Ако веќе се мава, се мава по судии, и тоа по онакви какви што претходниот натпревар го судеа во Струмица...
Знаете...имаат некое специфично слепило во одредени моменти, а понекогаш имаат око соколово...А НИКОГАШ НЕ СЕ МАВА КОГА СЕ ГУБИ!!!!!
Оние кои заслужено победувале во Струмица, биле испраќани со аплауз! Исто и домашните, и во победа и во пораз. Но, после машка игра, каква што несомнено вечерва пружи Фени.
Тоа се вика немање спортска култура. Јас сум сигурен дека 85% од оние фаци кои беа во Јасмин вечерва се позери, кои идат сега на кошарка за да бидат видени, демек јаки сме, шампиони ќе стануваме, сите одат и сл...
Кај нас има малце поголема спортска традиција и култура во најелитните спортски натпреварувања, не само во кошарката, туку воопшто.