Фан Клуб: Челзи

Донев

★★
Член од
9 мај 2008
Мислења
35.761
Поени од реакции
52.733
Како и во претходното коло, повторно супер изиграа младите.
Вилиан конечно пак погоди слободен.
Педро ненормално игра, уште како голман нема дадено гол :D
Иванович доста влијаеше на играта откако влезе, па и гол си даде. Се надевам ќе остане до крај на сезона, никогаш не се знае кога ќе ти затреба.
Мичи се трудеше доста и си го заслужи голот. Ептен немаше среќа со офсајдите, плус на линија што му ја фатија таа.
Лофтус повторно одличен, штета што не даде гол, и он заслужи. Можеби паметко ќе беше да оди до крај на сезона негде кај што ќе гарантираат дека ќе биде стартер цело време. Верувам дека многу ќе му помогнеше.
Аке, Зума, Чалоба, сите добри. Аке рече дека прв пат игра на оваа позиција, а и на тренинг повеќе вежбал како лев централен. Ко за прв пат добро се снајде. Кенеди штом играше, не може да оди на позајмица, па ќе го имаме и него како опција до крај на сезона.

Одиме понатаму, верувам дека со истиов тим може комотно до финале да стигнеме :D


Michy Batshuayi in domestic cup competition for Chelsea this season:
5 games
4 goals
2 assists

 
Член од
16 јули 2010
Мислења
3.088
Поени од реакции
2.033
Челзи со Конте се одликува со колективен и дисциплиниран фудбал. Без разлика со која постава ќе излезе од овие 23 што се на располагање Челзи е истиот тим.
Нема поединци сезонава кои се истакнуваат Челзи може и без Коста, Хазард, Канте.
Не паметам да Челзи вака играл тимски фудбал, не се замислуваше да излеземе со 5- 6 младинци во куп натпревар, плус да игра организирано и дисциплинирано до 94 мин.

Аина го немаше во составот, нема да ме е ништо чудно доколку Конте го исфрли од тимот... поради тие негови доцни ноќни забави.
Кој сака да игра фудбал и да е посветен максимално добро, кој не има тимови од Чемпионшјип и Лига 1.

За Мичи па и би рекол дека е некое рандум црнче кое е собрано од Африка. Покажува сериозен потенциал за напачач, само треба почесто да игра исто и Чалоба.
 

Донев

★★
Член од
9 мај 2008
Мислења
35.761
Поени од реакции
52.733
Аина го немаше во составот, нема да ме е ништо чудно доколку Конте го исфрли од тимот... поради тие негови доцни ноќни забави.
Кој сака да игра фудбал и да е посветен максимално добро, кој не има тимови од Чемпионшјип и Лига 1.
Прв пат слушам за ова.
Или имаш видено Азпи кога го заебава на инстаграм, и си сфати дека прави некои забави овој :icon_mrgr:

Кажа Конте уште во петок дека изгледа ќе оди на позајмица. Сигурно има понуди, а Конте најверојатно смета дека подобро е да оди да поигра затоа што тешко дека ќе добие некоја шанса до крај на сезона.
 

Донев

★★
Член од
9 мај 2008
Мислења
35.761
Поени од реакции
52.733

Стави крај на кариерата еден од нашите најголеми легенди, а според мене и најдобар играч кој играл за Челзи. И тоа каква феноменална кариера остави зад себе. Пример е за комплетен играч и врвен професионалец.
Може нема сите да се согласат, ама за мене е најдобриот мидфилдер кој некогаш играл во ПЛ. Сколс и Џерард ќе ги спомнуваат во муабетот, ама Лампард ги имаше буквално сите квалитети кои ги имаа они двајца заедно. Вистински лидер на теренот, ја контролираше целата игра на средина, феноменална визија и пасови, и најголемата негова предност, голови.
Уште кога гледам видеа се чудам како може некој играч од средина да дава толку многу голови. Десет сезони по ред да дадеш 10+ голови од средина, од кои пет му се со по 20+ голови е невозможно да се достигне од било кој друг. Вкупно 303 голови во кариерата, 211 за Челзи и најдобар стрелец во историјата на клубот. 177 голови во ПЛ, со кои е четврт на листата на најдобри стрелци, и е единствен мидфилдер во првите петнаесет.

Треба стварно да сме среќни што го следевме Челзи во времето на Лампард и можевме да гледаме таков играч. Не верувам дека повторно ќе видиме некој таков во нашиот животен век. И најбитно од се, освои се што можеше да се освои со Челзи, и во секој трофеј беше еден од најбитните играчи, за многу и најбитен. Премногу битно беше да освојат и ЛШ. Во тоа време секоја сезона викавме оваа можеби е последна можност за старата гарда да освои ЛШ, и 2012 навистина беше последна можност, и Лампард заедно со Дрогба и Тери стварно се издигнаа и ги покажаа своите лидерски способности и успеаа да го постигнат тоа што бар таа сезона изгледаше невозможно.

article-1337467339499-132f2604000005dc-392992_636x390.jpg

Ко што прочитав и Дрогба најавил пензионирање на крајот на сезонава, а ништо чудно и Тери да се спрема. Не е пракса на клубот, ама се надевам дека ќе им текне на лето да организираат еден хуманитарен натпревар за Тери, Лампард и Дрогба на Стемфорд Бриџ каде што ќе играат со поранешни и сегашни соиграчи од Челзи. Би било вистински спектакл и одличен начин да се испратат од теренот за еден последен пат нашите најголеми легенди.
Па после ги чекаме повторно во клубот, со било каква улога.
 
Член од
29 јануари 2015
Мислења
7.278
Поени од реакции
20.260
Прво планирав да напишам збор-два за Ивановиќ, ама форумов не ми дозволуваше. Веднаш после заминувањето на Бане, се пензионираше и Лампард. Што е многу, многу е. Ако сега почнам да пишувам за Лампард, постот веројатно ќе биде испратен утре попладне. Толку многу има да се каже за еден од најдобрите фудбалери што некогаш Островот ги видел и еден од најдобрите фудбалери што некогаш играле фудбал. Овојпат ќе направам исклучок и ќе пишувам во суперлатив. Вистинска легенда, вистинска инспирација, вистински role model, како и во фудбалот, така и надвор од него.

Па затоа, нека остане на она што Донев и Хот Ајс го имаат напишано. Јас во некоја следна прилика поопширно, можеби.


И да, ова ми останува врежано во меморијата за цел живот. Каков момент.

 
Последно уредено:

dragonsky

Hate leads to suffering
Член од
25 декември 2010
Мислења
43.412
Поени од реакции
85.364
(ако не се отвара клик тука)


Бране. Фациште. Го зборев неколку страни уназад, али играчи како него и Есиен и Балак и Ешли (па и Оби Микел) се играчи кои што го направија тимов тоа што е. 100% давање секој меч, нема бунење, нема педерски работи. Борба до крај. Бране стана дел без кој што не се може. Придонесуваше премногу и во одбрана и во напад. Со среќа нека му е во Зенит, тука ќе биде запаметен по добро. Хероиште.

Лампард. Нема зборови. Еднаш се раѓа ЧОВЕК како него. Крајно аматерски е што ретадирани дебили кои што пушат курови за да си ја задржат работата (друго објаснување не гледам) дозволија да има неколку години во Манчестер Сити (лол) и во Њу Јорк, наместо да се види колкава беше голема неговата улога во тимот и колку тој физички беше спремен да игра (не зборам да седи на клупа како Тери сега.. да играше и оваа сезона гарантирам до сега ќе имаше неколку настапи и неколку голови. А и ќе го дадеше пеналот во вторникот)
Челзи може само да се надева дека ќе добие играч до пола од неговата величина. Хазардовци и такви слични играчи имаат материјал за учење ако сакаат да станат легенди во клубов. Остави премногу. Премногу кул на теренот. Премногу кул надвор од теренот. Ако сакате да бидете личност која што сите ќе ја сакаат изучувајте го Лампард. Нема half-assing кај него во секој аспект на животот е #winning. :cuc: * мал милион пати.

Се надевам Тери ќе се пензионира во клубов, барем тој нека биде симбол и знак на "Извинете, неспоспобни сме" кон останати играчи како Дрогба и Лампард кој што требаше тука да си се пензионираат.

Како и да е. Почнуваме нова ера. Ќе видиме колку долго ќе се задржат играчиве, ама оваа сезона ветува дека во скоро време повторно ќе гледаме натпревари за инфаркт во ЛШ.

:cuc:
 
Член од
26 август 2008
Мислења
752
Поени од реакции
549
Коста до летово а. Кина победува. Која сељачана се бразилциве, нема збор еј...
 

Донев

★★
Член од
9 мај 2008
Мислења
35.761
Поени од реакции
52.733
Коста до летово а. Кина победува. Која сељачана се бразилциве, нема збор еј...
Тоа е, поголем сељак од Коста нема, ни ќе се роди.Криво ми е што не го продадоа уште сега :mad:

 
Член од
26 август 2008
Мислења
752
Поени од реакции
549
Тоа е, поголем сељак од Коста нема, ни ќе се роди.Криво ми е што не го продадоа уште сега :mad:

Ако иде, ќе си се докаже и он како ситна душа. Вака ако продолжи, со моменталново понашање, со моменталниве игри, ќе се приближи на ниво на Дрогба. Ако не, ќе си остане на ниво на оскар, робињо, пато, тешеира и слични таленти :)
А нешто читам шпекулации за на лето. Коста во Кина некаде за 80че, Мората кај нас. Има нешто, или само шлајм шпекулации?
 

Kostic

Sadio smokve oko Tadz Mahala
Член од
31 јули 2009
Мислења
9.856
Поени од реакции
5.611
Drobenje denes vrz Arsenal taka !?!?!!?! nema druga opcija[DOUBLEPOST=1486207929][/DOUBLEPOST]

Вистински лидер на теренот, ја контролираше целата игра на средина, феноменална визија и пасови, и најголемата негова предност, голови..
 
Последно уредено:
B

bngj45

Гостин
Chelsea team v Arsenal: Courtois; Azpilicueta, David Luiz, Cahill (c); Moses, Kante, Matic, Alonso; Pedro, Diego Costa, Hazard.

Chelsea subs v Arsenal: Begovic, Terry, Zouma, Chalobah, Fabregas, Willian, Batshuayi.
 
Член од
26 август 2008
Мислења
752
Поени од реакции
549
Drobenje denes vrz Arsenal taka !?!?!!?! nema druga opcija[DOUBLEPOST=1486207929][/DOUBLEPOST]

Мислам на Балотели брат му, Мика Ричардс беше. За секунда заборави со која нога требаше да продолжи. Лампард, крал. И не е само ова, има Лампард многу вакви класични додавања. За Рамиреш против барса... ајде, ајде :)[DOUBLEPOST=1486209854][/DOUBLEPOST][DOUBLEPOST=1486209939][/DOUBLEPOST]Кои времиња, кои емоции еј, тешко да дочекаме овакви играчишта во нашиот век.
 
Последно уредено:

Kajgana Shop

На врв Bottom