Факт е дека фабриката е во криза, цената на никелот јавно се објавува и нема криење тука, башка и градот не ни е многу голем така да се се разбира за брзо време, не верувам дека работата ќе отиде до крајна мерка за да се стави клуч на фабриката, минатиот пат кога згасна целосно имавме некомпетентна влада нежелна да помогне, имам поголема верба во сегашната гарнитура и сметам дека ќе помогнат ако кризата продолже да расте.
А и клубот пак ич не верувам дека ќе згасне, имаме многу споредни спонзори покрај Фени, еве сега од оваа сезона и претставништво на Фолксваген е спонзор, како шо може да видиме на дресовите, во Јасмин теренот е опколен со реклами од малите бизниси во Кавадарци, така да мислам дека и да се откаже Фени како спонзор пак ќе опстоиме, сеа сигурно со некој потпросечен тим ама подобро нешто отколку ништо.