Eeeee Струмикс, пријателе мој, сега сфаќаш зашто се нервирам кога некои вакви ми кажуваат мене за навивање и љубов на клубот. Тие истите не ругаа кога сме го мавале мајмунот Симиќ, а сега на 3:3 кога сеуште имаат шанса за титула, маваат по своите играчи. Кога победуваа, имаа Самарџиев е најдобар, Прековиќ е мајстор, овој е ова, оној е она, кога зборев за Рајковиќ, што го знам 20 години, ми контрираа дека е добар тренер, а сега не им чинат. Тоа е одраз на „високота„ спортска култура што ја имаат. Неможам да поверувам дека фрлале по свои играчи ееееееееејјјј. „Верните„ навивачи што навиваат од Април 2008, оние што за Фени живот давале, што Фени во срце го носеле, ги маваат своите играчи затоа што изгубиле утакмица, а сеуште имааат шанси да станат шампиони...па уште и ќе имаат доблест да се споредуваат со нас, кои на крајот од сезоната, после толку неуспеси ги испраќаме играчите со огромен аплауз (секако ако гинеле на терен сезоната) и со песна која знаела некогаш без прекин да се пее и по 45 минути.
„И ако не бидеш
Скопје првак ти
Пирамида не жали,
ќе ти опрости,
зашто во срцево
те носиме
и пееме
о еМ-Зе-Те„