Друже, ти ама апла напамет зборуваш.
До 25 минути Челзи се бранел? Челзи се бранеше само три минути затоа што, нели, мора и опонентот понекогаш нешто да направи. После прекин се напикаа во петерец и бараа пенал по играта со рака на Рекик. Е таа секвенца не е ,,бранење на Челзи". Што сме гледале се чудам. Не е првпат, ако сакаш искрено. Зијеш во неделата ти беше 10/10, тоа кажува многу.
Како мислиш шансите се релативна работа? Толку шанси да се релативна работа? Пристапот генерално создава шанси.
Шансите што сум ги навел биле откако Севиља се наоѓала во дефицит од два гола? Па ајде да не ги рачунаме. Или да не рачунаме ништо, бидејќи Севиља примила ран гол. Да се препрочиташе можеби?
На прозивката пред некој ден реагирав, па го избришав постот си викам ,,батали, различно гледаш на натпревари на Челзи, нека''. Овде очигледно не се работи само за различни гледишта на Челзи, туку се работи на целосно различно поимање на фудбалот. И затоа ќе останам на ова.
Челзи вчера не престана. И по првиот и по вториот и по третиот и по четвртиот гол. Не се повлече во ниту еден момент. Одеа на уште и уште. Вчера Челзи леташе на терен, против Тотенхем си трчкараше и чекаше грешка.
Уште еден податок за илустрација, можеби статистика ќе значи нешто дополнително. Челзи против Тотенхем имаше 13 шутеви, три во рамки на гол. Од тие три, два беа лабави шутеви директно во Љорис. Како оној на крајот од Жиру.
Тие шанси што ги зборуваш ,,ама да ги дадеше Тами како Жиру вчера", одвај да беа шанси. Повеќе прилики, полу-прилики. Абрахам на тие две-три топки се закопуваше во земја или беше разнесен од Даер-Родон.
Вчера Челзи имаше 17 шутеви на гости против шампионот на Лига Европа, осум во рамки на гол. И постојано присуство во противнички шеснаесетник.
Ист пристап, јеботе. Па уште безобразно барал одговори од нас, прозива тука. Еве за промена гледај го Челзи и обиди се следен пат да не трошиш нечие време со муабети и хипотези извадени од ракав.