Фан Клуб: Челзи

Член од
16 јули 2010
Мислења
3.088
Поени од реакции
2.033
Убав деби гол за повратникот од Кина. :aplauz:

Конечно да ги направи замените на време, да останевме со таа постава до 80 како што има обичај Конте ќе примевме погодок.

Мичи солидно одигра за минутите, супер градење.

Имаме залиха за на Енфилд и да загубиме пак сме во сериозна позитива.
 

dragonsky

Hate leads to suffering
Член од
25 декември 2010
Мислења
43.412
Поени од реакции
85.364
Ништо посебно утакмицава али си победивме.

Реално ќе биде огормен choke ако не ја освоиме титулава годинава. Следно коло ако го победиме Ливерпул правиме огромен исчекор до титулата (иако е ептеееен рано реално).

Што значи..ќе треба собир да се прави за утакмицата...ако не ви кажал Донев до сега :D
 
Член од
29 јануари 2015
Мислења
7.278
Поени од реакции
20.260
Ја истуркавме некако утакмицава, ама не игравме како што треба. Уште еднаш се докажа дека снагаторски екипи не ни одговараат и тешко излегуваме на крај со нив. Плус, како што вели Конте, многу е заебано во овој период да се игра против тимовите кои се борат за опстанок, бидејќи нив им гори под нозе, а во натпреварите со големциве влегуваат без притисок и нема што да загубат.

Во прво полувреме бевме солидни, немилата случка со Мејсон и прекинот од десет минути го успорија темпото во продолжение, но имавме контрола и голот на Хал висеше.
Во вториот дел, се сменија улогите. Ние игравме како екипа која се бори за опстанок, а Хал играше како конкурент за титула. Но, добро. Мора и вака валкано да се победува некогаш, одлика на... ај ќе почекам за ова, уште некое време.:icon_mrgr:

Драго ми е што Конте учи од ,,грешките''. Измените му беа правовремени. Педро и Хазард играа лош натпревар, вториов за волја на вистината, месец дена, или во изминативе пет натпревари, нема изиграно добра партија. Со влегувањето на Фабрегас, се ослободивме од притисокот и ја презедовме малку по малку контролата во средината (човекот е мајстор за ова) и голот некако беше неизбежен. А кој друг ќе асистира, ако не Цеск.

Некако имам впечаток, иако Матиќ е многу добар сезонава, повторно, дека Србинов понекогаш ја успорува играта. За разлика од него, Канте многу побрзо ја изнесува топката преку средината и повеќе се снаоѓа во нападот. Изненадувачки. Против Ливерпул и Арсенал не, сепак дерби мечеви се и ни треба цврстина, но против следниот условно полесен противник, би сакал да ги видам Канте и Фабрегас во прв тим.

Одбраната (освен Алонсо, кој офанзивно повторно беше добар, се уфрлаше, создаваше шанси, но дефанзивно извиси неколку пати и сета среќа што судијата не го виде/свирна очигледниот пенал) беше коска. Куртоа особено. :)

На Енфилд ќе биде тврдо, како и секогаш. Ако успееме да останеме непоразени, ќе направиме голем, голем исчекор.
 

Донев

★★
Член од
9 мај 2008
Мислења
35.761
Поени од реакции
52.733
Што значи..ќе треба собир да се прави за утакмицата...ако не ви кажал Донев до сега :D
Да, ќе организираме групно гледање со другарите од фан клуб Ливерпул. Се немаме собрано да гледаме скоро една година, па редно време е :D

За локација уште не се знае, сакам да видам прво и колку луѓе ќе се собереме. До сега сме 7-8, па секој кој што би сакал да дојде нека ми пише до петок, за да можам викендот да резервирам.
Значи збориме за Ливерпул - Челзи, на 31.01 во 21:00.

Еве и најава :D
 

dragonsky

Hate leads to suffering
Член од
25 декември 2010
Мислења
43.412
Поени од реакции
85.364
Ivanovic pred transfer vo Zenit. Navodno ke mu bilo dozvoleno da si ide ako e zainteresiran, isto kako Mikel.
Ја би го чувак Бране. Немаме некоја замена за него а може да игра и одбрана и место Мозес. Реално е вреден играч да се има на клупа, без него клупата би ни била ептен послаба.
 
Член од
16 јули 2010
Мислења
3.088
Поени од реакции
2.033
Ако ти текнува Чалоба влезе таму како замена против Манчестер и одигра сосема солидно.
Најдобра алтернатива за Мозес е Аспи, а централно би можел да игра Зума.
Други варијанти се Аке или Аина за куп натпревари.

Јас би го пуштил ако сака да си оди и така веќе е ептен надвор од форма.
 
H

HoT IcE

Гостин
Нене, без сентименталности, нема место за Бане во тимов, доволно има играно и пружено за Челзи, време му е за бегање. Би го играл Аина пред него секој ден, секој меч. Премногу ми е спор и тромав Бане, ќе ми остане како еден од најконстантни играчи на Челзи во одбрана, имаше фантастични сезони.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom