алварез и го донесат, се ќе им простам на дибидусиве.
 
Член од
26 август 2008
Мислења
740
Поени од реакции
537
Ако стварне сме заинтересирани за Алварез и го донесат, се ќе им простам на дибидусиве.
Кој Алварез? Има барем неколку со кои што сме или сме биле поврзувани.
 

dragonsky

Hate leads to suffering
Член од
25 декември 2010
Мислења
43.400
Поени од реакции
85.351
Значи стварно сме во Арсенал-моуд :(

Пред некој ден дознав дека во Јужна Кореа постоело нешто што се нарекувало "Лидс денови" или "Лидс период" пред се поради Алан Смит кој требаше да биде голема ѕвезда за Англија а и општо англискиот фудбал, ама после тоа и тој пропадна и екипата и се у курац се однесе.
Ваљда пошто година-две пред да биде Светското кај нив седнале да пратат фудбал и им влегло во очи/уво ова, немам поим зашто влегло ова како фраза во Јужна Кореа ама ете....
Се користи кога некој има добар живот, ама сите знаат дека ќе падне длабоко потоа.
Пример - ако некој во средно е популарен и успешен, ама се гледа дека ги нема способностите за вистинскиот свет и дека од популарен силеџија ќе стане невработен што моли да прежива тогаш се вели дека тој ги живее своите "Лидс денови"

Е сега, мислам дека треба ние да ја внесеме фразата "Арсенал денови" кога некој глуми дека е некаков фактор и се уште прави фасада дека е релевантен и кул иако сите знаат дека едвај преживува и се мачи да остане тоа што бил.
Пример "Еј, чу бе? Никола Димитров сега кога се тргна СДСМ е во своите Арсенал денови.."

Во овој случај зборам за побуквална ситуација каде Арсенал често се водеше од тоа дека битен е профитот.
Како успеа Челзи да дојде до ситуација каде главна дебата е дали да се продаде Конор или Чалоба за да се максимизира профитот - не знам. Како стигна Челзи од тоа да ја има најдобрата одбрана во Европа своевремено до тоа трансфери да ни се млади играчи кои ќе дојдат бесплатно од Фулам... не знам.
Катастрофално водена екипа со новиве газди кои пак некако дојдоа кога не дека и претходниот ешалон беше при врвот на своето работење, баш напротив...

Така да за трансфери и слично не очекувам ништо летово, а можеби е и подобро, пошто концептот на "Фрли 130 милиони за некој и дај му 9 години договор" е очигледно ретардиран.

Нејсе, мојот безпоентен ranting на страна:

Алварез е супер играч, немам поим зошто Сити би се ослободиле од него. Не верувам дека би го зеле, ама би било топ да се случи тоа (а и кога би го зеле сигурно би значело дека ќе треба да се продаваат повеќе играчи....што за волја на вистината ги имаме...)
Исто и Шешко е играчиште, гледам некои се надаваат дека ќе пробаме да го земеме...
Ама ете, ваљда ќе оди тој во Арсенал, така да може да се поврзе тоа со оние "Арсенал денови" муабет од погоре, без разлика колку и да е тапа, во моментот кога ќе си признаеш дека е тапа можеш само да одиш нагоре и да се вратиш во подобри денови.

Е сега дали ќе излезе некој од БлуКо да каже 'Дечки, гомна сме, упропастивме сериозна екипа и бизнис и све по список, извинете, ова што го сјебавме за пар години нема ни за декада да се опраи, ама ви ветуваме таму негде 2030тите ќе се бориме за титула," или ќе биде "Ок е сеа, шо да праиме, ти све сакаш преку ноќ не е тоа така, си има процес, чек малце, па Рим не бил изграден во ден, еве ги Јунајтед зад нас завршија, Арсенал исто без титула се, Сити се мачат со судови, Ливерпул без Клоп ќе се, шо сме ние полоши бе?" ... ќе видиме
 
Член од
16 јули 2010
Мислења
3.053
Поени од реакции
2.001
Мене не ми изгледа дека газдиве ги интересира профит пред успех, барем не до сега зборам до овој момент.
Пред кој секако има уште цело лето и простор за трансфери.
Челзи не се ценкаше за играчи за оние кои сметаше дека се потребни напротив кешираше и повеќе од што треба.
Да фрлиш толкава пара за Лавија, Каиседо и да кажеш Челзи цели на профит нема логика Зоки.

Проблем е што управата мисли како да е на видео игрица па младите играчи се појачуваат а на старите им опаѓаат оценки.

