Нема да бидеш луд
@true blue, многумина треба да се угледаат во него.
Се менуваат тренери, играчи, луѓе во управи, власти низ светот, паѓа доларот, паѓа фунтата, глобално затоплување, биткоин, роверот на НАСА слета на Марс. Само едно е константна. Челзи да раздава бодови на екипи кои се потонати во мизерија. Алал.
Тврдам, значи тврдам, не постои ниту еден играчки состав во лигава кој е помалку фудбалски писмен од нашиов и не постојат фудбалери на други тимови кои се во минус со интелигенцијата од нашиве.
Како бе друже Хадсон-Одои излегуваш сам пред МекКарти, целото време го имаш на светот да донесеш одлука и се решаваш да проиграш во ногата на противникот? Како? Па за таков потег би те седнал на клупа 20 натпревари, а не да се мрштиш што те вади од игра тренерот после тоа.
Единствено му забележувам дебело на Тухел за тоа што првично го избра Алонсо во стартни 11, а потоа зошто ги одигра сите 90 минути. Убедливо најочаен поединец заедно со Ковачиќ.
Од недела во недела сум импресиониран од Ковачиќ и од неговата способност од Зидан во еден меч, да се претвори во Чарли Адам во следните пет. Секоја чест.
Муса Џенепо со една нога и една рака денес ги направи попара. Толку треба да се знае за изданието против еден ваков Саутемптон.
Нека се изгура сезонава и од лето уште еден добар рез почнувајќи од одбраната. Штом еден Рудигер е најстабилниот, знаеш колку е часот.
И да, Зијеш друже, намали со куроболието и чаламот. Не ти е ова ВВВВВВВВВ Венло.
Што е најтрагично, повеќе сум оптимист за Атлетико отколку што бев за ова гостување. Ебате тимот ебате.