Како наркомани сме. Мала криза и одма промена на тренер.
Ај нека е така. И јас се слагам, не е Потер за голем тим. Ама кој друг моментално е бе брат? Кој?
Кој реално би застанал на негово место моментално?
Кој топ тренер би дошол во оваква ситуација, без трофеј, без топ 4, без ЛШ наредната година.
Кој, реално?
Мала криза? Некако не ќе да е мала. По сите статистички и видливи со голо око параметри, Потер е најлошиот тренер на Челзи во последниве 30 години. Тука ги имам предвид сите околности неповолни од септември, затоа и оставив време да се променат некои работи.
Кажи ми, кој играч е индивудално напреднат под негова палка?
Кажи ми дали препознаваш некаков концепт и игра и ако препознаваш, посочи ми точно каков и каде.
Еве, настрана резултатите. Тие ќе дојдат доколку имаш визија и конкретна идеја. Убав пример е Артета донекаде.
Инаку, не знам кој тренер. Ете, се изнавработија куп технички, спортски, полуспортски, полутехнички, заменик технички, в.д. спортски, директори. Плус, баратаат јако со бројки, нека им пресмета компјутерот кој би можел да го преземе Челзи.
Боели знае фудбал, се уверивме досега. Нека пронајдат.
Пријателот ги отпушти сите, освен тој што треба. Еве денеска го избркал човекот задолжен за теренот, заедно со неговиот син. Вработен во Челзи повеќе од 30 години.
Влече потези јаки, немаме гајле за ЛШ. Што е една сезона, пих.