Фан Клуб: Челзи

dragonsky

Hate leads to suffering
Член од
25 декември 2010
Мислења
43.412
Поени од реакции
85.363
Зоки во моментов мислам дека и не ни треба Конференција лига, најбитно по мене е да се тргне притисок од играчите да играат фудбал и да се направи селекција од 13-14 играчи, со нив да се гура сезонава.
На лето остатокот на продажба и да се донесат квалитени и зрели играчи.

Еве после неколку утакмици играње еден исти состав веднаш се гледа подобра игра.
Секако има уште доста работа со тимов.

Sent from my M2007J20CG using Tapatalk
За следна сезона зборам.
Не иде скокот туку така, како што гледаме и од сезонава.
Си треба чекор по чекор, очигледно нема ова да оди "неиграње во ЛШ" кон "топ4", туку ќе треба чекор по чекор.

Имаме ептен играчи на платен список што и те како добро би им легнале такви натпревари.

Еве на пример да игравме КЛ годинава, Андреј сигурно немаше на позајмица да биде пратен туку ќе играше таму. Вака, една година ќе изгуби во Нотингем Форест кај што не го играат.
 
Член од
14 август 2022
Мислења
1.512
Поени од реакции
1.896

И што ако изиграше 3-4 утакмици со Ференцварош и Балкани???
Ќе станеше играч материјал за ПЛ???
 
Член од
16 јули 2010
Мислења
3.075
Поени од реакции
2.023

Секако, се разбираме.
Нешто во тој контекст кажа и Покетино.

Според мене оваа сезона е битно да се постават темели во составот, да се види што е со Чивел и Џејмс дали може да се рачуна на нив. Секако квалитетни играчи се но џабе ако пола сезона се во болница.

Баш ме интересира како ќе изгледа Челзи со Нкунку, штета што се повреди.

Инаку за одбрана штоперски позиции дај да подискутираме што мислите?
Чалоба е дефинитивно аут.
Дисаси ми изгледа доста солидно заедно со Колвил.
Тиаго секако додека е здрав ќе игра прв тим.
Но Фофана и Бадиашил каде?

Sent from my M2007J20CG using Tapatalk
 
dragonsky

Hate leads to suffering
Член од
25 декември 2010
Мислења
43.412
Поени од реакции
85.363
И што ако изиграше 3-4 утакмици со Ференцварош и Балкани???
Ќе станеше играч материјал за ПЛ???
Уф, ако ти се верува, буквално тргнав ова да го објаснувам во првичниот мој пост и тоа буквално ги искористив истиве две екипи како пример :D

Ама среде пишување сфатив дека не можам на неконфузен начин да објаснам, а и дека што и да пишам муабетот ќе биде фиктивен пошто нема начин да знаеме во реалноста.

Ама на кратко... Да, мислам дека тие 3-4 утакмици со Ференцварош и Балкани ќе помогнат на играчите и на екипата.

Не ме прашувај како да ти објаснам ама да, стварно го мислам ова и дека тоа е потребно во моментов
 
dragonsky

Hate leads to suffering
Член од
25 декември 2010
Мислења
43.412
Поени од реакции
85.363
Кендри Паез има 16 години???? :eek::eek::eek::eek::eek::eek::eek::eek:

Мислев негде 18 дека е, не ми се верува дека буквално вчера го дознав ова.......

Аууу, каков Реал Мадрид тип на трансфер е ова, младо талентирано јужноамериканче што е земено пар години унапред пред да дојде во клубот.

Штета што целата ситуација во екипава е срање па не знам дали ќе успееме максимално да го искористиме, ама ова може да испадне генијален трансфер :cuc:

Да требаше следното лето да го земеме можеа слободно 80 милиони да ни бараат и ќе делуваше легитимна цената.

Страшна кражба може да испадне ова со оглед на тоа како се развива како фудбалер.
:cuc: :cuc: :cuc: :cuc: :cuc:
 
Член од
21 мај 2008
Мислења
11.009
Поени од реакции
11.647
Мирисаше дека Санчез или Колвил ќе си дадат автогол...што и се деси практично.
Автоматски споено мислење:

:facepalm: :facepalm:
 
Последно уредено:
Член од
15 ноември 2013
Мислења
1.538
Поени од реакции
2.665
Победена утакмица ја продаде Санчез, тешка тралалајка
 
Член од
14 август 2022
Мислења
1.512
Поени од реакции
1.896
На крај само нервози од добиена утакмица. Мрш у Чампионшип нека се распаднат, неам живци да ги гледам.
 
