Шо да ви кажам, Таљанец си е Таљанец, макар тоа бил и Карло Анчелоти, еден од ретките италијански тренери кој негува технички дотеран фудбал (со оглед на тоа дека и ко играч имал таква фукнкција).
Арсенал и Арсене никако да се свестат, доминантни биле побогу, а напраја помалку вистински шанси од Челзи. Јас не би имал никаков проблем да си подаваат на центарот и по завршувањето на натпреварот доколку Челзи победил, ма до кога сакаат нека си подаваат (само сметките за струја за светлото е на нивен трошок).
Од овој наш тим во годинашнава лига, примарно од сега очекувам да задржи предност од два бода или по можност да зголеми до дуелот на Олд Трафорд. Ако испуштиме предност во меѓувреме, нема враќање, 13 кола не се малку, ама не се ни многу. Додека со предност да се оди на Олд Трафорд, па после се бидува, само со Господ и Банета напред.
Петр Чех заклучно со Арсенал има две фантастични бројки за одбележување: 250 настапи за Челзи воoпшто и 100 натпревари без примен гол исто така во Премиер. :je: