C
confusion
Гостин
И не знам новиве директори ама ако имаат некое голманче што знае да игра на прекиди нека го носат, Менди и Кепа не се за овој клуб.
Како наркомани сме. Мала криза и одма промена на тренер.Проблемот е што на таа возраст, минат труд и неколку клубови, не можеш да го промениш менталитетот. Доцна е.
Затоа и исходот со него е извесен. Многу малку има допир со реалноста. А бизарноста на сезонава се огледува во тоа што Кепа ја презеде капитенската лента со Евертон.
Пак ќе речам, клуб што го брка Тухел и дозволува во даден момент Кепа да му биде капитен, не заслужува ништо добро.
И да, за оваа ситуација исто така вината не ја презема Потер, туку оној што го назначил и не сака да си ја проголта гордоста.
Мала криза? Некако не ќе да е мала. По сите статистички и видливи со голо око параметри, Потер е најлошиот тренер на Челзи во последниве 30 години. Тука ги имам предвид сите околности неповолни од септември, затоа и оставив време да се променат некои работи.Како наркомани сме. Мала криза и одма промена на тренер.
Ај нека е така. И јас се слагам, не е Потер за голем тим. Ама кој друг моментално е бе брат? Кој?
Кој реално би застанал на негово место моментално?
Кој топ тренер би дошол во оваква ситуација, без трофеј, без топ 4, без ЛШ наредната година.
Кој, реално?
Брат не заебавај, последните натпревари играта на Тухел беше тиња. Динамо не истури. Ќе те молам.Ама чекајте, нели Тухел бил проблематичен и неговото однесување довело до отказ, а не резултатите?
Тој како таков, пак добива ангажман од Баерн Минхен, клуб кој и те како не толерира слично однесување.
Некако ова не ми се вклопува во наративот што ПР-от на газдите го градеа од септември лани.
И последната карта Баерн несвесно им ја сруши. Нека наоѓаат сега оправдувања нови за еден најужасните потези во поновава историја на Челзи.
Идиоти.
Брат не заебавај, последните натпревари играта на Тухел беше тиња. Динамо не истури. Ќе те молам.
Сигурно има многу глупости во позадина а ние може само да претпоставуваме што и како се десило.
Дека Тухел е подобар тренер и стратег од Потер, да, се слагам.
Дали ќе бевме на подобро место со Тухел, не сум сигурен.
Пак ќе гледавме очобол натпревари каде што се врти околу 30/40 метри од голот и ќе даваа по некој гол на секој трет натпревар (слично како сега).
Сакам друго да кажам: А да се искешира Боли за Хојлунд? Страшно изгледа дечкото.
Го има тој предаторски инстинкт на Халанд. Супер линкап игра, брз е и одлично се позиционира. Да дојде во Челзи мислам дека ќе изгази.
200-250 за Хојлунд, Гвардиол и Рајс (или Каиседо) и да го заокружиме составот за наредните 10 години.
Уште асален голман ќе остане да се земе.
Може да се продадат слободно едно 7-8 играчи и со тоа да се зголеми квалитетот на составот.