The xx

Russia state-affiliated bot. ☑️
Член од
8 април 2013
Мислења
7.084
Поени од реакции
13.382
Кој кур е овој Санчез беее?

Еј од величини како Чех, Кудичини, Куртоа на овој се потпираме за но.1?

Крш трансфер.
Автоматски споено мислење:

Џексон без душа.

Мадуеке појќе гомна изеде прред да почне да игра, него што има нешто изиграно нешто сезонава.

Касеидо дојде, се изнаслика и толку. Фудбал наредна сезона ќе играме.
 
Последно уредено:
Член од
15 ноември 2013
Мислења
1.538
Поени од реакции
2.665
Истава грешка ја направи и со Брајтон и Фулам ако не се лажам, за среќа не го казнија тогаш како сега Рајс.
Иначе утакмицава беше супер, во споредба со претходните (кои беа против послаби тимови) сите даваа се од себе и играа солидно. Трагедија е што Санчез искоцка победа, иако и овај резултат не е лош со оглед на тоа што Арсенал е посериозен и етаблиран тим за разлика од Челси.

Мислам дека се гледа прогрес во тимов иако ќе треба повеќе време за да се врати тоа старото Челси.
 
Член од
16 јули 2010
Мислења
3.075
Поени од реакции
2.023
Последниве 3 натпревари прави вакви грешки, ако се добро сеќавам со Ливерпул имаше грешка, мислам дека и со Нотингем имаше.

Не е битна толку точната бројка од што она дека се створи чуство дека секое додавање накај него и пас е потенцијална грешка.

Целокупната добра игра на тимот ја фрли во вода со тој пас и јасно беше дека Челзи
ќе прими гол а може и да изгуби.
Едноставно претходните две сезони го чинеа Челзи менталитет за победа.
Звучи смешно ама Челзи последниве 11 натпревари дома во пл има победа само против Лутон.

Вина има и Покетино, секако дека се гледа напредок, организација за разлика од лани ама премногу се затвора последниве 30 мин.
Арсенал не беше на ниво, мораше константно да го напаѓа со пресинг до крај.
Секако можевме и да водиме со 4-0 да погодеше Палмер и Џексон.

Ич не ми се свиѓа однесувањето на Стерлинг за изведување на пенал и мило ми е што Енцо пресуди барем за мене на правилен начин.

Sent from my M2007J20CG using Tapatalk
 
Член од
9 декември 2010
Мислења
601
Поени од реакции
337
Odlicna utakmica, prijatno iznenaden od Poketino i kako se adaptirase i ja smeni formacija i vo napad i koga se branat,
elem rezultatot e nebiten, vo odbrana igravme 4-3-3 vo napad galager-palmer-sterling za presing dodeka sredinava bese mudrik- enzo-kaisedo ona sto me iznenadi bese presingot sto go pravea osobeno palmer-galager, so samiot presing Kukurelja igrase ponapred i iskreno odgira najdobra utakmica do sea centarsutevi na mesto, pasovi napred, ne ispagjase vo odbrana, dodeka vo napad igraa nesto 4-1-4-1 so sterling isturen a kasedo na 6, faktot poradi koj go stavi galager levo kade sto igra Mudrik (koj e katastrofa vo odbrana, presing) i povlekuvanjeto na Mudrik vo sredinata dava nova dimenzija koga se transformiraat vo napad, formacijata i taktickata postavenost perfektno ova mi izgleda kako ona so Konte koga ja smeni formacijata i taktickata postavenost na igracite vo (3-5-2) greskite se neminovni no na Sancez mu se desavaat sekoj natprevar ima 1 do 2 vakvi topki vo noze na protivnikot, uste pred 2-3 nedeli trebase na klupa da oladi malku iskreno ne e greska na trenerov.
 
Член од
26 август 2008
Мислења
745
Поени од реакции
543

Брат запирка точка нешто а у??? Глава ме заболе дур го читав...

Иначе пред да ја заебе Санчез тренерот на голманите му довикува да не ја избацува веќе и да ја пушти таму каде што ја пушти. Не е целосна вина на Санчез, ама сепак, катастрофален момент и се очекуваше дека барем нерешено ќе извади Арсенал после тој момент.
Ова погоре може да е и Trust me bro, aма е од новинар што седел позади клупата на Челзи, така да којзнае колку е точно. @alex_crook е "новинарот".
 
Kajgana Shop

На врв Bottom