Фан Клуб: Челзи

Член од
26 август 2008
Мислења
742
Поени од реакции
541
а
Ако дојде тренер во екипа што се бори за титула, а тој после една сезона заврши на 4 место, тој тренер ќе бараат некои фанови да го сменат.

Пример - Јуве, екипа што се бори за титула, годинава беа второ место (без казната), пар поени оддалечени од 4 место, се борат за ЛШ до последно коло.
Фановите сакаат да се смени тренерот бидејќи иако е топ 4, сепак не ги исполнил очекувањата.

Ако дојде тренер во екипа што треба да се бори за топ 4, а тој заврши на 8 место, фановите бараат тој тренер да се смени (пример.... шо знам, Потер во Челзи?)


А што правиме ако дојде човек во екипа што треба да се бори за титула, а таа екипа завршува на 13 место?

Викаме "Ајде да му дадеме време" или?

За Тод прашувам.

Кога ќе излезат фановите на улица да бараат одговорност од овој човек??

Кога дојде Роман во Челзи, во првата сезона го избрка Раниери, иако тој стигна до 1/2 финале на ЛШ.
Фановите излегоа да протестираат против Роман бидејќи сметаа дека прави погрешен потег.

Што правиме со амеров?
Дечки автобусот што трга за контрапротестите во Србија за братот Вучич може да го фатиме и да продолжиме до Англија. Не знам што е толку тешко? На толку мака истрпена оваа сезона од играта на Челзи, и јас мислам дека е најдобро да тргнеме.
Koje so mene decki?
a
 
Член од
14 април 2012
Мислења
32.703
Поени од реакции
66.825
Не знам колку е изводливо, ама Палиња од Фулам ми делува како играч кој би имал премногу смисла за Челси. Енормна енергија, и перфектна замена за Канте.
 

Донев

★★
Член од
9 мај 2008
Мислења
35.753
Поени од реакции
52.715


Четврта титула по ред :aplauz:


 
Последно уредено:

McLovin

Politically Incorrect/Comedian/Mastrubator
Член од
11 август 2016
Мислења
3.522
Поени од реакции
13.831
Може ли да играат и за машкиот тим ако се декларираат како мажи?
 

The xx

Russia state-affiliated bot. ☑️
Член од
8 април 2013
Мислења
7.076
Поени од реакции
13.370
C

confusion

Гостин
Од сите што беа во игра за следен менаџер, сметам дека Покетино ни беше најдобар избор со оглед на младиот тим и немање идеја, карактер. Строг, стара школа, очекувам уште во Јули да почне со јаки подготовки и тренинзи, на тимов му треба дисциплина и физичка спремност, сезонава што одмина е доказ за тоа. Ќе донесе систем и се надевам мотивација, сакам да им гори под нозе на играчиве, сакам еден за друг да се изедат кој пред кого да игра а не да бидат лабави и без конкуренција, прво во тимот треба да има такво нешто за да бидеме и ние конкуренти, треба идеја и борба, а не летаргичност.
Најбитно е да се донесе напаѓач и ДМ, за напаѓач стварно не знам кој би донеле пошто маркетов е ужасен и со прецененковци а за ДМ, Угарте ми се свиѓа и таков профил одамна не сме имале во екипава а ни фали, а може и Каиседо, кој и да е од нив двајца, ќе ни добре дојде. После голман ама само да не е дебилон он Дортмунд или Онана зошто стварно не гледам со што се подобри од Кепа, само ќе се заебеме.
После продавања, очекувам едно 10на игрчи во најмала рака да си отидат и тука не смееме да бидеме милостиви, опроштај нема, голем од играчиве со години се летаргични и кумуваа во судбини на многу тренери, голем дел од гомнава и под Тухел играа скоро цела година незаинтересирано и без идеја, летаргично, затоа нема милост и треба да се гонат сите до еден, само Канте, Чилвел, Џејмс и Силва би ги оставил, сите други може да си идат.

ИН: Угарте/Каиседо, Тони/Осимен, некој голман, мада реално немаме потреба, не е Кепа толку лош колку што тие пред него кур ги боли.
АУТ: Ауба, Ковачиќ, Маунт, Хаверц, Зиех, Пулишиќ, РЛЦ, Кукуреља, Менди, Чалоба, Галагер, Азпи па би го ставил и Кулибали тука.

Нека се издешава 90% од ова и после ќе направиме осврт и да процениме реално какви ни се можностите ама вака од прва, пласман во топ4, да се вратиме во ЛШ со Покетино во прва сезона и ќе бидам задоволен. Потребна е огромна работа, мал тим и да се работи на ментален аспект пошто сме ужас.
 

dragonsky

Hate leads to suffering
Член од
25 декември 2010
Мислења
43.407
Поени од реакции
85.359
"The Argentine will begin his new role on 1 July 2023 on a two-year contract, with a club option of a further year."

Топ. Маестрално е ова.

Немам симпатии спрема Покетино, ама па што има врска, у таква ситуација е клубот, нека има резултати само, љубовта сама ќе си дојде.

Искусен тренер е, што е битно во овие моменти. Малце треба да си очаен или глуп за да ја прифатиш работава, ама па јбг, таква е ситуацијата.


Во "нормални" услови не би го сакал Покетино, ама реално е одличен избор за екипи што имаат пари, прават лоши трансфери, завршуваат 12 место и сакаат да се борат за Европа.

Така да изборот тука е или ние или Евертон од негов аспект :D

Мислам дека Покетино е добар тренер за целта што ја има овој тим, а тоа е враќање во борбата за Европа.

Арно ама, мислам дека дефинтиивно не е добар избор за да донесе титули, така да АКО успее во целта, и за 3-4 години од сега екипава стане дел од врвот на Англија, не би било лошо да не му се продолжи договорот и да се најде друг тренер за следниот дел од проектот.

Јас лично нема да го кривам премногу ако имаме лоши резултати, освен се разбира ако лично не бара одредени играчи кои потоа би потфрлиле. Eдноставно клубот е во катастрофална состојба што би рекол дека уште една потпросечна сезона не би била изненадувачка колку што би била топ4 сезона, на пример.

Со среќа нека му е.
Кој би рекол дека "Ќе го направам Челзи како Тотенхем" во моментов би звучело како апгрејд?

Ама ајде, нека направи од Челзи Тотхем следна сезона, па потоа може од Челзи да направи Астон Вила, Брајтон и Њукасл.
Па потоа, кога ќе треба да го направи Челзи Манчестер Сити..нека дојде друг човек :D

Гуд лак
 
Член од
26 август 2008
Мислења
742
Поени од реакции
541
"The Argentine will begin his new role on 1 July 2023 on a two-year contract, with a club option of a further year."

Топ. Маестрално е ова.

Немам симпатии спрема Покетино, ама па што има врска, у таква ситуација е клубот, нека има резултати само, љубовта сама ќе си дојде.

Искусен тренер е, што е битно во овие моменти. Малце треба да си очаен или глуп за да ја прифатиш работава, ама па јбг, таква е ситуацијата.


Во "нормални" услови не би го сакал Покетино, ама реално е одличен избор за екипи што имаат пари, прават лоши трансфери, завршуваат 12 место и сакаат да се борат за Европа.

Така да изборот тука е или ние или Евертон од негов аспект :D

Мислам дека Покетино е добар тренер за целта што ја има овој тим, а тоа е враќање во борбата за Европа.

Арно ама, мислам дека дефинтиивно не е добар избор за да донесе титули, така да АКО успее во целта, и за 3-4 години од сега екипава стане дел од врвот на Англија, не би било лошо да не му се продолжи договорот и да се најде друг тренер за следниот дел од проектот.

Јас лично нема да го кривам премногу ако имаме лоши резултати, освен се разбира ако лично не бара одредени играчи кои потоа би потфрлиле. Eдноставно клубот е во катастрофална состојба што би рекол дека уште една потпросечна сезона не би била изненадувачка колку што би била топ4 сезона, на пример.

Со среќа нека му е.
Кој би рекол дека "Ќе го направам Челзи како Тотенхем" во моментов би звучело како апгрејд?

Ама ајде, нека направи од Челзи Тотхем следна сезона, па потоа може од Челзи да направи Астон Вила, Брајтон и Њукасл.
Па потоа, кога ќе треба да го направи Челзи Манчестер Сити..нека дојде друг човек :D

Гуд лак
Од целиот пост издвојувам дека Покетино е добар да не врати во топ4 а не е добар да ни донесе титули.
?????
Ок, разбирам до некаде, ама до толку да се деградира Покетино е страшно.
Со Кејн и Сон, 6 динара и кило семки ги однесе Тотенхам во финале ЛШ кое што никогаш немаше да го добие.
Не знам каков тренер очекувате ама секако дека Зидан/Пеп/Клоп/Анчелоти нема да дојдат.
Покетино во овој момент и во оваа ситуација е премија за Челзи, не знам како попросто да објаснам. Подобар тренер реално не добиваме.
Со се ова кажано, може да се случи и бродолом, не знам.
Се надевам дека ќе ги добие играчите што ги сака и дека барем наредната сезона ќе се вратиме во Европа.
Вчера гледав дека било договорено со Угарте, требало само да се потпише договорот. Како што ги споредуваа, одлично се надополнуваат со Ензо, само во пракса како ќе е ќе видиме.
Голман, ДМ(Угарте) и Напаѓач се гледало. Најгласни се за Влахович а исто и Нкунку сметале дека може да игра оваа сезона таму, па немало до толку да се напаѓа.
Најголема веројатност е дека ќе идат со Лукаку-Онана замена, Угарте и Влахович.
Покетино бил запознаен со Угарте и бил задоволен со играчот (како што слушнав вчера од Бен Џејкобс).
Имаме 2 месеци сега да се освестиме за наредната сезона. Стегнете се оти ќе биде интересно :D
 
Член од
4 јуни 2016
Мислења
476
Поени од реакции
411
Сезона за заборав, најлоша сезона за Челзи од како памтам за себе. Наредната сигурно нема да биде полоша или барем се надевам, немам некакви очекувања од Покетино, од достапните тренери секако е најквалитетна опција.

Е сега околу трансферите. За наредната сезова веќе се договорени Густо и Нкунку што ми се допаѓа. Треба паметно да се пазари за средниот ред, во претходната сезонана немавме никаква контрола на средината, премногу простор и премногу играчи без енергија во средниот ред и од таму поголема опасност за нашиот гол и премногу креирани шанси против нас.

Лична желба ми е Каиседо, затоа што по игра е премногу сличен на Канте. Да се донесе Каиседо и овој што не поврзуваат Угарте би било одлично. Енцо, Угарте, Каиседо, Канте и уште еден од моменталниве играчи за ротација би било одлично. 60м Угарте + 80м Каиседо.

За одбраната мислам дека нема потреба ништо да се купува, имаме доволно бекови, Џејмс и Густо на десен бек, Хол, Чилвел и Кукуреља за лев. Централни имаме доволно + најверојатно Колвил ќе се врати од позајмица оваа сезона и ќе добива шанса. Најверојатно и ќе продадеме некој од моменталниве.

Голман не знам, за Онана не знам што да мислам, добра игра со нога, но премногу е склон и тој на киксови. Мартинез е океј голман, малку е ѓубре по карактер, но треба и таков во тимот. Раја немам мислење.

Нападот ни е составен од премногу некорисни играчи, премногу нереализирани шанси, летаргичност, недоволна воиграност, нема хемија меѓу играчите. Се надевам Покетино ќе го среди тоа. Ако се купува напаѓач идеално би било Кејн да се земе. 90-100м.

Кејн, Нкунку, Мадуеке, Стерлинг, Мудрик и уште двајца од моменталниве би биле доволни.

Каиседо 80, Угарте 60, Кејн 100, плус голман 40м = -250 - 300м евра за летен период би биле доволни. Голем дел од таа сума 80-90% може да ја покриеме со продавање на играчи. Имаме околу 10 играчи кои ќе се продадат летово.
 

Донев

★★
Член од
9 мај 2008
Мислења
35.753
Поени од реакции
52.715


Последниве два месеци почнав да добивам чувство дека е идентификуван како играч кој може да донесе најголем профит, потребен за да се покрие големото трошење. И ништо чудно да испадне точно тоа.
 
Член од
14 април 2012
Мислења
32.703
Поени од реакции
66.825
Нормално, на книгите е со 0 вредност, зашто е дете од академијата. Секоја пара што ке се земе од него е чист профит.
 
Член од
29 јануари 2015
Мислења
7.278
Поени од реакции
20.260
Не ќе да е само со тоа, во однос на ситуацијава со Маунт. Имаме ние и други играчи од академија со кои би ги покривале тие дупки. Далеку поневажни од Маунт. Вистината е некаде помеѓу. Верувам и дека нашиве (според артиклов му понудиле на Маунт договор пред Светското и Маунт бил пред прифаќање на истиот, а потоа магично го повлекле) имаат некои маневри направено, но верувам и во желбата на Маунт да ја промени средината. Во секој случај, Маунт е последниот играч од Кобам што треба да биде продаден.

