Фан Клуб: Славија

P-S-G

ЃОРЧЕ НАД СЕ ДРУГО...
Член од
26 јануари 2009
Мислења
1.087
Поени од реакции
20
^ Честито ''гостинска'' победа изгледа дека во Пржино денес било многу живо и имало што да се види ... Не толку за играта колку за дешавките на терен :helou:... Додека ви се Мандаровци таму 2 лига не гледате најсериозно :helou:
 
Член од
27 ноември 2007
Мислења
30.995
Поени од реакции
74.144

И на терен беше живо денеска :)
Утакмицата беше сто пати поинтересна на пример од Металург-Вардар :)
Иначе заборавив да споменам, голема улога поради тоа што утакмицата доби трето полувреме имаше и судијата. Прво полувреме го отсуди КАТАСТРОФАЛНО на наша сметка. Едноставно не утепа, и секој допир го судеше како фаул за Сан Сити. На крајот како да сакаше да надомести па два пати по ред ни ја даде топката иако реално таа припаѓаше на противникот. И со тоа натправарот се зажустри, се доби многу тензична атмосфера, и при еден напад на Сан Сити, судијата досуди фаул. И сите се наредија за Сан Сити да изведе фаул, и овој ја смени одлуката во фаул за Славија (иако искрено беше фаул за нас), и тука дојде до мешаници, пцуења, по што на крајот само се расчистуваа сметките :wink:
 
P-S-G

ЃОРЧЕ НАД СЕ ДРУГО...
Член од
26 јануари 2009
Мислења
1.087
Поени од реакции
20
Во каква роднинска врска се на Славија газдата Мандар со играчот на Сан Сити :helou:
 
Член од
27 ноември 2007
Мислења
30.995
Поени од реакции
74.144
Во каква роднинска врска се на Славија газдата Мандар со играчот на Сан Сити :helou:
Чичко му е или вујко ама не се баш во најдобри односи...
Мандаровски младиот играше во ЈСП едно десетина години а може и повеќе, и кога дојде постариов да биде газда на тимот ја оплескаа работата, и Илија Мандаровски (младиот), го создаде ФК Драчево...
Па тие утакмици изобилуваа со инциденти, особено жестоко поминаа нашите кога за прв пат гостува таму.
Потоа Драччево остана на друг член од нивната фамилија, а Илија премина во Сан Сити кој истотака го држи член на фамилијата Мандаровски :)
 
Duduk

Korg Maniac
Член од
8 јули 2009
Мислења
953
Поени од реакции
99
Мандаровци ја создадоа цела трета лига бе :vozbud:Еве го едниов Мандар е во Лисиче сега Спортски Директор, а сега точно кој, незнам, многу ги има... :angry3:
 
Член од
2 јули 2007
Мислења
465
Поени од реакции
39
Мандаровци ја создадоа цела трета лига бе :vozbud:Еве го едниов Мандар е во Лисиче сега Спортски Директор, а сега точно кој, незнам, многу ги има... :angry3:
Мандаровци се од Лисиче колку што знам. А кога Братсто-Едииство(Горно Лисиче) беа победници во трета лига, а подоцна играа и во втора лига под името Техноком, тогаш тренер на Техноком беше Мандар, сегашниов газда на Славија. А во Техноком играа Илија Мандаровски, Јане Павловски-Тица, Дејан Ристовски (4/5 сезони играше во Вардар), а мислам дека и Кметовски беше дел од Техноком дур играа во втора лига. Имам една тимска фотка од Братство-Единство од тоа време.
 
Член од
27 ноември 2007
Мислења
30.995
Поени од реакции
74.144
Мандаровци се од Лисиче колку што знам. А кога Братсто-Едииство(Горно Лисиче) беа победници во трета лига, а подоцна играа и во втора лига под името Техноком, тогаш тренер на Техноком беше Мандар, сегашниов газда на Славија. А во Техноком играа Илија Мандаровски, Јане Павловски-Тица, Дејан Ристовски (4/5 сезони играше во Вардар), а мислам дека и Кметовски беше дел од Техноком дур играа во втора лига. Имам една тимска фотка од Братство-Единство од тоа време.
Не сум сигурен дали потекнуваат од Лисиче ама знам дека Мандар (нашиот) поголемиот дел од својата кариера и играчка и тренерска ја има поминато во Техноком денешно Горно Лисиче. Мандар е легенда таму, ама откако ги напушти и тие го замразија али сепак се врати во екипата како спортски директор оваа година...
Мислам дека како фамилија потекнуваат од Драчево. Илија Мандаровски е од Драчево, а моментално Мандаровци нашиве ако не се лажам живеат во Кисела Вода. Сепак фамилииве мешѓу себе се сите искарани (бар така ме информирале).
Порано ЈСП имаше најака екипа во лигата ама бидејќи немавме пари, секогаш ги продававме утакмиците и завршуувавме трети или втори.
Се знаеше, во пржино никој немаше шанси да дојде до бодови, а на гости лесно стигавме до победи на сите места. Играчите беа воглавно врабоотени во ЈСП (што шофери што механичари), и беа цврсти момци кои не подлегнуваа на притисоци. На голот имавме еден голман кој потоа замина во Швајцарија да брани и искрено не му се сеќавам на презимето, ама нема да заборавам како постигна гол од гол на гол :)
Во одбраната ни беа се легендарни играчи. Можеби за вас се непознати али сите што барем еднаш гледале утакмици во трета лига север, слушнале за Зоран Сурлов - Сурла како и за Јордан Кечовски - Јорџо кој исто играше и во средината на теренот. Првиот легенда на Пржинскиот и Бутелскиот фудбал, вториов откако замина ЈСП прејде во Лепенец и таму газеше со години, за оваа година да биде тренер/играч на Сан Сити, и двајцата убијци по професија :icon_mrgr
Една сезона во тимот беше и Кралевски кој беше на позајмица од Работнички, а сега е лидер во одбраната на Металург. Друг дефанзивец беше токму Илија Мандаровски. Целата одбрана ни беа столбови и никој не се ни осмелуваше да влезе во наш шеснаесетник :icon_mrgr
Во средината мотор беше, Окле, кој сега игра за Лисиче. Маестрален играч, мама ебаваше заедно со Ајдин Беќировски кој дојде како засилување од Башкими и долги години се задржа во Пржино, а откако дојде Мандар беше единствена светла точка во нашиот тим, едноставно беше задоволство да се следи како игра. И двајцата знае да дриблаат, кинеа по страна, даваа одлични голови, неколку и со пета. Во нападот играа Живко Јанкуловски, единствениот фудбалер од Пржино, и некогаш голема надеж на Вардар (незнам колку е точно али се збори дека играл против Бордо и бил директен опонент на Зидан). Мајстор за слободни удари, најсилен шут што некогаш имам видено, бапнуваше голови од 100 матра. Другите двајца напаѓачи беа истотака ѕверови. Едниот Зоран Србиновски ака Савичевиќ, сега помошник во ССК, а другиот Давор капинковски, кој во своите најдобри години во ЈСП замина во Скопје и во тогаш силниот Балкан, за потоа да зарабпоти тешка повреда по која се врати со сто кила повеќе. И покрај тоа, сеуште настапуваше за Лепенец, а лани беше најдобар поединец на ФК Раштак...
И тука мора да го споменам играчот, по чија повреда тргна се на лошо. Имавме едно младо Босанче, што мислам дека играше бек или крило и газеше. Неможеа да го стигнат никој и секогаш беше еден од најдобрите, презимето му беше Шукурица. Али откако му ја скртшија ногата на гостувањето кај Лирија, не го видов веќе никогаш...
Се се тоа легенди на третата лига, кои откако дојде мандар за спонзор ги отпушти. Поголемиот дел од нив заминаа во ФК Драчево, а меѓу нив беше и Илија мандаровски. Првата средба таму изобилуваше со многу инциденти. Многу публика, нашиве млади фудбалери лапнаа по некој шамар пред утакмица и тоа од искусниот Чолаковиќ и се усраа и изгубивме 2-0. Помоѓничката на тој меч беше погодена со камен во глава и се откажа од судењето. И кај нас не беше помирно. Многу инциденти, тпачки, а особено мечот го одбележа токму тепачката мешу Мандар наш и Илија. И така после неколку години, Мандар младиот премина во Сан Сити, клуб кој истотака е оформен од друг Мандар кој е во добра корелација со нашиов...
 
Duduk

Korg Maniac
Член од
8 јули 2009
Мислења
953
Поени од реакции
99
Мандаровци се од Лисиче колку што знам. А кога Братсто-Едииство(Горно Лисиче) беа победници во трета лига, а подоцна играа и во втора лига под името Техноком, тогаш тренер на Техноком беше Мандар, сегашниов газда на Славија. А во Техноком играа Илија Мандаровски, Јане Павловски-Тица, Дејан Ристовски (4/5 сезони играше во Вардар), а мислам дека и Кметовски беше дел од Техноком дур играа во втора лига. Имам една тимска фотка од Братство-Единство од тоа време.
Не потекнуваат од Лисиче тоа сигурно. Пошто јас сум од таму и сигурно до сеа не се чуло, точно е дека овој Мандар што е сега во Лисиче (директор) беше тренер на Екс Братство Единство и Техноком.
Љупчо Кметовски, Јане Тица, Саше Јанев, Дејан Ристовски, Аце Недев (екс играч на Славија), и многу други коа ќе ми текне ќе ги пишам играчи играа во тогашен Техноком 94/95 год сезона.
 
P-S-G

ЃОРЧЕ НАД СЕ ДРУГО...
Член од
26 јануари 2009
Мислења
1.087
Поени од реакции
20
Значи порано во 3 лига да играш си требал да си фудбалски криминалец на терен :vozbud:. А како Сан Сити игра во Пржино ако се меѓу себе скарани Илија и Мандар на Славија (како се вика Мандар на Славија ако знаеш?) :toe:??? Јане Тица играч бил порано :vozbud:. Ова првпат го слушам хахахаха
 
Абе одбраната ни беа само килери, другиве арни си беа :)
Се дешаваше судијата да досуди корнер за противникот, а Илија да си ја земе топката и да си изведува гол аут. и така ќе се убедуваат некое време и на крај гол аут :pos:
Пошто на гости јадевме ќотек кога ќе дојдеа овде, Сурла ги чекаше во шеснаесетник и кој ќе влезе, ќе го акне во јајца, ќе му здене бокс ама тоа само во ептен одмазниќки мечеви. Иначе при корнери правеше мајсторски фаули кои не се судеа. Ги фаќаѓе противниците за маица, им ја влечеше надоле, и кур што ќе скокнат :pos:
Заборавив уште еден кој би требало да ти е познат. На Џамбо што често се врти во кафаната кај вас на стадион, не Ѕвонко, тууку другиот буцко, овој му беше син, Џамбо јуниор. Каратист беше, и лом ги правеше противниците, особено ќе се памти кога игравме за куп со ФК Скопје. Али ја имам раскажувано така да нема да се повторувам :)
Често имаше утакмици кои беа прекинувани со општи тепачки, сега веќе не е така, пошто тие што играат валкано, после излегуваат пички и на гости праќаат 15-годишни деца да играат.
Инаку нашиот дрес го носеше и судијата Димитар Мечкаровски и тоа неколку години. Кога бев помал пошто бев најзапален и не пропуштав меч на домашен, често ми ги посветуваше головите :pos:

Иначе Илија Мандаровски игра за Фк Сан Сити ама газдата е друг Мандар, брат на нашиов, и брат на татко му на Илија. Овој мандар што е газда на Сан Сити е во одлични односи со нашиов, и затоа играат тука. Додуша на почеток на сезона, имнаше компликации и они до пред некое коло играа во Арачиново. Али на мечот со Шкендија се искарале со шипоиниве и пак се вратија овде.
Нашиов Мандар се вика Никола Мандаровски - Бакли...

Иначе во моментов играме пријателска со вардар генерација 1993, ама пошто сум болен неможев да отидам. Во претходново коло Алумина изненадуваќки славела во Слупчане кај Беса, по што сеуште се пред нас на табела, а тоа ќе остане така и во следното коло бидејќчи дома го пречекуваат Драчево, кој е закопан. Ние играме дома со Братство Љубин и се очекуваат нови три бода...
 
Член од
2 јули 2007
Мислења
465
Поени од реакции
39
Еве ја фотката од Братство Единство, кога тренер бил Никола Мандаровски, сегашниот претседател на Славија.
 
Duduk

Korg Maniac
Член од
8 јули 2009
Мислења
953
Поени од реакции
99
Ете го Тица доле лево :pos2: од кај ти се овие слики жити се.. Точно е дека имаат историја во Г.Лисиче ама не се Лисичани.
 
Член од
2 јули 2007
Мислења
465
Поени од реакции
39
Ете го Тица доле лево :pos2: од кај ти се овие слики жити се.. Точно е дека имаат историја во Г.Лисиче ама не се Лисичани.
Фоткава е од книгата Скопски фудбалски клубови, за жал го немам оригиналот, ова е фотокопија. Интересна книга, иако заприметив грешки (пример Влае е оформен 1974 или 75), а и фалат некои клубови, но само мал дел. Сепак се дадени сигурно над 150/200 клубови (ги немам броено) кои егзистирале на територијата на Скопје, од 1911 до 1993 година.
 
Duduk

Korg Maniac
Член од
8 јули 2009
Мислења
953
Поени од реакции
99
Фоткава е од книгата Скопски фудбалски клубови, за жал го немам оригиналот, ова е фотокопија. Интересна книга, иако заприметив грешки (пример Влае е оформен 1974 или 75), а и фалат некои клубови, но само мал дел. Сепак се дадени сигурно над 150/200 клубови (ги немам броено) кои егзистирале на територијата на Скопје, од 1911 до 1993 година.
Јако јако, дај некој примерок да видиме.. да ја качиш на нет нешто или фотокопија
 
Член од
27 ноември 2007
Мислења
30.995
Поени од реакции
74.144
Фоткава е од книгата Скопски фудбалски клубови, за жал го немам оригиналот, ова е фотокопија. Интересна книга, иако заприметив грешки (пример Влае е оформен 1974 или 75), а и фалат некои клубови, но само мал дел. Сепак се дадени сигурно над 150/200 клубови (ги немам броено) кои егзистирале на територијата на Скопје, од 1911 до 1993 година.
Има ли нешто за Славија???
Мандар кога гостуваше на една емисија на атв канал, мавташе со една книга во која пишуваше дека стварно сме оформени во 1919 :)
 
Kajgana Shop

На врв Bottom