Фан Клуб: Челзи

dragonsky

Hate leads to suffering
Член од
25 декември 2010
Мислења
43.084
Поени од реакции
84.736
Најпрвин честитки до фановите на Манчестер Ј. за победата.

Натпреваров не го гледам ама слушам Ширле изиграл ептен добро, па и покрај тоа што не го гледав мечот ќе си признаам дека тоа што го зборев на почеток на сезона за него испадна грешно.
Гледам некои пред мечов мислеле дека можеби и ќе извадиме победа ама реално тешко беше такво нешто за очекување. Сити со победава денеска сами се зезнаа за борбата за титулата во ЕПЛ. Сепак на добар пат се да освојат 2 титули годинава така да и тоа воопшто не е лошо нели. На нас ни остана да се бориме за ЕПЛ и ЛШ. Следи дуел со Евертон во кој што ќе треба да бркаме победа (нормално), две нерешени по ред не изгледаат добро.
Гледам денеска тимов бил некаков чуден ваљда вежбале нешто или кој знае што. Само знам дека оваа постава не сакам никако да ја видам во некој меч од ЛШ.





Поздрав имате од Hot Ice:

Задоволен сум од резултатот затоа што доаѓа во добро време, иако загубивме. Добивме шамар, кој треба да биде многу битен за тимот, и се надевам дека се срамат, од Мурињо до играчите.
Мурињо е делумно крив за мечов зашто излезе по пичка со моментално најдобар состав и вон форма Вилиан, а сепак загуби од измешаниот тим на Сити.
Друг шамар е за играчите, кои откако влегоа во добра форма еве почнаа да киксираат и да мислат дека се шампиони. Луиз по кој пат ќе кажам дека сакам да си иде во лето за 40 милиони. Просечиште.
Другиве и така, и така срамотно просечни беа.
Убав, дисциплински резултат кој се надевам дека ќе го освести тимов.
 
Член од
16 јули 2010
Мислења
2.976
Поени од реакции
1.935
Мечот си го гледав релаксирано. Се едно ми беше дали ќе пројдеме или не.
Повеќе ми беше да видам како ќе се покажат неколкуте играчи што добија шанса.

Реков неколку пати дека на Хазард, Вилиан и Оскар им треба одмор од минимум 2 натпревари бидејќи се цркнати.
Од како почна сезоната тие ја играат секоја факинг минута.
Нивната игра не е квалитетна како порано плус и ризикуваме повреда... за другите двајца може ќе најдеме замена ама за Хазард - НЕ.

Од Микел и Луиз сум разочаран премногу.
За првиот пред месец дена ме убедувавте дека напредувал.
Ниту напредувал ниту ќе напредува. Добрите партии за овие 7 сезони (колку и да се) можат да му се избројат на прсти.
Тежок просек, неможе ни да се помисли а не па да се рачуна на него за некој клучен дел од сезона ако недај боже се повреди некој од Лампард, Рамирес, Матич.

Луиз за централен... никако. Киксер невиден е.
Ако има некоја шанса да е во план како дм, добро. Ако не на лето во Барселона ако се уште го сакаат. Верувајте и 20 мил се премија за развојот што го покажа.

Салах до сега за минутите што ги изигра не покажа апсолутно ништо. Целосно е изгубен. Сетете се само какво деби имаа Мата, Хазард па и Матич.
Веднаш се познава кој играч има потенцијал да биде класа.
Овој колку мене ми се чини може да догура само како замена.

Мислам дека после ова денес што го покажа Рамирес треба да му е јасно дека не е крило и никогаш нема да биде. Има само брзина друго ништо што би требало да има едно крило.

Ширле за што го земавме да коси трева или да обележува игралиште ???

И да ни треба напаѓач.

Тоа е, постот се состои само од критики, ама според ситуацијата сите си ги заслужија.

Лека ноќ.
 
