Рутинирана победа, очекував повеќе борба од Арсенал.
Конте перфектно ги имаше поставено првите 11. После тоа од како влезе Зума во игра малку се загуби на поставеноста. Не поради тоа што примивме гол, имаше 2-3 пропусти на таа страна каде што беше Зума.
До сега немам никакв замерки верувам дека оваа 11 што ја форсира Конте е најсилна меѓутоа ептен касни со замените, мора повеќе минутажа за Вили и Фабре, барем 20 мин.
Мичи исто така заслужува повеќе минутажа, посебно вчера кога Коста успеа да упропасти најмалку уште 3 гола.
............................................................................................................................................................................
Нека му е со среќа на Бане во Зенит, ќе го паметам по тоа што е неверојатен борец на терен со големо фудбалско срце. За него немаше изгубен дуел или топка. Супер се вклопи како десен бек иако тоа не му беше првична позиција плус беше земен за да биде бек ап.
Еден од подобрите трансфери што ги има направено Челзи.
Добро е што го пуштивме, искрено веќе е истрошен за пл и екипа од ранг на Челзи. Се отвори место за некој млад, Аке, Аина.
...........................................................................................................................................................................
Френк догодина го сакам да седи покрај Конте, место Холанд.
Голема загуба е за фудбалот пензионирањето на Френки.
Прва асоцијација за Френки ќе ми биде вечност, заедно со Чави Алонсо и Занети.
За нив не постоше старот, години, умор, лоша форма. Секој натпревар го играа како да им е последен.
Убедливо најдобриот играч што има играно за Челзи. Секоја сезона со 10+ голови, сигурен сум да останеше дека ќе имаше уште две сезони со 10+.