Фан Клуб: Челзи

Член од
26 август 2008
Мислења
681
Поени од реакции
477
Ок, вака, победа, ама имавме многу среќа.
Санчез мора да се среди, направи многу глупости, ради среќа не прими гол.
Чилвел мора да е прв состав. Исто и Матсен. Не знам ова како ќе се изведе ама мора.
Палмер ни е моментално најдобар играч, без конкуренција.
Кукурела имаше добар натпревар, изгледаше како да е на стероиди, имаше мали грешки ама не луди "Кукурела" грешки.
Се надевам дека нема да е посериозно со раката на Џексон оти се гледа дека има кренато самодоверба.
Мудрик е добар уште да научи колку да се приближува до играчот и кога да почнува да го дрибла, оти од многу далеку тргнува и го блокираат лесно.
Одбраната беше малку слаба, ама не примија гол така да ќе се крене самодоверба малку.
УГУЧУКВУ го имаше моментот на натпреварот каде можеше сосем заслужено да добие втор жолт во рок од 5 мин и да ја заебе работата, ама арно судиите се тапа + немаше вар.
Се на се, заслужена победа, се надевам ќе се пренесе и во ПЛ ваквата игра. Само да не стартува пак со 3 назад и со Стерлинг.
 
Член од
16 јули 2010
Мислења
2.904
Поени од реакции
1.897
Не му е ова прв пат на Санчез вака да греши. За бранење е добар ама игра со нога му е катастрофа. И тоа Брајтон не играше некој јак пресинг.
Како некое правило да е или добро ќе брани а лошо ќе игра со нога или обратно.
Палмер мислам дека најпродуктивен ќе е на Амц позиција баш тоа што го игра Енцо.
Се надевам дека Покетино ќе престане да се глупира и ќе го врати Енцо поназад.
Кукуреља добар.

Голема замерка до Покетино. Челзи многу изгуби од како влегоа Галагер и Енцо на офанзива. Ова не е случај само сега сите натпревари до сега му се со тој пристап.
Премногу дефанзивно орентирани играчи во состав.


Sent from my M2007J20CG using Tapatalk
 
Член од
26 август 2008
Мислења
681
Поени од реакции
477
Чилвел повреден минимум 1 месец. мех, ќе игра сега кукурела и ќе примаме глупави голови.
 
Член од
16 јули 2010
Мислења
2.904
Поени од реакции
1.897
Еве ги во болница и Џејмс и Чивел после 2 натпревари во континуитет.

Околу Кукуреља ме радува што имаше добра партија против Брајтон, може ќе се среди.
Секако ќе биде тежок меч плус без Џексон но мора да се најде начин да се победи.



Sent from my M2007J20CG using Tapatalk
 
Член од
9 декември 2010
Мислења
482
Поени од реакции
199
Okolu utakmicata polna so greski od koi premnogu od sudiite, prvo crven za Ugocukvu, vtor zolt(predhodno imase zolt) ili direkten crven nedosuden sudijata imase cist pogled direktno na zglob bez dopir na topkata, dosudeniot ofsajd kaj vtoriot gol na Dzekson nepostoecki ovoj bese 1 metar pozadi, vtoriot ofsajd kaj Broja koj e vo nasata polovina pred da izleze eden na eden so defanzivecot na brajton, kukurelja go siluvaa prvo poluvreme, zatoa vtoro go spustija Matsen i go pomestija Ugocogvu da pomaga desno dosta i nemase tolku eden na eden so Mitoma.... tipov e tezok flop treba so zakon da mu zabranat da se zanimava so fudbal.
 
Член од
26 август 2008
Мислења
681
Поени од реакции
477
Живи ли сме кучиња???
Добар натпревар, сите изиграа добро, можеше да стегнат уште 2-3 гола ама ок, да не напинам.
Броја е супер замена, само финишинг да си го потренина повеќе нема да е лошо.
Мудрик се надевам дека не е повреден, искина од страна.
Галагер за пофалба, исто и Колвил. Цел тим на ниво, па дури и Кукурела.
Кол ни е сепак најдобар играч и мора да стартува пред Стерлинг.
 
Член од
16 јули 2010
Мислења
2.904
Поени од реакции
1.897
Добро прво полувреме, конечно Челзи личеше на екипа, ама второ ништо не одигравме чувавме резултат.
Почна да ме нервира Покетино со одлуки.
Прво полувреме поставеноста и изборот на играчи беше супер.
Ама второ незнам зошто Матсен влезе и уствари што он игра во Челзи.
Знам дека по позиција е лев бек, има играно лево, десно крило амц уште голман да го стави да игра.
Галагер го видовме понапред на амц позиција дека е многу подобар и попродуктивен за тимот а Енцо поназад. Второ полувреме се сменија и Челзи изгуби на игра.
Стерлинг на шпиц, па пушти ги тие дечишта што ги купивме од Бразил.

