Фан Клуб: Челзи

Член од
9 септември 2016
Мислења
560
Поени од реакции
398
Браво Еменало крвта да ти ја ебам,го продаде Аке кој можеше и стопер и винд бек да игра,а го задржа расистот Кенеди. :oleee:
 
Член од
16 април 2008
Мислења
2.509
Поени од реакции
2.348
Браво Еменало крвта да ти ја ебам,го продаде Аке кој можеше и стопер и винд бек да игра,а го задржа расистот Кенеди. :oleee:
Можеше и даст бек да игра ама јбг...
 
Член од
6 септември 2007
Мислења
8.088
Поени од реакции
8.138
Браво Еменало крвта да ти ја ебам,го продаде Аке кој можеше и стопер и винд бек да игра,а го задржа расистот Кенеди. :oleee:
Срамота кинезите народ да ги нарекуваш племе им ебам.
 

Hurin

Pokerface bastard
Член од
3 јуни 2009
Мислења
8.537
Поени од реакции
14.670
barkley se predomislil na sred medicinski pregled
da ne bea arsenal tolku mizerija ke jadea remet do beskraj
 

Донев

★★
Член од
9 мај 2008
Мислења
35.571
Поени од реакции
52.376
Drinkwater, who arrived from Leicester City, will wear the number 6.

Zappacosta, signed from Torino, will be our number 21.

Запакоста (y) Одличен трансфер.
Што играч е? Од тоа што читав, бил подобар во офанзива него дефанзивно. Значи нешто ко Алонсо :D[DOUBLEPOST=1504258720][/DOUBLEPOST]Drinkwater, who arrived from Leicester City, will wear the number 6.

Zappacosta, signed from Torino, will be our number 21.

Запакоста (y) Одличен трансфер.
Што играч е? Од тоа што читав, нешто ко Алонсо. Подобар офанзивно него во дефанзива :D
 

Донев

★★
Член од
9 мај 2008
Мислења
35.571
Поени од реакции
52.376
Време е да си ја напишам јас годишната анализа за трансфери, тимот и очекувања за сезоната :D


Трансфери

IMG_20170901_104555.jpg
Вили Кабаљеро - Најдобриот бекап за Куртоа што можеа да го донесат откако си отиде Бегович. Дојде како слободен играч, има веќе ПЛ искуство од Сити, нема да му смета да седи на клупа. Очекувам кога и да е потребно да игра, да си заврши солидна работа на голот.

Тони Рудигер - Го немав гледано баш во Рома, ама знам дека уште лани Конте сакаше да го земе, ама се повреди па пропадна трансферот. И еве во првите три натпревари бар јас видов зошто. Супер се вклопи одма во тимот и не дозволи да се осети отсуството на Кејхил. Верувам дека може целосно да му го земе местото и да биде причината поради која Кејхил ќе си седи почесто на клупа.

Тимуе Бакајоко - И за него веќе имаме доста пишувано. Супер сезона лани со Монако, и покрај тоа што играл со повреда која конечно ја отстрани сега со операцијата. Против Тотенхем видовме делови од тоа што може да го очекуваме од него, и едвај чекам да е целосно фит и да се вклопи во тактиката на Конте. Може да биде ептен битен играч.

Алваро Мората - Иако очекував управата да проба да го донесе Лукаку, сепак Мората уште од лани беше првиот избор на Конте и мило ми е што на крај он потпиша за Челзи. И имаше супер старт. Два гола и две асистенции во првите три натпревари за клубот. А и покрај тоа се гледа дека сеуште не е прилагоден на тактиката, ни на лигата. Со време треба се подобри партии да има.

Давиде Запакоста - Не знаев ништо за него. Дефинитивно не е прв избор, можда ниту втор, ама Конте си донесе свој човек, италијанец. Он му го има дадено и дебито за Италија. Според тоа што го гледав и читав, доста солиден вингбек е и има простор за напредок. Многу ме потсеќа трансферов на Алонсо од лани, и него вака последен ден го донесовме и не очекувавме ништо, па ете го сега.

Дени Дринквотер - Има доста луше кои се жалат за трансферов и сметаат дека е лош. Воопшто не го сфаќам тоа. На Челзи му требаше играч кој ќе пополни место во тимот, ќе дојде како четврт играч од средината и нема да се буни ако често седи на клупа, плус идеално да е од Англија. Дринквотер ги задоволува сите услови. Беше битен дел од шампионскиот тим на Лестер, и имаше одлично партнерство со Канте. Верувам дека ќе се најде кога ќе биде потребно да се прават ротации.

