Добро излезе ова коло во целост...
Некој збор за неколку играчи:
Оскар одличен иако не игра на својата позиција, мора наредната сезона да игра по назад во средината, кадешто е многу по ефективен. Одлично ја врзува секоја акција, а и во дефанзива одлично покрива. Друго нешто што ми се допаѓа кај него е одлучноста да шутира надвор од шеснаесетник, што многу ретко се гледа од овој Челзи (што ме нервира). Проблемот кај Оскар единствено го гледам тоа што го спомена на полувремето Давор, но на 21 година со вакви карактеристики да располагаш е одлична работа. Во него гледам „замена“ (прв избор за неговата позиција) за Лампард иако посакував тоа да биде Мек Ехран, но откако се купи овој играч, не гледам никој друг кој би бил подобар за оваа позиција...
Единственото нешто околу него што се плашам е Мурињо (доколку дојде наредна сезона). Не знам како би го прифатил овој тип на играч и мислам дека желбата на Абрамович за инстант успех ќе го потисни Оскар да биде или резерва или за некоја година да не биде во клубот. (Но се надевам дека нема да биде така, дека ќе има време да се покажи способноста на некои од моменталните играчи).
За Луиз не сум воопшто да игра на средина иако е добар на таа позиција, но како дефанзивец е подобар, а верувам дека ќе биде незаменлив. Мислам дека со таков карактер што располага ќе биде одличен капитен и главен во централниот дел на одбраната.
Позицијата ДМФ првично би ја препуштил на Ромеу кој ќе биде одличен тука и Микел којшто дејствува по дефанзивно, Рамирес е исто тука... Оваа позиција е најпокриената што располага клубот моментално (земајќи го и Есиен кога ќе се врати). На добар пат е и Ејк (од досега прикажаното во прв тим и во резервите) па така сметам дека потребно е време да се уиграат овие играчи.
Најпотребно нешто на овој тим му е салам крило (не играч како Мозес), играч од типот на Милер, Шурле, Ројс и одличен напаѓач. (претходно ми се погоди типот на играч што сакав да дојде Хазард, но сакав и Џонсон од Сити )
Лукаку по никоја цена не смее да се даде перманентно. За година максимум две ќе биде феноменален, па затоа според мене треба да се земе некој „постар“ за да може за некоја година да биде заменет од Лукаку. Прв на памет ми доаѓа Ибрахимовиќ, со што Торес ќе остане заедно со Ба. За некоја година па и Феруз да се пробие, да добие шанса во овој тим.... Друга опција за во нападот ми е да се проба формација со двајца напаѓачи, е тогаш би одел на купување на млад напаѓач.
За Марин нема место во овој тим и не ни сакам да има, не е тој играч според мене за тука во овој клуб. Можеби за Де Брујн треба да има шанса но не гледам дека ќе ја добие исто така, особено што има најмалку еден на негова позиција (а за резерва не би прифатил да биде никој не само тој)
Но се ова е само моја замисла, како ќе биде ќе видиме за некое време
![Намигнување ;) ;)](/styles/default/xenforo/smilies/wink.png)