Цело време се измислува топла вода во Челзи.

Има доста позитивни работи секако.
Каиседо имаше супер натпревар, колвил исто. Еве го Мудрик исто се подобар и подобар ама почна редовно да игра, само се надевам дека ќе се справи со таа негова бариера брзање и ќе чека тајминг за дриблинг.

Санчез исто е спремен да погине за да фати топка ама мора да ја поправи играта сл нога. До сега не успеваа да го казнат ама прашање е кога ќе примиме гол поради тоа.
Кукуреља добар.

Е Палмер е посебен играч.
Браво за тој што одлучи да се купи во Челзи. Знае да направи разлика на терен.


Sent from my M2007J20CG using Tapatalk
 

dragonsky

Hate leads to suffering
Член од
25 декември 2010
Мислења
42.769
Поени од реакции
83.917
Штета што Еден не се пензионираше со Челзи :(

Играчиште и апсолутно легенда на Челзи. Заслужува на следниот натпревар некако да му се направи трибјут од фановите, а не би било лошо и да се викне на натпреварот па на полувреме да се испоштува.


Надвор од оваа тема, на играчиве како добро би им легнала една Конференциска/Европа лига...
Ќе биде тешка битката за тоа, ама дефинитивно тоа е следниот чекор. Ако не успеат да фатат ни Конференциска, слободно Тод нека си се концентрира на Златните Глобуси и ЛА Доџерс и нека го остави Челзи на некој друг богаташ со сомнителен морал.
Автоматски споено мислење:

Блекбурн :roker::roker::roker:

Вака така имаат шанса за Енерџи дринк купов да го земат, би било добро да се поклопат коцките, не сме ништо полоши од голем дел од екипиве што останаа во натпреварувањево, со малце среќа во ждребот може да влезат во 1/2 финале па за после ќе треба и малце квалитет
 

dragonsky

Hate leads to suffering
Член од
25 декември 2010
Мислења
42.769
Поени од реакции
83.917
--- надополнето: 28 мај 2012 во 21:47 ---
Eden hazard@hazardeden10
I'm signing for the champion's league winner.

Ај нек се угоде. :D:D
Еве го и оригиналниот твит/пост :D

Ако не се лажам буквално од тука прв пат го видов ова. Лета времево :D

(бонус: ако кликнете на цитатов ќе видите и уште една вест што дефинитивно испадна фејк :ROFLMAO: )
Автоматски споено мислење:

Иначе многу се 35-40 милиони, но таков стана пазарот, ептен се дигаат цените. Толку бараа, и Челзи, Јунајтед и Сити беа сите спремни да исплатат.
Ок, само и уште ова да го цитирам :D

Какви муабети сме правеле пред 10 години само, многу биле 35-40, а сега 120 ги фрламе ради реда :ROFLMAO:

А интересно е што буквално за Хазард го имав истото мислење како и сега за Каиседо. Бев некако резервиран, да не е премногу пари, од кај знаеме дали ќе го исполни потенцијалот, ризик е, квалитетен играч е, има висок плафон, ама дали ќе го исполни, па шо знам...

Знам дека Донев уште од тогаш беше хајпнат, ама тоа не мења ништо, Брњарчевски да го купат у Јануари ќе биде хајпнат пак :D

Ама браво, испадна дефиниција за Челзи изминатава декада и баш тој испадна мостот на транцизиониот период меѓу Лампард/Дрогба/Тери ерата и следната ера.

Да се надеваме дека Ензо/Каиседо ќе бидат мостот во транзицијата во новата ера за тимот
 
Член од
16 јули 2010
Мислења
2.904
Поени од реакции
1.897
Убаво ќе беше да се пензионира во Челзи,
но сеедно остави длабок траг во Челзи.
Човек што секогаш даваше максимум за Челзи, гледаше несебично да намести гол и помило му беше да асистира од што да даде гол.
Во Реал мислам пред се дека не доби поддршка после тие неколку повреди на почетокот и самите луѓе во Реал проценија дека подобро ќе е да се посветат на Винициус.
Но од друга страна не го бранам Хазард затоа што можеше да смени средина.
Секако вина имаат двете страни.


Зоки во моментов мислам дека и не ни треба Конференција лига, најбитно по мене е да се тргне притисок од играчите да играат фудбал и да се направи селекција од 13-14 играчи, со нив да се гура сезонава.
На лето остатокот на продажба и да се донесат квалитени и зрели играчи.

Еве после неколку утакмици играње еден исти состав веднаш се гледа подобра игра.
Секако има уште доста работа со тимов.

Sent from my M2007J20CG using Tapatalk
 

Kajgana Shop

На врв Bottom