Кристенсен, Мусонда, Кенеди - Играчи кои веќе беа под договор со Челзи, но ни се вратија од позајмици за оваа сезона. За Кристенсен веќе се знае моето мислење. Мора да добие солидна минутажа сезонава затоа што верувам дека може уште сега добро да игра за првиот тим. Тоа и го покажа против Барнли и Тотенхем. Мусонда е огромен талент и тоа што не донесоа ново крило значи дека ќе има и он шанса да покаже што знае сезонава. На Кенеди му се поклопија коцките да остане поради тоа што не успеаа да донесат лев бек. Има ептен потенцијал и во него, ама карактерот му е ко на Коста и цело време заебава нешто. Да се надеваме декаконечно ќе му дојде памет. Би го спомнал тука и Баба затоа што интересна е ситуацијата. Ако реши Конте да му даде шанса откако ќе се врати од повреда, може и него да го видиме во тимот.

Се на се, сметам дека имавме само солиден трансфер период. Можеше и требаше да биде многу подобро. Се до трансферот на Мората јас бев задоволен затоа што играчите што си отидоа добро ги заменивме. После тоа очекував да продолжат така и да донесат уште 3-4 играчи за да се пополнат бројките. Очекувано беше да одат по хоумгроун играчи. Во тој момент имаа уште месец ипол време. И наместо да си ја завршат работата со време, они чекаа до последниот ден за да направат нешто. Секогаш се случува ова и не ми е јасно зошто никој во управата уште ја нема научено лекцијата и зошто никој не сноси последици. Никогаш нема да го разберам ова чекање до самиот крај. Разбирам дека некогаш само тогаш имаш шанса да завршиш работа, ама сепак не смеат да си дозволат до 5 до 12 да не се знае дали ќе успеат да донесат играч. За Окс знаевме веќе долго време, не ми е јасно како они не знаеле дека преферира друг клуп, ни па ми е јасно како не успеале да го убедат дека е добро за него да дојде во Челзи. За Љоренте (иако не сакав да дојде) пробуваа цела недела да се договорат со Свонси, за на крај воопшто да не пуштат официјална понуда за играчот. Поима немам што се случува, ама мора да научат нешто од грешките и да почнат да го покажуваат тоа.


Тим

Куртоа/Кабаљеро/Едуардо
Азпиликуета - Луиз/Кристенсен - Рудигер/Кејхил
Запакоста/Мозес - Канте/Бакајоко - Фабрегас/Дринквотер - Алонсо/Кенеди
Вилиан/Педро - Мората/Мичи - Хазард/Мусонда
Вака солидно делува тимот и покриени сме на секоја позиција. Првата единаеска во формата од лани, повторно може да вади такви импресивни резултати затоа што сметам дека со првите единаесет играчи можеме да се носиме рамо до рамо со Сити, Јунајтед и Ливерпул во ПЛ. Сепак, останува мислењето дека идеално се потребни уште бар двајца солидни сквад играчи. Едвај го чекам враќањето на Хазард затоа што он сам ќе го крене тимот за едно ниво.


Очекувања
Со моменталниов тим реално не можеме да бидеме конкурентни во сите четири натпреварувања. Посебно не во ЛШ. За таму ни фалат двајца класа играчи со кои би можеле да се носиме со најдобрите тимови во Европа. На пример да ги донесевме Сандро и Санчез, ќе кажев дека имаме супер тим за да се бориме и за ЛШ до крај. Вака, не очекувам некој значителен успех во ЛШ, се надевам само ќе стигнат што подалеку, со четвртина финале би бил задоволен. Во ПЛ се знае, мора да се фати топ 4 место, се друго е катастрофа. Сепак се надевам дека ќе можат бар малце да се вмешаат и во трката за титула, ама немам баш очекувања за такво нешто. Значи моите очекувања се топ 4 во ПЛ, што подалеку во ЛШ, без очекувања за полуфинале, и да освојат некој од двата купа. Не би било тоа некаква успешна сезона, ама сепак е можеби најдоброто што можеме да го оствариме моментално со овој тим.
Нормално, како што кажав и лани и се оствари тоа, ќе кажам и сега. Сепак имаме квалитетен тим, и со сезона како ланската, каде Конте ќе ја погоди совршено тактиката и сите играчи ќе играат во топ форма, можеме и сите трофеи да ги освоиме. Секако, шансите за такво нешто се скоро непостоечки, ама не треба и целосно да ги исклучуваме :D
 
Член од
19 март 2011
Мислења
18.984
Поени од реакции
40.195
Алваро Мората - Иако очекував управата да проба да го донесе Лукаку, сепак Мората уште од лани беше првиот избор на Конте и мило ми е што на крај он потпиша за Челзи.

:pos::pos::pos:
 

Kajgana Shop

На врв Bottom