Не знам, смачено ми е од овој клуб. Ја изгубив жарта што ја имав порано пред да почне меч на Челзи, ја изгубив таа љубов спрема Челзи што ја имав, поради одлуки како што беа отпуштањето на Ди Матео, заминувањето на Дрогба. Нови квази клупски политики со никаква логика и право пропорционални на пропаст, лошата политика со младите играчи, ми се згади. Плус, сега нема да има ни нови договори за Лампард и Кол, играчи кои се легенди, кои се клучни за тимот и на тие години, играчи кои го направија Челзи познат како што е денес, и посебно за мене, поради Лампард почнав да пратам ПЛ и да гледам секој меч на Челзи, поради тој играч се појави и мојата љубов спрема Челзи, но како што пошла работава, набрзо ќе ја снема. Никаква почит, никаква благодарност и лојалност не покажа Челзи, гадурии.