Фан Клуб: Челзи

C

confusion

Гостин
И не знам новиве директори ама ако имаат некое голманче што знае да игра на прекиди нека го носат, Менди и Кепа не се за овој клуб.
 
Член од
26 август 2008
Мислења
698
Поени од реакции
496
Поразов оди на душа на Потер. Катастрофални измени имаше.
Со Евертон се браниш на 1-0 и на 2-1. Не си во Брајтон веќе чичо, нападни, скини ги и после на 2-0 или на 3-1 ставај дефанзива малку. Вака не иде.
Мудрик не го игра а оваа му беше утакмица да фати континуитет по асистенцијата претходниот натпревар.
Чалоба каде беше за вториот гол не знам. Сите што влегоа како замени не знаеа што треба да прават. Како изгубени делуваа.
Лофтус-Чик. Минус играч. Страшна стагнација.
Пулишич освен голот ништо друго. Отсечен и неприметлив.
Ај ќе оставам, нема да гњавам со сите негативни работи на натпреварот.

Потер или треба да смени менталитет дека е во голем тим или нека си оди.
До сега навивав за него, да успее, да покаже дека може да го направи тој чекор напред, ама веќе не сум убеден.
 
Член од
29 јануари 2015
Мислења
7.278
Поени од реакции
20.260
Проблемот е што на таа возраст, минат труд и неколку клубови, не можеш да го промениш менталитетот. Доцна е.

Затоа и исходот со него е извесен. Многу малку има допир со реалноста. А бизарноста на сезонава се огледува во тоа што Кепа ја презеде капитенската лента со Евертон.

Пак ќе речам, клуб што го брка Тухел и дозволува во даден момент Кепа да му биде капитен, не заслужува ништо добро.
И да, за оваа ситуација исто така вината не ја презема Потер, туку оној што го назначил и не сака да си ја проголта гордоста.
 
Како наркомани сме. Мала криза и одма промена на тренер.
Ај нека е така. И јас се слагам, не е Потер за голем тим. Ама кој друг моментално е бе брат? Кој?
Кој реално би застанал на негово место моментално?
Кој топ тренер би дошол во оваква ситуација, без трофеј, без топ 4, без ЛШ наредната година.
Кој, реално?
 
Мала криза? Некако не ќе да е мала. По сите статистички и видливи со голо око параметри, Потер е најлошиот тренер на Челзи во последниве 30 години. Тука ги имам предвид сите околности неповолни од септември, затоа и оставив време да се променат некои работи.

Кажи ми, кој играч е индивудално напреднат под негова палка?
Кажи ми дали препознаваш некаков концепт и игра и ако препознаваш, посочи ми точно каков и каде.

Еве, настрана резултатите. Тие ќе дојдат доколку имаш визија и конкретна идеја. Убав пример е Артета донекаде.

Инаку, не знам кој тренер. Ете, се изнавработија куп технички, спортски, полуспортски, полутехнички, заменик технички, в.д. спортски, директори. Плус, баратаат јако со бројки, нека им пресмета компјутерот кој би можел да го преземе Челзи.
Боели знае фудбал, се уверивме досега. Нека пронајдат.

Пријателот ги отпушти сите, освен тој што треба. Еве денеска го избркал човекот задолжен за теренот, заедно со неговиот син. Вработен во Челзи повеќе од 30 години.
Влече потези јаки, немаме гајле за ЛШ. Што е една сезона, пих.
 
Член од
18 јули 2012
Мислења
1.011
Поени од реакции
613
I bez Chl Chelasea e super destinacija za bilo koj klub , koj i da e sloboden od vrvnite treneri bi dojdol vo Chelsea .
Man Utd bes Chl go zemaa Ten Hag i Casemiro i red drugi transferi .
 
Член од
26 август 2008
Мислења
698
Поени од реакции
496

Два твита што ме израдуваа уште сабајле.

Првиот би бил засилување на кратко и долго време. Средината со него и Ензо би била коска.
Вториот би бил засилување на долго време и ќе ни треба малку трпение дур не среди се што може. Тука се надевам да го тргне Боули од играњето фудбал менаџер и да почне да склопува тим.
 
Член од
29 јануари 2015
Мислења
7.278
Поени од реакции
20.260
Мене Рајс ми се допаѓа, без разлика што има нешто послаба сезона од вообичаено. Туку, некако мислам дека можеби прво треба да побараме шестка, која ќе зрачи атлетицизам. Покрај Енцо. Доволно брз и стабилен, да може да повлече малку и нанапред. Рајс е добар во тој поглед, не знам дали е доволно добар.

За Кампос, ако се случи, сметам дека ќе биде задолжен за клубовиве што сакаат газдите да ги земат за да креираат мрежа. Конкретно Стразбур, евентуално.
 
C

confusion

Гостин
Не знам искрено, не викам дека Рајс е лош играч ама мене Каиседо ми се многу повеќе свиѓа за во пар со Енцо, млада верзија на Канте ми е, го има секаде, дефанзивно е доста добар ама од друга страна Рајс има многу повеќе искуство и плус во Вест Хем им е капитен, лидер а отприлика ќе коштаат исто.
Следува доста интересно лето, баш ме интересира како ќе го изменаџираат, има премногу просеци и ѓубре во тимов што треба да се исчисти и да се соберат средства, ова со Маунт не е воопшто добро, мислам дека ако си иде Маунт дефинитивно ќе го откупкат Феликс од Атлетико што воопшто не ми се свиѓа.
Нкунку ќе си дојде на 9ка и ако остане здрав ќе доминира во лигава, зборев со братучед ми што живее во Лајпциг и има сезонска карта и за Нкунку ми рече дека е можда најталентираниот играч што играл во тој тим, углавном играл на 9ка и во стил на игра е како Вернер само што знае да дрибла и link up play. Ја се мислев дека е крило или АМ, така нешто, он и во Лајпциг играл 9ка. Таман ќе се растерети Хаверц да игра по на средина и да дели топки, кога игра подлабоко дава многу добри партии и мислам дека во бламажава со Потер, најдобар играч ни е, највеќе има напреднато под Потер иако сеуште не е тоа што се бара од него и за кое е платен.
 
The xx

Russia state-affiliated bot. ☑️
Член од
8 април 2013
Мислења
5.861
Поени од реакции
10.906
Тухел во Баерн.

Ехх.
Гледај си ти амерички блокбастер наречен Челзи. Ти ебам јенките умрени.
 
Член од
29 јануари 2015
Мислења
7.278
Поени од реакции
20.260
Ама чекајте, нели Тухел бил проблематичен и неговото однесување довело до отказ, а не резултатите?

Тој како таков, пак добива ангажман од Баерн Минхен, клуб кој и те како не толерира слично однесување.
Некако ова не ми се вклопува во наративот што ПР-от на газдите го градеа од септември лани. :icon_lol:

И последната карта Баерн несвесно им ја сруши. Нека наоѓаат сега оправдувања нови за еден најужасните потези во поновава историја на Челзи.
Идиоти.
 
Брат не заебавај, последните натпревари играта на Тухел беше тиња. Динамо не истури. Ќе те молам.

Сигурно има многу глупости во позадина а ние може само да претпоставуваме што и како се десило.
Дека Тухел е подобар тренер и стратег од Потер, да, се слагам.
Дали ќе бевме на подобро место со Тухел, не сум сигурен.
Пак ќе гледавме очобол натпревари каде што се врти околу 30/40 метри од голот и ќе даваа по некој гол на секој трет натпревар (слично како сега).

Сакам друго да кажам: А да се искешира Боли за Хојлунд? Страшно изгледа дечкото.
Го има тој предаторски инстинкт на Халанд. Супер линкап игра, брз е и одлично се позиционира. Да дојде во Челзи мислам дека ќе изгази.
200-250 за Хојлунд, Гвардиол и Рајс (или Каиседо) и да го заокружиме составот за наредните 10 години.
Уште асален голман ќе остане да се земе.
Може да се продадат слободно едно 7-8 играчи и со тоа да се зголеми квалитетот на составот.
 
Тиња беше и поголем период, не само неколку. Динамо шутна еднаш и толку, патем.

Тухел имаше послаб состав од овој и исто така проблеми со повреди и отсуства. Само тоа изгледа за Потер важи како алиби.

Слично како сега, тешко. Бидејќи ние кога бевме фит и со далеку послаб состав игравме врвен фудбал во секоја фаза од теренот. Ги школувавме сите екипи во ЛШ на најдоминантен начин.
Тухел кога дојде, Челзи беше во очајна ситуација. Направи тоа што направи за краток период. Па на стартот од оваа сезона повторно станавме лоши. Муабетот ми е, ако некој знаеше уште еднаш да не препороди, особено со 300 милиони во јануади, да, тоа беше Тухел.

Настрана она на терен. Тухел беше фигура, авторитет, ликчина. Забораваме како се носеше сам со ситуацијата пред ликвидација и санкциите врз Роман и клубот. Сам.
Залудно е да ревидираме сега што постигнал и каков ефект имал кај нас. Газдите испаднаа дебили, нормално и тоа е тоа.
Одиме понатаму. Само не со Потер.
 
Последно уредено:

The xx

Russia state-affiliated bot. ☑️
Член од
8 април 2013
Мислења
5.861
Поени од реакции
10.906
А што викате за Џулиан? :icon_lol:

Во таква позиција ми е Потер, што и Седлоски е подобра алтернатива него он.
 
C

confusion

Гостин
Строго не.
Самобендисан, безобразен, се испокара со пола тим и стручен штаб башка се облача покрај аут линија како да оди на уметничка изложба и смути коктел парти од манго и ананас после напорен состанок. Премногу исхајпан, да стварно вредел Баерм нема да губи десетици милиони на него и откажува од долгорочен проект.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom