Летото 2025 ќе се игра новиот концепт на Светското клупско првенство, што ќе биде пак можеби малце "glorified friendly" турнир, ама мене лично ми е симпатично и си има историја овој турнир.
Секако, ќе биде полесно да се освои(т.е. пласира) од 2025 натаму, ама сепак, титула тука ќе си има свој престиж, барем во моите очи, а мислам и понатаму турниров ќе стане попопуларен, особено што ќе се игра еднаш на 4 години.
Е сега што ми е муабетот мене..
Мурињо со настапите во Европа, ве донесе на чекор од тоа да играте на Светското клупско првенство!
Освен ако не освоите ЛШ догодина (што ваљда нема
) тогаш шансата за да играте на ова ќе биде..да бидете едни од топ 8 најдобро рангирани УЕФА екипи кога ќе се земат резултатите од 2021/22, 2022/23, 2023/24 и 2024/25
А вашите резултати во 2021/22 и 22/23 се: 23.000 поени и 22.000 поени.
Со оглед на тоа што Манчестер Јунајтед во 2023/24 освои само 7.000 поени, и со оглед на тоа што во 2021/22 и 2022/23 единствени екипи подобри од вас се: Манчестер Сити (ќе игра на првенството како ЛШ шампион од лани), Баерн Минхен, Реал Мадрид (ќе игра како ЛШ првак во 2021/22), и Челзи (ќе игра на првенството како ЛШ првак од 2020/21), тоа значи дека речиси сигурно ќе играте на Светското Клупско Првенство!
Тука се екипи како ПСЖ, Ливерпул , Манчестер Јунајтед и Интер како подобри од вас, ама Јунајтед годинава ќе го прескокнете многу веројатно, а од екипите зад вас шанса да ве стигнаат имаат Барселона, Дортмунд и Атлетико Мадрид.
Што значи дека поради КЛ титулата и ЛЕ финалето, многу веројатно ќе бидете едни од 12 преставници на УЕФА на Светското клупско првенство, освен ако ептеееен не зафркнете работа оваа или следната сезона. (а 99% ќе играте во Европа догодина, макар и во КЛ, што би требало да донесе доволно поени за ова)
(забелешка, можно е да сум малку грешка и да се сметаат и резултатите од 2020/21 наместо 2024/25, ама отом потом)