Најбоље напаѓач ever во премиер! Жал ми е што не заигра за Манчестер, ама сепак респект за говедово, гол машина е мамата негова
и со закаснување, честито Боаш и нека не изводи фантом_икс дека сега не сте врвна екипа
Ај да видиме, можи и во право да си...
Голмани: Чех, Хиларио, Трнбул
Одбрана: Босингва, Фереира, Иванович, Тери, Луиз, Алекс, Кол
Средина: Лампард, Бенајун, Есиен, Рамирес, Малуда, Микел, Жирков
Напад: Дрогба, Торес, Анелка, Стариџ, Калу
Како и МекЕкран, Какута, Ван Анхолт
Голмани: еден врвен голман со врвен талент и двајца опиноци кои можат да бидат максимум број 4 во клуб ко Челзи.
Вкупно: Нешто над просек.
Одбрана: еден десен бек со просечни дефанзивни и малку надпросечни офанзивни способности како и трајно оштетени колена; друг десен бек со обратни карактеристики од првиов како и трајно поминати добри години; добар дефанзивец за десно и централно, нешто надпросечен но не врвен; former great, за жал и натаму е главен; ко бајаги врвен талент, иако никогаш нема да се реализира во врвен дефанзивец, можеби врвен последен везен; добар squad member, инаку добар, нешто надпросечен дефанзивец; 30-годишен лев бек кој се чуствува како да има 45 години.
Вкупно: Добро. И ништо повеќе. А било, и можи да биди многу поарно.
Средина: апла former great, треба на клупа да окапи, ама не е тој крив, да не должам; евреин, former...нешто; расипана бајадера; добар копач; добар, просечен левак, одлична тимска опција но кај нас, ете, е една од главните ѕвезди; талентирано дрво, можда и биди нешто од него; Т`га за Русија.
Вкупно: Дури и фановите на Челзи се смеат на комично-трагичната лакрдија од средина на Челзи.
Напад: животно, би било фантастично кога би влегол во ротација со некој вистински ѕвер од напаѓач во вистинскки години каков шо немаме; види аватар, расипан и скршен ролекс, нема поприкладна слика за него; изгубен алибаба, во времето, во просторот, а и пошироко; о-големиот англиски талент, тури му пепел ко уште не ја користи десната нога а и „силната“ лева му е просечна; просек, јебига, чудо е како опстојува во овој клуб а и рака на срце има свои моменти.
Вкупно: Крајно неприродна и неизбалансирана ситуација.
И ај да собериме се сега бе другарче манс, шо би рекле за тимов? Ни Сент Андре ни Санто Роберто се волшебници. Уствари, чекај малку, шо подразбираш ти под врвна екипа? Ако за тебе врвна екипа е тим со квалитет за 4 место со можност за едно погоре или подолу, тогаш да, Челзи е врвна екипа. Ама работите се поинакви другарче, и проблемот не е во копилето бразилско шо две години не заебава или Кур Агуеро или некој сличен, проблемот е внатрешен и сметам дека Абрамович почна да го решава - паразитите АУТ (Арнесен, Инглиш, Клеман (а имав надеж за овај) и уште многу други). Само истото не се случува и со играчите, попроблематично е со нив, ама можи да тргни и то. А сега, работите се лоши.