Фан Клуб: Челзи

Член од
16 јули 2010
Мислења
3.080
Поени од реакции
2.026
Галагер дава 120% од себе за Челзи.
Технички не е како Маунт ама игра со срце за клубов и најбитното сака да игра за дресов.

Не е проблем толку тоа дали некој му кажал да не избацува Санчез или тоа било негова одлука.
Мене ми боде во очи тоа што ова на Санчез му е трета грешка по ред, требаше ова да се среди уште при првата грешка.
Или ако не може нека се смени со Србинов
сепак и он е одберен да биде во Челзи.

Модерниов фудбал бара игра со голман и конкретно таа ситуација беше правилна Санчез да игра со Силва, тоа што промаши е друга приказна.


Тактички да Покетино супер се постави исто и со Ливерпул беше добар, многу лесно можевме и двата дуели да ги добиеме.
Мене ме нервира тоа што со послаби екипи излегува дефанзивно каде што треба да се нападне и раното повлекување.
Челзи нема натпревари во лига на шампиони па да се штедат играчи.
А неколку победи по 4-0 и те како ќе ја кренат самодовербата на тимов макар била Лутон и Вимблдон.

Sent from my M2007J20CG using Tapatalk
 

The xx

Russia state-affiliated bot. ☑️
Член од
8 април 2013
Мислења
7.100
Поени од реакции
13.417
Еден играч што можеа да го пазарат ама некако незаинтересирани беа е Медисон.

Инаку оди формата нагоре, без разлика на резултатот. Малце на менталитеот треба да се поработи. Примивме гол и одма вода вуши.
 
Член од
26 август 2008
Мислења
745
Поени од реакции
543
Добро, сепак треба да се каже дека овој тим е заедно едно 3 месеци. За разлика од лани сме каде каде понапред.
Тука игра многу и тоа што Нкунку, Чилвел, Џејмс, Фофана се повредени и имаме сеуште зелен напаѓач.
За Кол не сакам да кажам ништо, да не го урочам.
Галагер е еден од играчите што најмногу напредна од почетокот до сега. Се гледа дека сака да игра за Челзи. Ми станува омилен играч после Џејмс.

Открадено ама Galadog се претвори во Galadawg. Snooooooooooooooooooooooop

Се надевам наредната да ја победат за да можат да одат со позитивни мисли во оган периодот понатаму. Господ знае како ќе поминат.
И најбитно, да се намали со повредите оти безвеза е вака со Колвил како лев бек повеќе од времето. А и Кукурела да не е многу во составот ако може.
 
Член од
16 јули 2010
Мислења
3.080
Поени од реакции
2.026
Се гледа дека Кукуреља сака да даде максимум и покрај тоа што ете клубот сакаше да го даде на позајмица.
Ќе го истрпиме сезонава па ќе видиме, јас и претходно кажав играч што сака да го носи дресов заслужува да добие шанса, со залагање на тренинг и воља се бива.

Истово важи и за Галагер и Мудрик.


Медисон секако мораше да се земе.

Sent from my M2007J20CG using Tapatalk
 
Член од
21 мај 2008
Мислења
11.030
Поени од реакции
11.667
:tapp: :tapp:

Прво му дозволуваат лабаво да нафрли, а Дисаси којзнае каде е на втора статива.

И немаше да дојде до ова ако се дадеше гол во прво...
 
Член од
16 јули 2010
Мислења
3.080
Поени од реакции
2.026
12 утакмици на Стемфорд во пл само една победа и тоа против Лутон.

Не дека Челзи играше лошо денес до примениот гол, не играше лошо Челзи ни против Арсенал ама не победија и тоа се гледа тоа се рачуна.
Џабе што Палмер сам им намести 3 гол шанси кога нема реализација и нормално премиер лига и казна стигнува.
И веќе видено сценарио, Челзи од како ќе прими гол веќе се губи идеја што со топка, почнува паника.


Вина некако оди и за Покетино, Дисаси или Колвил не се бекови незнам кога ќе научи. Во премиер лига клучна алка се напаѓачки орентирани бекови, ние измислуваме топла вода.
Матсен ми изгледаше поспремен од Мадуеке, мораше да го игра него.
 
Член од
29 јануари 2015
Мислења
7.278
Поени од реакции
20.260
Моите очекувања за мандатот на Покетино во Челзи, никогаш не беа долгорочни. Покетино, а некако сметам и дека тоа е идејата на сопствениците, не е доведен за долги стази, туку доведен е да воспостави структура, да стабилизира, индивидуално работи и поправа играчи. Освен ако не се случи некоја магија и освои свеисвашта. Е после тоа, да доведат некој помлад, напаѓачки екстра настроен фенси тренер ала Де Ѕерби. Така јас гледам на работите.

Криво ми е што резултатите не ја рефлектираат реалната состојба и она што Покетино го направи досега. А не е малку за краток период. На сите мечеви кадешто губевме бодови, тврда, бевме подобар противник на терен. Вила, Борнмут, Нотингем, Вест Хем, Ливерпул, Арсенал...
Нема никој да погреши со оваа констатација. Но, сепак, загубивме бодови. Само една победа дома и тоа против Лутон е премалку, без разлика во какви околности се наоѓаш.

Проклетството на тренерската професија е таква, на крајот од денот судбината ти е детерминирана од крајниот резултат. Тоа и самиот Покетино го изјави пред почетокот на сезоната и со пораз од Тотенхем, односно Сити, мислам дека Покетино нема да дочека Божиќ, за жал. Филозофија, игра, време, адаптација, легитимно и исправно, ама денешниот спорт не простува. Челзи особено.

Жал ми е, бидејќи во голема мера резултатите се такви поради несреќни околности и одредени индивидуални несреќни решенија на фудбалерите. Покетино изменаџира победа убедлива со Арсенал, џабе, се појави третиот голман на Брајтон. Му забележувам за некои измени, тајмингот, ин гејм моментот, но вака генерално и не многу.
Челзи и кога губи, не изгледа како тим кој не знае со кого игра, како лани. Изгледа како тим на кој му треба една сезона за да биде сериозен повторно. Што е разбирливо, ако се земе предвид возраста на ростерот и некои други состојби.

Индивидуално надградување (сегмент од менаџирањето на Покетино низ кариерата, по кој е познат) е ептен видливо за овој краток период.
Галагер е далеку подобар, Кукуреља е играчот од Брајтон и тоа на различни позиции и особено Мудрик. Убаво го користеше, не го фрли веднаш во оган и што е најважно - го научи како да биде инволвиран во сите фази од играта. Мудрик игра дефанзива сезонава, се нуди, се отвора. На добар пат е и тоа е единствено поради Покетино.

Повредите и отсуствата не ги коментирам, затоа што навистина не ми е јасно што се случува. Смешно и тажно истовремено. Огромна улога имаат и врз оваа сезона. Покетино можеби нема и да дочекаме да го осудиме, кога ќе има целосно фит состав на располагање. Искрено се надевам дека во иднина нема да купуваат играчи со историја на повреди, а овие што веќе ги имаат, лека полека да ги ослободат.

Единствена крупна забелешка за играта се однесува за нападот и фамозната последна третина. Језиви решенија, језиво е што после четири години не научивме да пробиеме низок блок, а кога ќе го направиме тоа (Кукуреља, Стерлинг, викендов со Брентфорд), не знаеме да
го погодиме голот. Мора посилни комбинаторики, мора разноликост и иновација. Статично додавање по страна и чекање да падне гол од небо, нема ништо да донесе. Поразов од Брентфорд е 100 пати виден досега. Како од буквар. Тоа оди на душа на Покетино, но оди на душа и на напаѓачите. Џексон после повредата е во минус со самодоверба, Стерлинг игра еден на шест натпревари, Мадуеке и Мудрик треба да работат уште повеќе, Мадуеке со посебен акцент. Само, не е виновен Џексон, виновни се тие што не доведоа искусен шпиц за да може Џексон да игра по/покрај него. Сега ќе гасат пожар зимава, доцна.

Средниот ред ми е многу добар, Палмер е мостот помеѓу и искрено, греота е да игра со играчи кои не знаат да смират топка. Какви пасови поделува дечково, технички најписмен играч во екипата, точно гледаш кој го тренирал претходно. Сигурно е рано, но Палмер може да е всушност она што сите го очекувавме од Хаверц.
Каиседо се врати на Каиседо од Брајтон, не се ни сомневав за него, Енцо е добар, но чувствувам некој замор кај него и уште недефинирана позиција. Галагер добар, Леси има добри камеа, да го видиме и Лавија ќе треба. Овде завршија одлична работа.

Одбраната концепциски не е лоша, проблемот е што брејнфартови на голманот и излети ненамерни на Силва, ептен го повредуваат тимов. Со враќањево на Бадиашиле, се надевам дека Силва ќе игра поретко (побавен е, нормално) и поефективно. Да избира Покетино мечеви за него.

Верувам дека за некое време ќе бидеме добри, верувам дека овие играчи поседуваат и знаење и талент. Дали Покетино ќе го искористи, или некој друг, не знам. Перидот е дебело транзициски и мора да се издржи. Ќе има и лоши резултати и помалку/ич титули, сигурно, составен дел од фазата. Да не паѓаме во депресии. Поголеми клубови од Челзи, како Јунајтед и Ливерпул биле/се без титула деценија/децении, пичка му материја, не сме ние исклучок како за тим формиран во 2003, нели.

@Io Sono Interista
 

The xx

Russia state-affiliated bot. ☑️
Член од
8 април 2013
Мислења
7.100
Поени од реакции
13.417
Кој бот е овој Санчез. Скроз нестабилен голман. Кој го пазари нека си ебе мајката.


Веќе не кошташе бодови. Нема да му биде последно.
 

dragonsky

Hate leads to suffering
Член од
25 декември 2010
Мислења
43.412
Поени од реакции
85.364
Четврт-финале во Лига куп со преостанати противници Вест Хем, Мидлзбро, Порт Вејл, Ливерпул, Евертон, Фулам и Њукасл...

Да не подгревам атмосфера за џабе, ама со малку среќа и победнички мајндсет постои добра шанса да го видиме Лампард како го крева трофејот во февруари....
 

The xx

Russia state-affiliated bot. ☑️
Член од
8 април 2013
Мислења
7.100
Поени од реакции
13.417
Фернандез и Џексон разочаеувачки.

Дисаси каков ерор стори на кеај. Санчез спаси.

Победава е поради Стерлинг и Палмер. Ниво подобри од останатите.


А и да. Куркуреља видно ја среди глата, нема испади, посигурен е со топка. Добра работа на Покетино.


Голема разлика од Челзи со Потер. Но има уште бајги бајги работа.
 
Член од
29 јануари 2015
Мислења
7.278
Поени од реакции
20.260
Фернандез и Џексон разочаеувачки.

Дисаси каков ерор стори на кеај. Санчез спаси.

Победава е поради Стерлинг и Палмер. Ниво подобри од останатите.


А и да. Куркуреља видно ја среди глата, нема испади, посигурен е со топка. Добра работа на Покетино.


Голема разлика од Челзи со Потер. Но има уште бајги бајги работа.

Мене Енцо ми беше добар. Офанзивно скромен, ама дефанзивно во прво полувреме ептен беше инволвиран. Немаше потреба да игра 86 минути, заедно со Палмер.

Мислам, ја разбирам интенцијата. Немаме за што друго да играме, Тотенхем е во понеделник, само можеа по 2:0 да добијат шанса Матос и Вашингтон, на пример.

Мене не ми е јасно зошто барем Петровиќ не дебитираше вечерва. Како стана Санчез незаменлив, јеботе. Имаше една ситуација кога фудбалер на Блекбурн истрча сам на гол, овој дреме на линија и не мрда. Погрешен тајминг има ликот за куп работи. Концентрација нула, таков беше и во Брајтон.

Галагер технички остана дибидус и остана дибидус. Џексон е во минус со самодоверба и тоа загрижува. После голот со Барнли мислев дека ќе му се врати, но некако човекот изгледа како да поминува во животот низ нешто. Тотална депресија. Ја нема енергијата од почетокот на сезоната, не трча кон гол, не прави пресинг. Нека му каже Покетино дека нема притисок врз него и дека не е тој виновен што некој одлучил дека на 21 година тој е човекот што треба да го води нападот на Челзи.

Враќањето на Бадиашиле е убава вест, дотолку повеќе и голот. А и враќањето на Џејмс секако.

Испаднаа големи екипи, ние сме во топ осум и убаво би било да избориме некое финале. Нека падне Порт Вејл сега и после во полуфинале ќе се р'ваме со Ливерпул, што има врска.
 
Член од
14 август 2022
Мислења
1.571
Поени од реакции
1.965
Фернандез и Џексон разочаеувачки.

Дисаси каков ерор стори на кеај. Санчез спаси.

Победава е поради Стерлинг и Палмер. Ниво подобри од останатите.


А и да. Куркуреља видно ја среди глата, нема испади, посигурен е со топка. Добра работа на Покетино.


Голема разлика од Челзи со Потер. Но има уште бајги бајги работа.
Многу голема, едно место разлика моментално на табела. :pos:
 

The xx

Russia state-affiliated bot. ☑️
Член од
8 април 2013
Мислења
7.100
Поени од реакции
13.417
@RATM

Можеше да го одмара комотно да го одмори денеска, ама пуста стсбилност без него во средината. Не ми е офанзивно Фернандез како што треба последен период.

За Санчез баш тоа го напишав кога излезе тој од Блекбурн сам, јесте не беше се негоава грешка. Ама како изреагира ау, да беше меч од Премиер лигата сигурен сум дека ќе го примеше.


@Saka Zulu

Во ред е да имаш различно мислење. Не мора само со кретенски сарказам да општиме. Сепак јас мислам дека подобро играме под Покетино него под Потер.
 
Член од
14 август 2022
Мислења
1.571
Поени од реакции
1.965
@RATM

Можеше да го одмара комотно да го одмори денеска, ама пуста стсбилност без него во средината. Не ми е офанзивно Фернандез како што треба последен период.

За Санчез баш тоа го напишав кога излезе тој од Блекбурн сам, јесте не беше се негоава грешка. Ама како изреагира ау, да беше меч од Премиер лигата сигурен сум дека ќе го примеше.


@Saka Zulu

Во ред е да имаш различно мислење. Не мора само со кретенски сарказам да општиме. Сепак јас мислам дека подобро играме под Покетино него под Потер.
Ништо не играме подобро. И против Брентфорд и Форест имав осеќај дека 2 дена да играат гол не дават. Толку безидејно и трапаво играат на противнички 16рец жал да те фати. Напомена, потрошени се милијарди фунти а неможеш дома гол на Форест и Брентфорд да дадеш. Подобрување никакво нема да има ни на табела, измеѓу 8мо и 14то место завршува Челзи.
Автоматски споено мислење:

@RATM Ја па мислам боље у наредна рунда Њукасл/Пул него полуфинале или финале. Кога би стигнале до самиот крај ќе извадат прв тим и ќе не испердашат, вака поголеми шанси имаме кога ќе комбинираат тимови.
 
Последно уредено:

Kajgana Shop

На врв Bottom