Член од
23 февруари 2011
Мислења
1.320
Поени од реакции
1.277
Заврши ле сезоната нека пакуват куферите Ето, Торес и Ба. Ако некој од них остане и наредната сезона у Челзи, пак нема да имаме резултати. Да купиме еден светска класа напаѓач, да го вратиме Лукаку и уште еден ле да вратиме од позајмица или од академијата боле ме куро само не сакам да ги гледам тиа тројца семкари наредната сезона.
 

JimmyFloydBottleBank

Rimtutituki
Член од
29 ноември 2010
Мислења
6.801
Поени од реакции
8.600
Салах ќе биде феил од траснфер, Мата викавме паѓаше при секој контак, па овој уште поголем слабич од него е.
 
Член од
16 јули 2010
Мислења
2.976
Поени од реакции
1.935
Неколку пати го гледав Чалоба на позајмици, ви гарантирам дека 3 пати подобро ќе изигра од Микел.
Плус повеќе придонесува во офанзива и има добар шут.
Нигерчево знае само да враќа назад, тоа е што има научено за 7 год со врвни тренери и најдобри услови за тренинг.

Ако не освоиме ништо сезонава ќе биде само поради инвалидите во напад. Поголема глупоќа здравје.

Уф како сум напизден. Да не ме сватите погрешно, гајле ми е што испаднавме, туку после ќе јадат гомна како она малото гомно Брујн дека не добиле вистинска шанса во Челзи.
А кога се во игра мислиш дека Каспер го имаш во тим. :)
 

Донев

★★
Член од
9 мај 2008
Мислења
35.597
Поени од реакции
52.425
Далеку од тоа дека не е битно тоа што испаднавме. Битен е ФА Купот. Само јас реално очекував максимум нерешено затоа што Сити се моментално нај комплетниот тим во Англија. Играат одлично и ги напунија сите тимови до крај. Ние два пати ги тепавме, и не гледав како ќе го направиме тоа и трет пат. Не е Пелегрини некој глуп тренер кој нема да знае како да ја смени играта и да победи една од три.
Секако дека тоа не е изговор, ама кога ке се собере и тоа дека на некои играчи им опадна формата и дека треба малце да се освежи тимот кој игра цело време, реален исход.[DOUBLEPOST=1392631979,1392556037][/DOUBLEPOST]Будете се ајде :D
 

dragonsky

Hate leads to suffering
Член од
25 декември 2010
Мислења
43.084
Поени од реакции
84.736
Дури двајца од персоналот сме имале во фан клубов. Машала.

Донев со песна треба да не будиш не со постови.

Се к'ти ноќта црна!
Се р'ти карпа - мрак!
И петли в село пеат
и зората се зори -
над Стемфорд в крв се мие
и Арсенал гние
сино
светнал
ден!

Пробудете се морни
фанови и фановки -
на Челзи
син
народ!
Со дрес на тело
за еден сув гол,
по гостувањата стрмни,
по терените рамни,
у вивналиов ден -
да тргнеме и ние
страдалници од век*

На чичко Роман
земјата ровка, мека,
набабрена за род,
со страдна душа чека.
Постовите ни јаки
со маусите остри
по клубот
пелин
трат!


На работа!
На труд!


Да напишеме тврдо
постовите родни
пцовка, песна, радост,
да бидат благородни.


Oстатокот од поемата "Сини Мугри" на Ширле Рацин може да ја купите во книжарницата "Три" во одделот заедно со "Белешките на Јоси Грејс"

*век=од 2003
 
Последно уредено:
Член од
21 мај 2008
Мислења
10.900
Поени од реакции
11.516
Хаха, во елемент си пак. Добро ти дојде паузава од форум. :D
 
Член од
7 септември 2011
Мислења
3.539
Поени од реакции
4.782
Ајде сега една победа во Сабота за мерак иако тој 13:45 период ни е најбаксуз како што тимот на Евертон ни е :)
 

Kajgana Shop

На врв Bottom