Мудрик има исклучителен талент, одлична контрола на топка, дриблинг, брз е и директен ама фудбалски е неинтелигентен во смисла дека премногу брза и ќе изгори во желба да се наметне и да направи нешто, треба да знае да процени ситуација и да игра интелигентно. Тоа во теретана не се учи, Винициус беше исти како него во Реал првите сезони па еве го кај е сега.
Ама не е доволно само Мудрик да го прави ова, треба да добие вистинска шанса и да врзе неколку утакмици како стартер за да видиме до кај е што е, минимум 5-6 утакмици по ред и да се научи тимов со него, тука гледам огромна кривица во Покетино иако е сеуште рано ама не му даде вистинска шанса. Се пичкари со Чилвел на лев бек а го имаше Мудрик и пред повредава.
Воочив некои работи кои сметам дека Мудрик не е добро менаџиран, прво, го тераат многу дефанзивно да работи, во ред е и треба ама во најголем дел од времето, се враќа дури на наша средина да прими и изнесе топка, а имаме директен и брз играч кој треба да трчи на одбрана и во простор, ние ова досега не го користиме.
Второ, со Чилвел не знам дали на инструкции на Покетино и претходно Потер, зимаат ист простор во напад што никако не треба да биде случај, Чилвел треба да е многу поназад и да држи тој простор за да нафрла топки, да пушта топки во простор за Мудрик а не двајцата да се гушат на раб на противнички 16ник.
Третото е погоре што кажав, дечково не добива реална шанса да се наметне, треба да го стартне неколку утакмици по ред и да игра, како и Стерлинг што играше а беше ужасно лош и да видиме како ќе се навикне тимот на него и самиот он, вака со влагање последни 15 минути, 20, така ништо не прават освен што го уназадуваат играчов.
А далеку од лош играч е, едноставно еве веќе трет менаџер по ред, не знае да го користи. Претходните двајца имаа изговори дека немаа средина, Покетино нема такви изговори, има се на распологање да го ослободи и да видиме до кај реално можеме со Мудрик.