Фан Клуб: Челзи

dragonsky

Hate leads to suffering
Член од
25 декември 2010
Мислења
43.412
Поени од реакции
85.364
A чекајте малце, како тоа Тухел победува со играчи што беа отпишани од Лампард?
Играчиве биле добри или Тухел е добар?

Или ни едно ни друго туку 'batali sea batec, ne mozes taka da gleas na rabotite, greska napravi klubot sto go otpusti lampard, si ima tuka muabeti, ama aj ne mozam sea da ti objasnuvam, ne sfakas"
 
Член од
29 јануари 2015
Мислења
7.278
Поени од реакции
20.260
Саутемптон има шест порази во Премиер Лига. Умирам од страв од овој податок. Победа против нив пред Атлетико би била полн погодок.

Рутинирана, добра партија. Во второ застанаа, не форсираа, да се зачува силата. Одои е многу напреднат генерално сезонава. И под палка на Лампард покажуваше зрелост, продолжи и со Тухел. Само мора да верува повеќе во себе, да шутира, да крене глава кога пробива, а не реда-ради да нафрли во шеснаесетник.
Маунт ми изгледаше уморно, јас би го одморил пред ЛШ викендов.

Одиме понатаму.
 
Член од
16 јули 2010
Мислења
3.087
Поени од реакции
2.033
Коректна утакмица, второ полувреме не се форсираше толку разбирливо не чека пеколен распоред.
Јас уште првиот ден не сум фан на играчите што ги игра Тухел и мислам дека одредени играчи не треба да играат т.с не се доволно квалитетни ама мора да се навикнеме.
Кога веќе се даде шанса на Жоржињо, Алонзо и Рудигер не гледам причина зошто не би се дало можност и за Кепа, која по пат во купот и оваа денес се покажа сосема добро, имаше по 1 супер одбрана.

Жоржињо и Ковачич функционираат многу добро заедно, мора да признам како и Алонзо во оваа формација.
Одои изгледа дека највеќе му лега оваа позиција, каде што има простор повеќе за крило ми делува се уште незрело.
Пеналиве никако неможам да ги разберам во Англија. Сезонава какви се пенали се има судено, очигледни контакти врз Абрахам и Вернер не ни беа предмет за вар.


Саутемптон е многу незгоден противник, без разлика на криза, без разлика што примија 9 гола од Манчестер и се со еден куп повредени играчи знаат да играат добар и дисциплиниран фудбал.
Така да би го окарактеризирал како тежок натпревар како и сите други во овој месец.
Му следи тежок распоред на Челзи воедно и прав тест за Тухел, па ќе видиме.
 

dragonsky

Hate leads to suffering
Член од
25 декември 2010
Мислења
43.412
Поени од реакции
85.364
Посилниот пол во 1/8 финалето на ЛШ ќе игра против Атлетико Мадрид.

Другата екипа на Челзи ќе игра во 1/8 финалето на ЛШ против Атлетико Мадрид.

(и чисто ако некој го интересира, младинскиот пол во UEFA Youth League ќе игра со Салцбург)


1613474810858.png
 

dragonsky

Hate leads to suffering
Член од
25 декември 2010
Мислења
43.412
Поени од реакции
85.364
Што очекуваме од ЛШ сезонава, на една недела пред првиот меч?
Реално, можевме полесен противник да добиеме, ама сепак, мислам можеме да се носиме со Атлетико, играат фудбал што ни одговара. Мислам 50-50 се шансите објективно, може една грешка да го реши двомечот.
Доброто е што Атлетико се знае како ќе игра, не треба нешто премногу мислење за тоа што да се очекува од нив.
Мислам дека можеме да ги поминеме, а еве, Атлетико како во последниов месец малце да паѓа во форма т.е. не е тоа што беа на почеток на сезоната.

Пред сезонава рековме барем 1/4 финале би било реално да се очекува и посакува. Да ги поминеме Атлетико, па за понатаму се повеќе е плус.
 
Член од
16 јули 2010
Мислења
3.087
Поени од реакции
2.033
Посед и да се чува топката што е можно повеќе, барем така ми изгледа дека инсистира Тухел.
Тука највеќе ќе дојде до израз Ковачич и Жоржињо да извади некоја добра партија.
Дека Челзи нема да направи грешка позади со оваа постава што ја игра Тухел е невозможно, плус Суарез сезонава е во топ форма, а кај нас Вернер и Жиру можат да промашат зицер од метро.

Не би рекол дека е 50-50.
Најбитно да сме растрчани и мотивирани па што биде нека биде.
 

Донев

★★
Член од
9 мај 2008
Мислења
35.761
Поени од реакции
52.733


Не ми се свиѓа што отишол по стапките на Мурињо. Очекував да има отворена комуникација со сите играчи. Конкретно со Томори мислам дека го изеде притисокот и тоа што цело време му вадеа статистики за примени голови, па реши да се потпре на поискусните играчи. Но лошо е ни приватно да не му ја објасниш ситуацијата на играчот и да го оставиш со месеци изолиран, посебно па играч на кој претходно многу си се потпирал. И летото остана мислејќи дека ако се покаже на тренинг ќе добие пак шанса.
 
Последно уредено:

Донев

★★
Член од
9 мај 2008
Мислења
35.761
Поени од реакции
52.733
Силва не е спремен за утре, Пулишич имал некој затегнат мускул или нешто па најверојатно нема да е во тимот. Хаверц и Тами се спремни.

Не е потврдено, ама изгледа натпреварот против Ливерпул што се одложува поради ФА Куп ќе го пикнат после Јунајтед, што би значело...

Атлетико
Јунајтед
Ливерпул
Евертон
Лидс
Атлетико

:popce:
 
Член од
29 јануари 2015
Мислења
7.278
Поени од реакции
20.260
Пулишиќ...докурца.

Не ме ни чудат поврзувањата со крила за следната сезона. Џабе дечки, талентиран е, добар играч, со потенцијал да стане навистина играч ипол, ама ништо. Не бива вака. Да му е страв на човек да го погледне.

Јас би се ослободил на лето од него. Сега кога и повеќе од потребна ни е широка клупа, Тухел не може да смета на неговите услуги. Пичка му материна.
 

dragonsky

Hate leads to suffering
Член од
25 декември 2010
Мислења
43.412
Поени од реакции
85.364
Ќе биде интересно после, прва посериозна утакмица со Тухел на чело, каде реален може да биде секој исход.
Особено што играме ЛШ на гости следна недела... ќе биде интересно.
 

Донев

★★
Член од
9 мај 2008
Мислења
35.761
Поени од реакции
52.733
Ќе биде интересно после, прва посериозна утакмица со Тухел на чело, каде реален може да биде секој исход.
Зошто? Баш ако не се лажам Сотон е тимот во најлоша форма против кој ќе играат под Тухел така да реален треба да е само еден исход. Ама историски знаеме дека баш во вакви моменти имало неочекувани киксови :D
 

Kajgana Shop

На врв Bottom