Ако целиш на Тосун мене не ми изгледа како лош трансфер, барем не за ротација. Еве ако треба него да го заменам со Чалоба или Бадијашил би ги сменил, полош од нив сигурно нема да биде може само подобар.

Очекувам а и треба спортските директори што се донесени да си ја завршат максимално работата. Во клубот се цела година некои и година ипол, доволен период да се направи процена, истраување и решение.
Со оглед на тоа дека се од екипи што политика им е работа со помлади играчи и работа на долгорочно време притоа со ограничени ресурси, за разлика во Челзи каде што имаат многу подобри услови и ресурси треба за пократко време и подобро да си ја завршат работата ако ги бива нормлано.

Тука мислам пред се на избор на тренер, сепак нели тоа им е струка. За Мареска имаат цела база на податоци, ние имаме едно видео од коуч војс, дали Џексон, Мадуеке, Колвил, Густо имаат потенциал или не. Дали треба да се продолжи со нив и да се развиваат или треба нови играчи, бидејќи нели они се цело време со нив и од директорите се очекува одлука, впрочем и за тоа се тука.

Челзи со Арсенал не би го споредил у никој случај, бидејќи Челзи ниту има потреба ниту има притисок да продавва ниту пак има играчи кои сакаат да си идат.
 

dragonsky

Hate leads to suffering
Член од
25 декември 2010
Мислења
43.400
Поени од реакции
85.351
Не бе, тие "Сити денови" се уствари "Јуве денови" - ја доминираш лигата пред да те казнат за нелегалности :D
 

Донев

★★
Член од
9 мај 2008
Мислења
35.745
Поени од реакции
52.704
Не бе, тие "Сити денови" се уствари "Јуве денови" - ја доминираш лигата пред да те казнат за нелегалности :D
Се е во рамки на правилата.

 
E

enzo8

Гостин
Сме прошле покрај Реал.

Пола од овие таленти што ги изнакупија ако испунат потенцијал на коњ сме ама најверојатно нема ни пола.
 
Член од
16 јули 2010
Мислења
3.053
Поени од реакции
2.001
Ако е тазе фоткава нешто се крчка :D
Мене лична желба од овој состав на Реал а е можно да се купи е Брахим Диас.

И кога веќе тргнал возот со млади би пробал Алварез од Сити.

Знам дека е невозможно да се земе секако но ете мислам дека Диас, Алварез и Палмер би биле добра комбинација.

И за штопер Бремер од Јуве и тоа е тоа.

Продажба на Зијах, Лукаку, Стерлинг и со тешко срце Чалоба. Ма да јас пре би го продал Бадијашил него Чалоба.
 

dragonsky

Hate leads to suffering
Член од
25 декември 2010
Мислења
43.400
Поени од реакции
85.351
Сепак "Реал денови" :cool:


Паметно, овој Винициус испадна ок, има еден дечко во Украинска лига, Михаило се вика, за Арсенал навива ама мислам вреди 120ина милиони да се фрлат на него, млад играч, тамам Реал тактика :D

..ок јадам гомна.

Тактикава не е ништо ново, ова го прават Тод и компанија откако дојдоа, ќе видиме како ќе испаднат фаци ко Паез, Месињо и останти, се знаеше дека пробуваме да одиме со Реал тактика уште откако дојдоа.

Се надевам нема да заебат, објективно имаат квалитет играчиве, тоа е разликата меѓу овие топ екипи и другите, проектите на Реал, Сити и слично вообичаено им успеваат, еве и Ѓулер полека без форсирање исто го третираат како Винициус.

Ќе видиме, тоа за 2-3 години ќе видиме дали ќе вроди со плод, тамам 2027 ако не праиме муабет "Auuu Paez rasturi deneska, Arsenal kiksnaa, Siti da gi tepame sledno kolo imame shansa" џабе ќе биде..

Ама да, ова е планот уште од старт, ќе видиме
Автоматски споено мислење:

Сме прошле покрај Реал.

Пола од овие таленти што ги изнакупија ако испунат потенцијал на коњ сме ама најверојатно нема ни пола.
Пола од овие не се донесени за потенцијал, туку се донесени за да бидат продадени. Еден на 5-6 трансфери дали е донесен за нас, другите се само од финансиски аспект донесени за да се продадат.
Зошто да инвестираш во крипто кога можеш во малолетници да инвестираш, старата добра Епстиновска
 

Kajgana Shop

На врв Bottom