Значи стварно сме во Арсенал-моуд
Пред некој ден дознав дека во Јужна Кореа постоело нешто што се нарекувало "Лидс денови" или "Лидс период" пред се поради Алан Смит кој требаше да биде голема ѕвезда за Англија а и општо англискиот фудбал, ама после тоа и тој пропадна и екипата и се у курац се однесе.
Ваљда пошто година-две пред да биде Светското кај нив седнале да пратат фудбал и им влегло во очи/уво ова, немам поим зашто влегло ова како фраза во Јужна Кореа ама ете....
Се користи кога некој има добар живот, ама сите знаат дека ќе падне длабоко потоа.
Пример - ако некој во средно е популарен и успешен, ама се гледа дека ги нема способностите за вистинскиот свет и дека од популарен силеџија ќе стане невработен што моли да прежива тогаш се вели дека тој ги живее своите "Лидс денови"
Е сега, мислам дека треба ние да ја внесеме фразата "Арсенал денови" кога некој глуми дека е некаков фактор и се уште прави фасада дека е релевантен и кул иако сите знаат дека едвај преживува и се мачи да остане тоа што бил.
Пример "Еј, чу бе? Никола Димитров сега кога се тргна СДСМ е во своите Арсенал денови.."
Во овој случај зборам за побуквална ситуација каде Арсенал често се водеше од тоа дека битен е профитот.
Како успеа Челзи да дојде до ситуација каде главна дебата е дали да се продаде Конор или Чалоба за да се максимизира профитот - не знам. Како стигна Челзи од тоа да ја има најдобрата одбрана во Европа своевремено до тоа трансфери да ни се млади играчи кои ќе дојдат бесплатно од Фулам... не знам.
Катастрофално водена екипа со новиве газди кои пак некако дојдоа кога не дека и претходниот ешалон беше при врвот на своето работење, баш напротив...
Така да за трансфери и слично не очекувам ништо летово, а можеби е и подобро, пошто концептот на "Фрли 130 милиони за некој и дај му 9 години договор" е очигледно ретардиран.
Нејсе, мојот безпоентен ranting на страна:
Алварез е супер играч, немам поим зошто Сити би се ослободиле од него. Не верувам дека би го зеле, ама би било топ да се случи тоа (а и кога би го зеле сигурно би значело дека ќе треба да се продаваат повеќе играчи....што за волја на вистината ги имаме...)
Исто и Шешко е играчиште, гледам некои се надаваат дека ќе пробаме да го земеме...
Ама ете, ваљда ќе оди тој во Арсенал, така да може да се поврзе тоа со оние "Арсенал денови" муабет од погоре, без разлика колку и да е тапа, во моментот кога ќе си признаеш дека е тапа можеш само да одиш нагоре и да се вратиш во подобри денови.
Е сега дали ќе излезе некој од БлуКо да каже 'Дечки, гомна сме, упропастивме сериозна екипа и бизнис и све по список, извинете, ова што го сјебавме за пар години нема ни за декада да се опраи, ама ви ветуваме таму негде 2030тите ќе се бориме за титула," или ќе биде "Ок е сеа, шо да праиме, ти све сакаш преку ноќ не е тоа така, си има процес, чек малце, па Рим не бил изграден во ден, еве ги Јунајтед зад нас завршија, Арсенал исто без титула се, Сити се мачат со судови, Ливерпул без Клоп ќе се, шо сме ние полоши бе?" ... ќе видиме