Фан Клуб: Челзи

Член од
16 јули 2010
Мислења
2.979
Поени од реакции
1.937
Мораше и ова да се случи некогаш, криво ми е само поради тоа што неможевме да го подобриме рекордот, ама од друга страна па никој не очекуваше дека воопшто можеме до таква низа барем не сезонава и не со овој тим.

Много ме потресе Конте со замените, неможе Фабрегас и Бачуаи да направат разлика за 10 мин, мораше веднаш да менува двојно после 2 гол... ама океј немам право многу да критикувам.

Ми се направи мерак што Челзи тргна уште од прва секунда од второто агресивно да го израмни резултатот, бевме многу блиску ама ете не не сакаше среќата. Можеби карма поради тоа што имавме среќа со Сити.:D


Ептен брука голови примивме индентични, копи паст, ама и тука нема простор за критика...
Аспи цел живот игра како бек, ова му се првите 3 месеци како централен, Мозес исто така од крило оди на бек... очекувани се вакви испади.


Педро ме разочара максимално, ептен беше слаб со право му се лутеше Коста, значи имаш контра наместо да рашируваш на страна овој истрокира, незнаеш кај тера.

Тоа е тоа во глобала очекувано сценарио, Тотенхем дома се многу незгоден противник поготово последниве 2-3 сезони, ние си имавме свои шанси не успејавме да ги искористиме и казна стиза...

Нареднава ни се Лестер и Хул, очекувам да ги добиеме и после да ги вкрситме мечевите со Лфц...
 

Донев

★★
Член од
9 мај 2008
Мислења
35.613
Поени од реакции
52.464
Не е толку страшно што изгубивме, секако се знаеше дека кај и да е некој ќе ни ја прекине серијата. Ама не ми се свиѓа тоа што цели 90 минути не видов ништо од тимот што имаше 13 победи по ред. Воопшто немаше борба и желба за победа. Неколку играчи изиграа криминално и требаше уште на полувреме да има замени.

Тоа е, последниве години гостувањето кај Тотенхем ни е едно од најтешките. Среќа па на последните 50 имаат само 5 победи :D

Најзаслужен пораз, како оној против Арсенал. Само да не креваме паника и да не заборавиме одма што направија до сега. Нека ги согледаат грешките и нека се вратат со победа, и овој пораз нема да има никакво значење.
 
  • Ми се допаѓа
Reactions: D_T
Член од
3 јануари 2015
Мислења
245
Поени од реакции
509
Заслужен пораз, но штета што се примија погодоци на крај од прв дел и во моментите кога Челзи тргна агресивно и имаше шанси за израмнување.

Али факт, Тотенхем дефанзивно одличен, физички спремен веројатно најдобро во лигата, само штета што рекордот не е достигнат.

Индивидуално да биде критикуван ниту еден играч не заслужил.
 
Член од
29 јануари 2015
Мислења
7.278
Поени од реакции
20.260
Пораз фрустрира, без разлика на се. Иако секогаш во јули кога ќе излезе распоредот и кога ќе фрлам поглед, ова гостување го пречкртувам, не надевајќи се на бодови.
Но не ме нервира само тоа што загубивме и ја прекинавме серијата (дури мислам дека тоа што ја прекинавме серијата, ќе го намали притисокот) не ме нервира ни тоа што загубивме од Тотенхем, овој Тотенхем, ме нервира и никако не можам да сфатам, а мислам дека и никој не може да објасни, како тоа ВХЛ во последниве 12-3 години е најтешкото гостување на Челзи.
Сериозно. Традиција, океј. Имале незгоден тим, имаат и Сити и Ливерпул, па знаеме после две-три гостувања да однесеме и три бода.
Се менуваат тренери, стручни штабови, се менува цела постава. И повторно исто и повторно Челзи губи/не победува против Тотенхем на гости. Во различни периоди, во различни сезони. Надвор од умот, бре.

Денес не бевме добри, пишав и во другата тема, очигледен беше заморот кај поголемиот дел од играчите. Затоа мора и да се купува, сезоната е далеку од готова, па затоа муабетите ,,имаме играчи на позајмица за следна сезона, не мора да купуваме сега'' се бесмислени. Следна за следна, Челзи ако сака докрај да е конкурентен и да се бори за титула, неопходно е да пазарува. Конкретно, играч од средина, копач ала Ванјама и одбрана (лев бек е приоритет, за да може да се менува со Алонсо).
Освен тоа, Конте мора и повеќе да ротира. На домашен терен, против релативно послаби противници, дел од првотимците треба да одмараат. Барем по двајца-тројца.
Втората многу мала забелешка на сметка на Конте е онаа добро познатата, тајмингот со измените. Останатато е се на место.
Сакав да го искритикувам Куртоа. Аман излегувај на нафрлени топки, аман. Не смееш гол како вториот да примиш, едноставно не смееш.

Следен меч - Лестер. Стравувам некако од ова гостување, иако сезонава не се ни приближно добри како лани, сепак се актуелни шампиони, имаат добри играчи и можно е да се повампират како на мечот со Сити. Но мора да запнат нашиве и да покажат дека натпреваров со Тотенхем бил само лош ден и ништо повеќе.
 
Последно уредено:

Џони Вајсмилер

Don't share my food
Член од
15 февруари 2010
Мислења
15.489
Поени од реакции
15.506
.
Но не ме нервира само тоа што загубивме и ја прекинавме серијата (дури мислам дека тоа што ја прекинавме серијата, ќе го намали притисокот) не ме нервира ни тоа што загубивме од Тотенхем, овој Тотенхем, ме нервира и никако не можам да сфатам, а мислам дека и никој не може да објасни, како тоа ВХЛ во последниве 12-3 години е најтешкото гостување на Челзи.
Сериозно. Традиција, океј. Имале незгоден тим, имаат и Сити и Ливерпул, па знаеме после две-три гостувања да однесеме и три бода.
Се менуваат тренери, стручни штабови, се менува цела постава. И повторно исто и повторно Челзи губи/не победува против Тотенхем на гости. Во различни периоди, во различни сезони. Надвор од умот, бре.

.
И за нив можиш истото да го кажиш..како тоа се менува се и сешто ама Тотенхем цела вечност неможи да победи на Стемфорд Бриџ...дури ни кога Челзи лани беше нокаутиран без никакви амбиции а овие се бореа за титула и пак му скинавте бод...јбг таков е фудбалот.
 
Член од
29 јануари 2015
Мислења
7.278
Поени од реакции
20.260
И за нив можиш истото да го кажиш..како тоа се менува се и сешто ама Тотенхем цела вечност неможи да победи на Стемфорд Бриџ...дури ни кога Челзи лани беше нокаутиран без никакви амбиции а овие се бореа за титула и пак му скинавте бод...јбг таков е фудбалот.

Точно, но имаат тие многу повеќе демони низ лигава. Ние имаме два традиоционални. Ливерпул и Тотенхем.

Плус, секој од своја перспектива, Џони. :)
 
Последно уредено:

Џони Вајсмилер

Don't share my food
Член од
15 февруари 2010
Мислења
15.489
Поени од реакции
15.506
Точно, но имаат тие многу повеќе демони низ лигава. Ние имаме два традиоционални. Ливерпул и Тотенхем.

Плус, секој од своја перспектива, Џони. :)
Ама во 2014 му го нанесовте најтешкиот и најболниот пораз во натпревар кој за Челзи беше курташак, а за нив значеше се..суров е фудбалот упичку матер :D
 
W

wicked_1

Гостин
Во основа клубов ќе има добри резултати се додека има добра одбрана,тоа и ќе носи титули на клубов, не некои 10тки и крила.

Ќе пишев пред некој ден дека ни треба Сандро од Јуве или Де Шиљо, а сеа излезе и кромид шпекулација.
Има некаква надеж! :vozbud:
 
Последно уредено:

Mondonico

ВАР експерт
Член од
15 јануари 2013
Мислења
10.105
Поени од реакции
17.952
Во основа клубов ќе има добри резултати се додека има добра одбрана,тоа и ќе носи титули на клубов, не некои 10тки и крила.

Ќе пишев пред некој ден дека ни треба Сандро од Јуве или Де Шиљо, а сеа излезе и кромид шпекулација.
Има некаква надеж! :vozbud:
Јувентус го плати Сандро 25 милиони кога овој и не беше нешто познат, сега може да се каже слободно дека ни е во топ 5 играчи во тимот, а земајќи во предвид дека е лев бек тоа е прилично големо признание. Се на се, сакам да кажам дека освен Сандро сам да си истурка трансфер, не верувам дека ниту луда цена ќе биде доволна за да било кој го купи од Јуве.
 

dragonsky

Hate leads to suffering
Член од
25 декември 2010
Мислења
43.137
Поени од реакции
84.827
Fun fact: Годинава нема ниеден наш играч да игра на афрички куп на нации. Порано пола тим ни идеше на ова :D
 
Член од
16 јули 2010
Мислења
2.979
Поени од реакции
1.937
И Микел ќе бега за Кина изгледа. Мераци :)

Е сега мора да пазаримо нешто озбиљно од кеш на браќа жутаќи
 

Kajgana Shop

На врв Bottom