Тоа и јас го забележав. Не е дека игра лошо туку не комуницираат во одбрана или играат на инат еден на друг.Мадуеке игра многу добро, право крило, одма напаѓа, дрибла, гура напред, многу ми се свиѓа колку е директен. Со Мудрик имаме две солидни крила, само замислете сега да го нема магарево Хаверц кој е само лево сметало во средина и да имаме вистински напаѓач? Уф.
Кепа не знам што кур правеше толку напред од линија, голов идев 50% на негова кривица, 50% е на мизернава одбрана, Силва игра катастрофално неколку утакмици последни, не знам дали со паметот е веќе во Бразил ама така ми изгледа.
Не би го кривел само Лампард за тоа, и Потер претходно престана да го игра за да пробува да го спрема тимот за ЛШ. Е после Дортмунд зошто не го врати во лига, несфатливо е. Лампард дојде одма пред ЛШ каде секако не можеше да рачуна на него и тек сега добива шанса. Од сегашна перспектива подобро ќе беше може он да се регистрира наместо Феликс/Мудрик, ама тоа е. Тогаш и јас мислев дека е најлогично он и Нони да испаднат.А да, Бадиашиле. Убедливо најдобриот играч на Челзи од јануари, секој меч без грешка. Генијалецот Лампард го замрзна (како Рудигер онојпат). Зошто? Човекот е подобар од сите во дефанзивна линија (да и од Силва и од Фофана). Со каква леснотија игра, додава, без паники, без да се тресеме сите кога ќе добие топка. Има само 21 година, наликува дека новиот тим на спортски директори погоди со него. Мое мислење е дека погодивме со сите зимски трансфери, долгорочно.
Болдираното. Брачко, нема ни споредба. Азпи ни е најслаб капитен од кога гледам фудбал. Можеби е одличен во соблекувална, меѓутоа во натпревар е катастрофа. Само ќе споменам кога менаџерот Кепа одби да излезе и асистентот Сари доби 4 мозочни и неколку срцеви удари а Азпи си се ладеше на страна.За мене Силва е поголем мудоња од Азпи. А за капитенска лента тоа треба. Штета што е крај на кариерата. Си поеба неколку години во тоа мизерниот ПСЖ Силва али јбг пари накалапи.
Онана ги бркаат а незнам зошто не го проверат Маинан. Мене доста постабилен лик ми делува. Рајс ќе го пропуштат. Угарде е доста голем потенцијал. За шпиц незнам кој би го донеле. Мене лично ми е желба Кејн. Единствен англичанец кој константно е во врвот.
Голманите не ги знам, нема ни да коментирам. Само знам дека Раја е уште понизок и од Кепа, така да не се надевајте дека ќе смени нешто.Денес излегоа некои информации дека спремале трампа за Феликс, во спротивен правец Кукуреља и Обамејанг. Не знам што е фиксов со Феликс, со ништо не покажа дека заслужува место во Челзи, исто како и Кукуреља и Обамејанг. Стварно не знам што добро гледаат во ваков дил наместо сите тројца да ги продадат.
Јас имам само една желба за летово, нов голман, ДМ и напаѓач.
Кобел/Раја
Рајс/Каиседо/Угарте
Осимен/Тони/Муани
Да ама сепак не сфаќам што толку време помина кога Нагелсман ни удри корпа, Енрике самите не го одбраа.За волја на вистината, ниту Романо, ниту Лоу се ептен релевантни, а од нив само и од некои бедни ITK акаунти добивавме информации дека договорот со Покетино е постигнат, matter of hours, days...
За лајкови, се рециклира постојано. Ќе слушнат дека преговорите се позитивни и веднаш пренесуваат дека е завршена работата. Дотолку повеќе што Покетино нема агент и сам (со помош на адвокати) преговара со клубот. И мене ми е мака да чекам, ама ајде.
Орнстајн на пример, не се истрча и во понеделникот кажа дека Челзи ќе финишира со потрагата по нов тренер оваа недела. Е сега, ќе видиме до недела дали и таа информација е точна.