Да беше Тијаго Силва спремен да игра наместо Кристенсен, полесно се проголтува Кепа на голот. Комбинација на двајцата гулабари како последни дефанзивци не е на арно. Единствена потенцијална забелешка за Менди на која можам да се сетам е примениот автогол од Рудигер. Ако тоа му е гревот за клупа, катастрофален менаџмент од ТТ. Од друга страна, Кепа имаше една одлична интервенција против Барнсли и стандардно лош останат дел од натпреварот за него. Не дека Менди е најдобар голман во светот, ама се ова е недоволно за да биде заменет од Кепа.
@RATM и пари се во игра ама според мене, само делумно. Демек ако игра има поголема шанса за било каков трансфер? Па со секој настап човекот изгледа се полошо за потенцијални клубови за трансфер, значи баш обратното. Единствно ако има некаква магија во ТТ па да го врати во неговиот врв кој го имаше под Сари кога беше еден најобичен просечен професионален голман.
Поголемиот дел е его на принцезата, и самиот ТТ во првите интервјуа си се изјасни, добро било што е јасна структурата на клубот и нема многу личности кои носат одлуки.
Останатиот состав очекуван за мене, се надевам на брзо доопорувавување на Канте или пробување на Рис Џејмс на средина на терен за да ги снемува двете суви снегулки на средината од стартните состави. Вернер гол и асистенција.