Одлична утакмица денеска во Пржино.
Сан Сити-Славија 1-2 (0-1)!!!
Дербито на колото, а воедно и локално дерби пошто Сан Сити ги игра утакмиците на нашиот стадион привлече голем број на Пржинска публика. Околу 200 гледачи од кои 95% фанови на Славија го проследија мечот и помогнаа Славија да стигне до победата.
Мечот почна одлично. Нашиот состав иако ослабен поради неиграњето на Бојан Јакимовски, како и двајцата позајмени од Скопје, Маџовски и Божинов, почна одлично. Веќе во првите минути, Ѓошев закачи еден отпадок и стрелаше за 0-1. Радоста беше огромна, стрелецот на голот, се затрча накај нас и направи добро салто
Се е снимено така да до полусезона треба да ставам клиповите...
Нашите заиграа уште подобро, а Сопиштанци неможеа да сврзат две подавања. Ние напаѓавме ама без многу шанси. Имавме уште по некоја полушанса во првиот дел ама без реализација.
Вториот дел почна со иницијатива на Сан Сити. Имаа некоја полушанса ама ништо особено. И тогаш направија старт некаде 20 метри од нивниот гол, по што Денис Миленов стрелаше за 0-2. И кога сите мислеа дека е готово во игра влезе Илија Мандаровски нашиот екс фудбалер, (од времето на ЈСП, убиец по професија :icon_mrgr). Неговото влегување како да влеа страв во нашите редови а и нашиве бајаги се опуштија. Напаѓаше Сан Сити и по една грешка на одбраната намалија на 1-2. И тогаш запнаа бајаги но по една наша контра и старт одзади нивниот дефанзивец Кравченко заработи црвен картон.
И таман мислев готово е тука, Мандаровски имаше одлична шанса но не израмни. Ние имавме нови шанси за зголемување на водството, но нашите напаѓачи иако неколку пати излегоа сам на сам со противничкиот голман, резултатот остана непроменет.
Едвај се чекаше крајот, и кога свирна судијата се славеше како да е освоено СП.
И тогаш се случи и третото полувреме. Мандаровски бараше некоја своја оравдина, и урлаше како требало оввој меч да им го пуштиме, се закануваше на кого стигне, но полицијата а и неговите соиграчи го смируваа.
Без потреба овој меч доби други димензии иако се работеше за дуел на играчи кои меѓусебе одлично се познаваат, а и нивниот штаб е во роднинска врска со нашиот.
На трибините одлична атмосфера. Се навиваше чат-пат, тапанот ни отиде насред утакмица али во секој случај атмосферата беше многу пожива отколку на многу утакмици од прва лига....