Првиот неофицијален ден на Покетино како тренер на Челзи започна добро. Не го сакал Феликс во тим и тоа е исправно. Не само поради тоа што нам ни се допаѓа/не ни се допаѓа играчот, туку поради тоа што Покетино како тренер очигледно ќе има голем удел во донесувањето вакви одлуки, заедно со Стјуарт и Вајнстенли. Кога веќе назначуваш луѓе на такви позиции, остави ги да си ја работат работата. И тоа ептен ме радува. Тренерот и спортските директори да го составуваат ростерот.
Јасно беше дека Феликс не е по ќеф на Покетино.

Патем, нека му е со среќа доаѓањето во Челзи. Ќе речам, не ми беше прва опција, но еве и од оваа дистанца сега - Покетино е сензибилно, рационално решение. Како клуб во комплетно ништавило, потребен е човек кој ќе организира, ќе воспостави ред и дисциплина, ќе се навраќа на базата. Покетино е тој.
За титули, чуда, здравје. Клучно е да застанеме на нозе. Стилот негов ми се допаѓа начелно, се гледа офанзивно, се трча, се притиска, нема место на терен за лиглиња.

Првпат во не знам колку години, повеќе сум возбуден околу потенцијалните заминувања, одошто потенацијалните засилувања. Јуни нека биде месецот на истребување. Од јули, да се фокусираат на трансфер целите. Шпиц, нужност. Не сакам да слушнам за експерименти, Нкунку да играл таму, овој да играл таму. Шпиц, деветка, по секоја цена. Средњак (би било идеално двајца) и голман. Останатото според тековните случувања и потреби.

Деновиве читаме за Угарте и искрен да бидам гласините исто така ме радуваат. Така се погоди сезонава да изгледам едно десеттина натпревари на Спортинг и тој и Едвардс највеќе впечаток ми оставија. Ако се земе предвид напредна статистика, бројки, години, Уругваецов исполнува критериуми за тој профил. Може да игра и како единствена шестка пред одбрана, може и во двоец. Опасно куче. Ќе го отклучи Енцо x3, убеден сум. Се надевам дека брзо ќе го договорат, додека не запнат ПСЖ и Ливерпул.

Лофтус-Чик се збогуваше викендов, еве баш сега Романо сподели дека паднал договор помеѓу него и Милан. Нека му е со среќа. Сите страни задоволни. Ние ќе се ослободиме од неговата прилично солена плата, играч од академија, склон на повреди и поради тоа никогаш недефиниран, тој ќе добие шанса да исполни дел од потенцијалот во полесна лига и околина. Од Чик не можеме да се пожалиме, дечкото бил максимално коректен и фер. Никогаш за ништо не се побунил, не бушел тренери, не бојкотирал. Виатински chels. Со Томори во Милан нека газат во Сериа А.
 
C

confusion

Гостин
Јас кога би бирал помеѓу Хаверц и Маунт, би го одбрал Маунт во секое време пред магарево ама јасно е дека ќе го продадат ради ФФП, чист профит им е. А како ќе легне во формацијава на Покетино и да си ротира со Нкунку, перверзија.
Мада не ни сакам да го бранам, пошто:
- Одбивал продолжувања уште кога Роман бил тука.
- Не е толку константен играч колку што имаше среќа во прва сезона да игра под палка на Лампард кој му даде комплетна слобода во игра, и после во страшно добар систем на Тухел во кој неговите слабости не доаѓаа до израз.
- Се понаша како класично англиско преценето говно ака Мегваја што ако освоило ЛШ мисли играчиште е, многу брзо реалноста ќе го удри во глава кога ќе сфати дека во Јунајтед ќе игра на 8ца, нешто што неможе да го игра сеуште, а го чекаме со години, кога ќе почне да јаде хејт зошто иде од Челзи, ривал и ќе бараат од него добри партии и ќе пропадне у депресија пошто е научено се да му оди под газ. Ама ко е такво лигле, така и му треба.
- Неколку пати пробува преко татко му и тие агенти да фрли кал врз Челзи, како нешто клубов да му должи на него, што ти должи Челзи бе лигуш еден, тоа што те излгасаа за ПОТИ е само зошто си англичанец све ти ебам глупаво, многу ме нервираат англискиве „таленти“.
- Еве ги Џејмс, Чилвел, би ги рекол сите беа на исто рамниште со него, се виде кој е со глава тука, кој не, така да нека му е со среќа.

Ме нервира што ќе ни остане глупердава Хаверц пошто ни он не заслужува шанса повеќе од тоа што добил ама тоа е што е, барем ќе скапе на клупа, се знае кој ќе биде стартер на 10ка, Нкунку пошто е бог игрице за овие две изгубени телиња.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom